Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
И дадов после првото повракање но после тоа уште повраќаше и тоа зелено па жолто..Многу ми е страв..Никогаш више со куче на одмор греота...
 
јас јаглен кога давам ги кршам апчињата и го ставам во млеко и зависи од потреба со шприц или само си го пијат.

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
Сакам да прашам, имам кане корсо уште 2 недели ќе има 9 месеци, од ко го зедов кучето го носам во Пет Ленд(Прилеп). Е сега, му ги сечевме ушињата и опавчето на 5-6 месеци не паметам точно, но ушите сеуште ги нема кренато, докторот ми рече дека ќе ги кренело,неможе нешто да направам за да му се кренат побрзо?
Штом до 3 месечна возраст не му биле исечени увцињата и опавчето, не си ни требал да му ги сечеш.

Ушите сами по себе, нема да се кренат никогаш ... освен ако не се премногу кусо исечени, па да нема потреба од кревање.
А ако се повисоко исечени, нема да се кренат сами од себе, туку ќе треба да ги врзуваш со фишбани за да се кренат.

Зарем не ти ја објаснија постапката на кревање на уши, таму кај што му ги сечеа ?
Ти рекле дека сами ќе си се кренеле ушите ... шипинки.

Стави слика да видам која должина се исечени и како се исечени, па потоа ќе можам да ти кажам како и на кој начин да ги врзуваш со фишбани.
 
Златен ретривер, вчера наполни една година, не е шишан, но секој ден го чешлам и пак му е многу жешко преку ден.
Само спие и пие вода, а ништо не јаде. Од последниот пат кога го мерев, пред еден месец, ослабен е 3кг.
Во двор и базен му ставив да се шлапа, ама џабе, он тука до мене да биде и некое ладно место да фати.
Живнува дури навечер кај 23.00, тогаш ќе јаде и тогаш го шетам.

Некој искусен со долго-влакнести кучиња, да сподели совети за овие жешки денови, што да се прави. Живот нема во кучево преку ден.
 
Последно уредено:

Златните Ретривери не се шишаат, освен малку естетски што им се шишнува опашката за изложба, колку да добие убава форма.

А мој совет, преку ден кога е жешко, не го чувај во двор, чувај го внатре во домот, он ќе си одбере кое место му е најладно во домот ... најчесто тоа се плочките во ВЦ.
 
Знам, но има и луѓе што ги шишаат, па за тоа и напоменав.

А и дома го чувам, но сепак е премногу пасивен и жален. Нешто па да не е болен? ...Али навечер си се враќа во нормала.
 
Што знам, пробај почесто прскај го со вода.
Да не му е од храната нешто ? Со што го храниш ?
 
Луѓе ако сте заинтересирани, има иницијатива за бесплатна вакцинација на домашни миленици еве ја fb страната
https://www.facebook.com/inicijativazabesplatnavakcinacija

Абе ако луѓето немаат финансиски средства за да ги вакцинираат кучињата или мачките, па и нека не ги земаат поарно. Секако е поголем трошок да го храниш отколку да одвоиш, некоја груба пресметка, 2000ден за сето тоа.
Верувам, голем дел од нас, овде на форумов, една вреќа храна за нив не' чини повеќе од тоа :)
Нека одат тие пари во други цели, на пример да се обезбеди место за скитниците да се чуваат, наместо да ги успиваат.

Што знам, пробај почесто прскај го со вода.
Да не му е од храната нешто ? Со што го храниш ?

Претходно беше на Natural Trainer, а сега е на Trainer Top B. Али тој премин веќе одамна го направив. Не е сега брзо нешто да се случило. + Готвена храна за него, но пак, нема промени во храна.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Претходно беше на Natural Trainer, а сега е на Trainer Top B. Али тој премин веќе одамна го направив. Не е сега брзо нешто да се случило. + Готвена храна за него, но пак, нема промени во храна.
Епа тогаш сигурно од топлото време е таков.
 
Абе ако луѓето немаат финансиски средства за да ги вакцинираат кучињата или мачките, па и нека не ги земаат поарно. Секако е поголем трошок да го храниш отколку да одвоиш, некоја груба пресметка, 2000ден за сето тоа.
Верувам, голем дел од нас, овде на форумов, една вреќа храна за нив не' чини повеќе од тоа :)
Нека одат тие пари во други цели, на пример да се обезбеди место за скитниците да се чуваат, наместо да ги успиваат.
Значи сега за сега е само иницијатива за бесплатна вакцинација на сите миленици, тука спаѓаат и скитниците за кои никој не се грижи дали се вакцинирани или не. Не е официјален проект или нешто слично, би било убаво ако нешто такво се оствари и вака и така вакцинација се врши еднаш годишно (барем така ми кажа мојот ветеринар)
 
Најдобронамерен совет ми е да ги избегнувате ветеринарите Радомир од Ремедиум Вет и Ѓорѓи од Medical Zoo (што е кај средното економско). Не можам да се помирам дека кучето ми почина од овие нестручни ветеринари. Не добивме правилна дијагноза, само нагаѓаа што може да му биде и му изнаставаа еден куп инјекции. Дотогаш кучето ми немаше никакви здравствени проблеми и за жал не бев информирана околу ветеринарите. Затоа не ја правете мојата грешка и пазете на кого му го доверувате здравјето и животот на вашиот миленик.
 
Не мислев дека некоаш ќе пишам овде, ама ајде.
Мачорот ми е под опсада од крлежи, пробав со бензин (шо барем кај мене успеа, тибам то крлежот во чизмата) ама сеа глеам дека кај него не...
чаре?
да напоменам дека во близина иам ветеринар али за стока :D
 
не бе тој штом е ветеринар за стока не го викај, најди ветеринар за мачки или барем за кучиња, али ветеринар за стока никако

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
не бе тој штом е ветеринар за стока не го викај, најди ветеринар за мачки или барем за кучиња, али ветеринар за стока никако

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk

затоа прашав за home-made решение...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom