лично проверив по координатите,на тоа место постои ваква сенка
ФОТО+ВИДЕО: Вонземјанин на Месечината?
Петок, 15 Август 2014 16:55
Снимка од Месечината постави многу прашања кои научниците се обидуваат да ги одговорат.
На снимката може да се види мистериозна сенка која е снимена на површината на Месечината.
Претпосавките дека сенката е на вонземјанин започнале веднаш кога била прегледана снимката. Имало и такви кои сметале дека сенката припаѓа на човек кој слетал на Месечината, но сепак таа претпоставка била далеку поневозбудлива.
Научникот Ноа Петро кој е дел од проектот кој го следи движењето на вселенските летала изјавил дека оваа снимка ја снимил или Аполо 15 или Аполо 17, кои биле лансирани на Месечината во 1972 година.
Неговто објаснување е дека сенката е всушност прашина или гребнатинка која се наоѓа на негативот.
Пареиодолија, е психолошки феномоен кој дава објаснување зошто оние кои ја гледаат сликата мислат дека на неа сеа наоѓа жив организам.
Станува збор за феноменот каде на случајните стимуланси им се дава важност, особено кога станнува збор за звучна или визуелна перцепција.
Најчесто се случува човековото око да забележи непозната појава која ќе ја изедначи со облик на предмет со кој веќе се има сретнато и запознаено.
Погледнете го видеото:
http://kurir.mk/svet/vesti/168707-FOTO VIDEO-Vonzemjanin-na-Mesecinata