.....Децата не ги направив, затоа што државата ме лажела или затоа што чувствувам обврска спрема истата да ги направам. Ги направив , затоа што така сакам и супер ми е....
Ај не ги лажи луѓево и кажи ја вистината зошто си се решил на многудетно семејство

. Кажи им дека белата раса е во изумирање и дека најчистата бела раса, Македонецот, е скоро готова. Сериозно, сум чул секакви изговори за враќање на наталитетот, али ова ми беше нај. Само биди директен со луѓево, нема потреба да им филозофираш за традиции, семејство, вредности, инвестиции, економија, уште помалку, живот надвор од МК.
Проблемот е друже, си се опнал на темава да ги учиш луѓето како да водат подобар (твој) лајфстајл, демек најдобро ти оди од сите овде. Кој е факторот за среќа? Деца? Знам многу родители кои зажалиле што имаат деца. Сум видел парови без деца кои никогаш не се осетиле како нешто да им фали и се комплетно среќни. Џабе ни продаваш овде слама кога среќата и радоста секој ја мери поинаку, во сооднос со нивните лични системи за вредност и исполнетост, кои, reality check - не се, и не мора да бидат, исти како твоите.
Луѓе не заминуваат од државава заради тоа што наишле на првата испакнатина на патот што го нарекуваат живот, овде во МК, и се сопнале малце. Нити е секогаш прашање на само еден, посериозен проблем. Маката е кога сериозни проблеми од различни аспекти од животов ќе ти се насоберат на куп, па доволно очаен си за да заминеш. Одредени проблеми одамна постојат овде. Може да ја обвинуваме сегашната власт, претходната, Југославија, Цацко, менталитетот итн. ама реалноста е дека тие проблеми одамна постојат и никој не ги средил до сега. Некогаш и не затоа што немало желба, но затоа што е невозможно да се средат. Некој на време не мислел, па сега ќе сука ракави (или друг ќе сука за него), и тука има дел објаснение за денешницата.
Гледам ептен критичен си за младинава. Шетала, трошела, искачала во град, се ебавала кај стигне, немале деца итн. - Зошто одма неа да ја кривиме? Си се замислил каде подлабоко лежи проблемот? Не е ни толку до родителите, јас ќе речам глобалното општество кое има корени скоро сегде денес. Едно е кога медијата промовира одредени лајфстајли, дел луѓе ќе се навлечат, се идентификуваат со нив, стануваат нешто за кое гледале role-model. Поп-културата е таква по обичај. Создава селебрити примери и или ретко ги слави нивните доблести, почесто нивните маани ги третира како доблести или нешто кул и шокантно (а денес шокантното како дефиниција се прелева во кул). Од тој системи мрежа можеш да видиш како не само кај нас, туку и кај другите, се создаваат слични лајфстајли.
Кога селебрити бичез можат да стапат во брак и наредниот ден да се разведат, зошто да не може бе и некоја просечна Њујорчанка? Ако може некој познат како Елвис да биде поврзан со Лас Вегас, и ред други фаци да се коцкаат таму, зошто некој да не може да удри на коцка, ако има доволно минимум пари да вложи за нешто? Ако некоја целебрити прави порно видео и излегло преку упс-потег на интернет, зошто да не стави и некој просечен човек такво нешто? Примерите се бескрајни, мислам дека сфаќаш на што целам.
Медијата тука ги помага работите. Кога имаш реалити шоуа (Big Brother, Jersey Shore, Фарма..) каде се промовира моронизам до коска, идиотизмот се слави, пијанчењето додека џигерот ти цркне, па и дрогирање, тепачки за банални работи, промискуитет итн. - и кога истите срања буквално ги има на секој канал, некогаш го доминираат телевизискиот портал, што очекуваш да се случи? На 20 и кусур годишни луѓе кои се отпишале од факултет за да идат на Big Brother ли ќе ги учиш за животот и создавање деца? Ќе ти се изнасмеат у фаца. Отидени се веќе тие.
А со сила новите генерации да ги правиш нешто што не можат да бидат и тоа не бива. Треба да си дојде само. Вложи во децата колку можеш, ќе остане на нив како ќе си ги усмерат животот. Ти кажувам како нечие дете на родители, кон некој кој е сега родител - Биди скромен со очекувањата, зошто многу, ти гарантирам, многу ќе жалиш во иднина. Сите кои имаат деца и што се претерано самоуверени дека "кај нив ќе се одигра поинаку приказната, и ќе биде како што кажале" стојат на ред да си ги изедат зборовите за деценија-две.
Цртам, читам книги, пишувам, се интересирам за разно разни теми, сакам поезија, театар а и опера, работи кои никогаш не ме терале моите да ги научам, развивам или да ги ценам, но сепак се случило. Без притисок за барање таленти кај себе, или културно да се градам, се дошло само по себе. Но создаваа притисок за други работи и не им издржа на крај. Разочарување или не, воопшто не е битно. Ни јас, ни некое други дете треба да го гледа како тоа. Не постоиме на овој свет за да ги задоволиме очекувањата на родителите. Туку своите. Е сега, ако имаш среќа како родител и во своето раснење на тие деца, сами ќе направат нешто од себе и своите очекувања па да те направат горд.
Се согласувам делумно со некои работи што ги имаш кажано, ама малку претеруваш, и напињаш со тоа како ти го имаш избраноо најправилниот пат во животот. Секој би го иритирало истото.