Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Имаш некој проблем што Македонија е библиска земја?

:vozbud::vozbud::vozbud:
:pos::pos::pos:

:tapp::tapp::tapp:[DOUBLEPOST=1404737382][/DOUBLEPOST]
Тоа се истие луѓе кои живеат во имагинарен свет дека ќе направат кариера, не зборам за македонија, зборам и за надвор. За да чуваш и имаш деца, треба да сакаш да имаш, а и самите направите услови , а не сте зинале само за државата

Колку си контрадикторен самиот на себе. :facepalm:
 
Не знам, Австралија не сум бил:ROFLMAO: (до Марибор само ) ама моите роднини таму огради немаат. Само позади, прописот заради базенот.
базенот :cool:
 
Последно уредено:
Не знам, Австралија не сум бил:ROFLMAO: (до Марибор само ) ама моите роднини таму огради немаат. Само позади, прописот заради базенот.
базенот :cool:
Македонците од Чаир можат комотно да не ставаат огради. Никаква ограда нема да го спречи "случајно" залутаниот куршум, да заврши у шофершајбна, фасада, прозор....
Никаква ограда нема да ги спречи албанските ловечки дружини да му го претепаат детето, на пат накај дома.
Никаква ограда нема да спречи, "случајно" да му избие пожар на кафирот...
Но, кога го маваат со камења, додека седи у двор, ако е оградата полна, може да се засолни привремено позади неа.

Најинтересен е одговорот од полиција кој се добива при пријавување на вакви случаи:
- Не сум ти ја телохранител на тебе.
:tapp:
 
Дискутираш за нешто што не знаеш. Опасните квартови во големите метрополи обично се наоѓаат во центарот или близу центарот. Во Белин непријатните места се наоѓаат веднаш до центарот, во Франкфурт исто во центар кај главната железничка, во Атина е кај главниот плоштад, а Париз скоро пола град е многу небезбеден.
Дали си бил во некој од овие градови и си шетал така навечер или не си искусил?
Оти ако не си бил и не си искусил, муабетов твој е релевантен колку и снегот што падна во девеесчетврта.
Ако си бил малце по светот и си прошетал и посетил различни места, може да дебатираме и да споредуваме. Ама ако најдалеку што си бил се Белград, Софија и Полихроно, тогаш постовиве твои се како по канта да тропаш.... празно одекнува.[DOUBLEPOST=1404752148][/DOUBLEPOST]
Тоа ме запрепасти :D
Едноставно, што и да му одговориш, побудала ќе испадниш.
 
Паметните и образуваните луѓе знаат дека стапката на криминал се мери според бројот на сторените криминални/кривични дела на 100,000 популација, а не дали и каде полицијата влегува.
Исто така паметните и образуваните луѓе знаат дека ако сите таксисти ги знаат криминалците, а сите полицајци кафаните, ништо не бива од таа полиција
 
Според стапката на криминал на 1000 жители (total crimes per 1000), Македонија има помала стапка на криминал од скоро сите ЕУ-земји, САД, Нов Зеланд, Канада, Исланд, Швајцарија итн.
Закон си. Швајцарија, Исланд, Канада се најбогати и најсредени земји во било кој поглед. Дури и на развиените им е срам понекогаш кога треба да се скријат пред нив, а ти овде најде Македонија да ја споредуваш со нив.
 
.....Децата не ги направив, затоа што државата ме лажела или затоа што чувствувам обврска спрема истата да ги направам. Ги направив , затоа што така сакам и супер ми е....

Ај не ги лажи луѓево и кажи ја вистината зошто си се решил на многудетно семејство :D. Кажи им дека белата раса е во изумирање и дека најчистата бела раса, Македонецот, е скоро готова. Сериозно, сум чул секакви изговори за враќање на наталитетот, али ова ми беше нај. Само биди директен со луѓево, нема потреба да им филозофираш за традиции, семејство, вредности, инвестиции, економија, уште помалку, живот надвор од МК.

Проблемот е друже, си се опнал на темава да ги учиш луѓето како да водат подобар (твој) лајфстајл, демек најдобро ти оди од сите овде. Кој е факторот за среќа? Деца? Знам многу родители кои зажалиле што имаат деца. Сум видел парови без деца кои никогаш не се осетиле како нешто да им фали и се комплетно среќни. Џабе ни продаваш овде слама кога среќата и радоста секој ја мери поинаку, во сооднос со нивните лични системи за вредност и исполнетост, кои, reality check - не се, и не мора да бидат, исти како твоите.

Луѓе не заминуваат од државава заради тоа што наишле на првата испакнатина на патот што го нарекуваат живот, овде во МК, и се сопнале малце. Нити е секогаш прашање на само еден, посериозен проблем. Маката е кога сериозни проблеми од различни аспекти од животов ќе ти се насоберат на куп, па доволно очаен си за да заминеш. Одредени проблеми одамна постојат овде. Може да ја обвинуваме сегашната власт, претходната, Југославија, Цацко, менталитетот итн. ама реалноста е дека тие проблеми одамна постојат и никој не ги средил до сега. Некогаш и не затоа што немало желба, но затоа што е невозможно да се средат. Некој на време не мислел, па сега ќе сука ракави (или друг ќе сука за него), и тука има дел објаснение за денешницата.

Гледам ептен критичен си за младинава. Шетала, трошела, искачала во град, се ебавала кај стигне, немале деца итн. - Зошто одма неа да ја кривиме? Си се замислил каде подлабоко лежи проблемот? Не е ни толку до родителите, јас ќе речам глобалното општество кое има корени скоро сегде денес. Едно е кога медијата промовира одредени лајфстајли, дел луѓе ќе се навлечат, се идентификуваат со нив, стануваат нешто за кое гледале role-model. Поп-културата е таква по обичај. Создава селебрити примери и или ретко ги слави нивните доблести, почесто нивните маани ги третира како доблести или нешто кул и шокантно (а денес шокантното како дефиниција се прелева во кул). Од тој системи мрежа можеш да видиш како не само кај нас, туку и кај другите, се создаваат слични лајфстајли.

Кога селебрити бичез можат да стапат во брак и наредниот ден да се разведат, зошто да не може бе и некоја просечна Њујорчанка? Ако може некој познат како Елвис да биде поврзан со Лас Вегас, и ред други фаци да се коцкаат таму, зошто некој да не може да удри на коцка, ако има доволно минимум пари да вложи за нешто? Ако некоја целебрити прави порно видео и излегло преку упс-потег на интернет, зошто да не стави и некој просечен човек такво нешто? Примерите се бескрајни, мислам дека сфаќаш на што целам.

Медијата тука ги помага работите. Кога имаш реалити шоуа (Big Brother, Jersey Shore, Фарма..) каде се промовира моронизам до коска, идиотизмот се слави, пијанчењето додека џигерот ти цркне, па и дрогирање, тепачки за банални работи, промискуитет итн. - и кога истите срања буквално ги има на секој канал, некогаш го доминираат телевизискиот портал, што очекуваш да се случи? На 20 и кусур годишни луѓе кои се отпишале од факултет за да идат на Big Brother ли ќе ги учиш за животот и создавање деца? Ќе ти се изнасмеат у фаца. Отидени се веќе тие.

А со сила новите генерации да ги правиш нешто што не можат да бидат и тоа не бива. Треба да си дојде само. Вложи во децата колку можеш, ќе остане на нив како ќе си ги усмерат животот. Ти кажувам како нечие дете на родители, кон некој кој е сега родител - Биди скромен со очекувањата, зошто многу, ти гарантирам, многу ќе жалиш во иднина. Сите кои имаат деца и што се претерано самоуверени дека "кај нив ќе се одигра поинаку приказната, и ќе биде како што кажале" стојат на ред да си ги изедат зборовите за деценија-две.

Цртам, читам книги, пишувам, се интересирам за разно разни теми, сакам поезија, театар а и опера, работи кои никогаш не ме терале моите да ги научам, развивам или да ги ценам, но сепак се случило. Без притисок за барање таленти кај себе, или културно да се градам, се дошло само по себе. Но создаваа притисок за други работи и не им издржа на крај. Разочарување или не, воопшто не е битно. Ни јас, ни некое други дете треба да го гледа како тоа. Не постоиме на овој свет за да ги задоволиме очекувањата на родителите. Туку своите. Е сега, ако имаш среќа како родител и во своето раснење на тие деца, сами ќе направат нешто од себе и своите очекувања па да те направат горд.

Се согласувам делумно со некои работи што ги имаш кажано, ама малку претеруваш, и напињаш со тоа како ти го имаш избраноо најправилниот пат во животот. Секој би го иритирало истото.
 
Последно уредено:
Ти изгледа подалеку од Марибор не си излегол. Во Париз, Франкфурт, Берлин, Мадрид итн. постојат цели квартови во кои не само што не смееш да се движиш, туку не смееш ниту со јавен превоз или автомобил да поминеш.
Брат на шо дрога си, дај кажи и јас сакам да го гледам тој твој РОЗОВ СВЕТ. Кисче , поз nwa
Песна до тебе:
Тони Зен -Скопје мој град
 
Брат на шо дрога си, дај кажи и јас сакам да го гледам тој твој РОЗОВ СВЕТ. Кисче , поз nwa

Можеби не е на некоја дрога, можеби го гледал филмот Б-13 па му се прават некој болни филмови за западот.
 
Можеби не е на некоја дрога, можеби го гледал филмот Б-13 па му се прават некој болни филмови за западот.
Не, он не гледа такви филмови за банди, терористи и.т.н, он ги гледа во живо овие денови во Ск. Иначе мислам дека преферира повеќе серии, а најомилена ќе да му е Округот Оринџ, знаеш плажа, бродови она ова. лол
 
Не се срамоти повеќе. Стапката на криминалитет се одредува според бројот на криминални/кривични дела (убиства, силувања, кражби, тешки кражби, насилни напади, кражби на возила итн.) на 100.000 популација, па така се прави компарација меѓу стапката на криминалитет во различни држави. Гледаме дека и во многу мали места на запад, универзитетски градови со големина како Пехчево, се случуваат масакри на случајни минувачи. Македонска студентка беше убиена во мало место во Флорида додека си возела велосипед.

За криминалот во Берлин и нападите и убиствата од омраза: http://www.spiegel.de/international...ighlights-intensifying-violence-a-861782.html

За криминалот во Прага: http://www.praha.eu/jnp/en/life_in_prague/public_safety/rising_crime_in_prague.html

Vo Melburn imali 2921 napadi vo 2010 godina: http://en.wikipedia.org/wiki/Crime_in_Melbourne
Колку што памтам и сред англија исламисти со сатар заклаа англиски војник,така да не постои место во европа што нема свој Чаир, па дури и бетер. Патем мислам дека повеќето се млади што не се сложуваат со тебе дека децата се на прво место. Но нема потреба од објаснување него на 50 и кусур години ќе му останат сеќавањата од Париз, Берлин итн ама ќе нема на кого да му ги раскажува. Доста печалбари се вратија да ја поминат староста во мк но кога ќе ги видат нашите пензионери како си ги шетаат внучината дури тогаш сваќаат во животот кој дел го пропуштиле.[DOUBLEPOST=1404813769][/DOUBLEPOST]
Не бе уште 500 страни да се напишат, комуња
емакедонците ќе си останат исти, само ја црпете омразата да прикажувате дека се е бетер и од Сомалија. Сте седнале и само тролате, причините што нема деца во школите кај ги барате во државата, а сами знаете во која држава живеете и сте се родиле во 90-те, тогаш државата немаше можност да им пружи многу на граѓаните, а политичаите ја дотепаа. Само незнам како го поврзувате деца со држава, политичарите ли ви ги праат децата. Цивкате дали сте способни да им пружите убав живот, па прашајте се и сами дали сте живееле богато тогаш. Многу паметни, па и децава ги планирате, зошто не сте женети и мажени а работите и имате примања, неможете да си најдете идеални партнери, па на 30 години и нагоре се помалку и ќе си најдете пошто веќе ви ги земаа, а и деца не се чуваат од 35 години нагоре. Тоа се истие луѓе кои живеат во имагинарен свет дека ќе направат кариера, не зборам за македонија, зборам и за надвор. За да чуваш и имаш деца, треба да сакаш да имаш, а и самите направите услови , а не сте зинале само за државата.
А незнам претходниве соговорници колку се изненадени како се живее денес кај нас. Ја кога одев средно во Скопје, 90-години немаше тепачки во автобуси, си праќавме љубовни погледи, со останатите етнички заедници. Во муабетиве се правите дека баш сега е отров држава, сега не се живее. А во 1996 година не се иселуваа граѓани, мојот најдобар другар од детството си замина за Њу Џерси, зошто фирмите на неговите родители пропаднаа. Сега ја кажувам дека треба сами да си ги фатиме работие, они пак зинати и обесуваат државата, државата !!!. Па на Германија, Американците и Русите им и помогнаа да биде тоа што е денес???.
Човек треба да се чуди, колку ви се полни устите со омраза и потценување на својата држава и можностите на Македонците и граѓаните кои живеат во Македонија.
И нивните родители да биле себични како нив и они денес не би постоеле и не би пишувале

10492572_10202511256641677_1242755420257305547_n.jpg
 
Последно уредено од модератор:
Патем мислам дека повеќето се млади што не се сложуваат со тебе дека децата се на прво место. Но нема потреба од објаснување него на 50 и кусур години ќе му останат сеќавањата од Париз, Берлин итн ама ќе нема на кого да му ги раскажува. Доста печалбари се вратија да ја поминат староста во мк но кога ќе ги видат нашите пензионери како си ги шетаат внучината дури тогаш сваќаат во животот кој дел го пропуштиле.
Кои се тие вратени печалбари-пензионери кои нешто пропуштиле. Ако некој живее квалитетен живот на овој свет тоа се тие, заслужено разбира се.
Имаат пензии над 1000 евра сите, деца со работа најчесто во странство добро стоечки, сите имаат стан таму и стан во Македонија, на одмор одат колку сакаат и кај што сакаат, за здравство и лекови ич не му ја мислат за разлика од нивните врсници некаде. Дури и во Македонија од роднините внуците им се ,,лижат,, за бакшиш да добијат да одат на кафе или во кладилница. Кога ќе влезат во продавница ич не се претесњаваат дали и што да купат пошо нема да им стигне пензијата до крај на месец.
Таква идила каква што имаат печалбарите-пензионери нема никој.
 
Кои се тие вратени печалбари-пензионери кои нешто пропуштиле. Ако некој живее квалитетен живот на овој свет тоа се тие, заслужено разбира се.
Имаат пензии над 1000 евра сите, деца со работа најчесто во странство добро стоечки, сите имаат стан таму и стан во Македонија, на одмор одат колку сакаат и кај што сакаат, за здравство и лекови ич не му ја мислат за разлика од нивните врсници некаде. Дури и во Македонија од роднините внуците им се ,,лижат,, за бакшиш да добијат да одат на кафе или во кладилница. Кога ќе влезат во продавница ич не се претесњаваат дали и што да купат пошо нема да им стигне пензијата до крај на месец.
Таква идила каква што имаат печалбарите-пензионери нема никој.

Мојве 6 месеци во Австралија живеат, 6 месеци во Македонија и тоа Македонија им е база да си се шетаат низ европа... Приватно осигурани со медивек полиса од македонија. Ако недај боже нешто големо им се случи со медицински авион да бидат пренесени некаде каде што треба да се изврши зафатот. Неколку години веќе вака и супер им е :)
 
Мојве 6 месеци во Австралија живеат, 6 месеци во Македонија и тоа Македонија им е база да си се шетаат низ европа... Приватно осигурани со медивек полиса од македонија. Ако недај боже нешто големо им се случи со медицински авион да бидат пренесени некаде каде што треба да се изврши зафатот. Неколку години веќе вака и супер им е :)
Тоа е веќе 99% ретко кој може да си го дозволи и на западот а не во Македонија.
 
Тоа е веќе 99% ретко кој може да си го дозволи и на западот а не во Македонија.

Toлку вредат... Се потрудиле за да бидат во таа ситуација.. И во Македонија има луѓе што земаат 2-3,000 евра плата па можат да си дозволат многу работи...

Сиромашни и побогати има во секоја држава и сегде...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom