Патријахалноста како неправеден систем кон жената

doorsi

Баџанак
Член од
26 мај 2014
Мислења
172
Поени од реакции
234
^ Според тебе работата на нафтена платформа е потешка од моделирање и создавање на навиките, вредностите и ставовите на една личност? Не знам зошто професијата наставник е толку потценета, кога е уствари една од најтешките професии. Уствари добро кажа, различен избор. Ама финансиски наставниците треба да бидат поплатени. Ти како работник на нафтена платформа треба пола плата да и ја даваш на наставничката на твоето дете, пошто ти си подвода, немаш време да го воспиташ. А ништо не е побитно од нашите идни генерации.

Ок многу отидов офтопик, ама не можам да не реагирам кога некој ја дискредитира професијата учител.
Не дека се дискредитира, но реално и не е нешто тешко во споредба со други ,,професии,,. На учителот му е убаво, на зима е на топло, на лето одмара, може да се седне кога сака, може да се прошета низ училница кога ќе му досади од седење. Плус има сигурна работа, скоро немогуче е да избркаш учител од работа. А реално по омладинава гледаме како воспитуваат и колку се успешни во тој дел.
А и не е некоја голема одговорност. Најтешката работа до крај на средно образование која треба да им ја предадат на учениците е пер партес интегрирање (ако не го имаат укинато тоа) или квадратна функција. Значи тоа се ептем примитивни работи, а и не зависи од учителот дали некој ќе ги разбере туку од ота дали децата имаат талент за тоа. Ако имаш во глвата и од книга да прочиташ ќе разбереш.
И да, ако машко работи како учител би требало да е срамота пошо на други многу потешки места се прави повеќе кеш.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Не коментирав за полова дискриминација во мојот пост. Туку за професијата наставник и потценувачкиот однос кон неа. За тоа и пишав дека сум офтопик.
Читајте прво што е напишано и која е поентата на еден пост. Не само да се коментира било што.
Иначе да се слагам до тебе за горе наведеното. Но од пред некое време престанав да коментирам машко-женски односи, дискриминација и полова еднаквост. Не сме исти, физички, интелектуално да можеме да бидеме. Но тоа не ни дава право да го потценуваме спротивниот пол. Јас се залагам за еднакви права и обврски, да бидеме на чисто. Ако и јас и мојот партнер работиме, денес јас мијам садови, ама господинот утре ќе ги мие. Тоа е тој прост пример кој укажува на еднаквост во правата и обврските. Но некогаш, вие мажите, не ми е јасно зошто, се правите супериорни во однос на жените. И тоа за вака мали работи. Што останало тогаш за круцијалните? Ок ме повлече за тастатура, забегав. :) Мислам оти ќе сфатиш што ми е поентата.
Океј, поентата на постот не е стринг теорија па да не ја сфаќаме. :D No offense. Non taken шо ме изруга у цитираново. :D

И се слагам оти професијата наставник е потценета. И не е само кај нас тоа. Низ цел свет е така. Пошто дури и по 3-4 илјади долари шо земаат плати низ Америка наставниците, ги има мал милион професии шо ги поминуваат барем двапати у бројката.

За мажите, правата и обврските генерализираш. Јесте, еден куп мажи не мијат садови. Исто како шо и еден куп жени. Исто како шо и еден куп мажи си ги тепаат жените. Но и еден куп жени си ги маваат заушки мажите.
До изборот е. Оти пред нас имаме еден куп примери на 30 годишници шо после еден месец врска завршуваат у бракови, и после тоа испаѓа оти не биле луѓето шо ги замислувале. Oh god.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.870
Поени од реакции
23.265
И да, ако машко работи како учител би требало да е срамота пошо на други многу потешки места се прави повеќе кеш.
Од работа нема срамота;)
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Учителите се потребни за индоктринација на масите во системот. И никоја книга или приватна иницијатива може да индоктринира милиони во еден систем.
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Јака ви беше споредбава со наставник и работник на нафтена платформа.А ова со листиве на заработувачка е бесмислено.Стив Џобс,Бил Гејтс,Марк Цункенберг,Ким Дотком,ова се се луѓе кои бајаги придонесуваат за таа предност на мажите на листата.Ај набројте некоја жена иноватор у последниве 20 години која заработила волку пари ко овие и имала барем приближно популарни иновации.Што се криви мажите за ова не ми е јасно:icon_lol:
 
Последно уредено:

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Тоа што оправдуваш тепање жени тебе те прави нормален? Ти си отиден со паметот у неповрат ....
Цццццццццц ја сум ненормален!?!?! па ти човече од кога сум на форумов и моите и на другите членови им ги извртуваш зборовите!!!!!! цел живот ејј!!!.. ајде копирај каде реков такво нешто ???????????? ајде чекам...
 
D

dystopian

Гостин
^ Според тебе работата на нафтена платформа е потешка од моделирање и создавање на навиките, вредностите и ставовите на една личност? Не знам зошто професијата наставник е толку потценета, кога е уствари една од најтешките професии. Уствари добро кажа, различен избор. Ама финансиски наставниците треба да бидат поплатени. Ти како работник на нафтена платформа треба пола плата да и ја даваш на наставничката на твоето дете, пошто ти си подвода, немаш време да го воспиташ. А ништо не е побитно од нашите идни генерации.

Ок многу отидов офтопик, ама не можам да не реагирам кога некој ја дискредитира професијата учител.
Според мене исто така докторите, медицинските сестри и пожарникарите треба да бидат повеќе платени од фудбалерите и актерите. Исто така, според мене треба да има мир во светот и децата во Африка да не гладуваат. Ама на никој не му е гајле што мислам јас. Остај ти празни муабети кој колку треба да биде платен и кој на кого треба да дава пола плата. И комплетно ја промаши поентата на постот.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Не дека се дискредитира, но реално и не е нешто тешко во споредба со други ,,професии,,. На учителот му е убаво, на зима е на топло, на лето одмара, може да се седне кога сака, може да се прошета низ училница кога ќе му досади од седење. Плус има сигурна работа, скоро немогуче е да избркаш учител од работа. А реално по омладинава гледаме како воспитуваат и колку се успешни во тој дел.
А и не е некоја голема одговорност. Најтешката работа до крај на средно образование која треба да им ја предадат на учениците е пер партес интегрирање (ако не го имаат укинато тоа) или квадратна функција. Значи тоа се ептем примитивни работи, а и не зависи од учителот дали некој ќе ги разбере туку од ота дали децата имаат талент за тоа. Ако имаш во глвата и од книга да прочиташ ќе разбереш.
И да, ако машко работи како учител би требало да е срамота пошо на други многу потешки места се прави повеќе кеш.
Колку си само грешка за ова не си свесен/на. Задачата на учителот не е да те натера да научиш туку да те заинтересира за темата. Вистина дека 9 од 10 не ги бива ама се наоѓа 1 кој знае интерактивно да ти пренесе мерак да ти е да го слушаш па кога ќе идеш дома сам да фатиш да истражиш повеќе.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Иако е глуп факт но што е со оние ЖЕНИ КОИ ГИ ТЕПААТ МАЖИТЕ,ОДНОСНО КАДЕ МАЖИТЕ СЕ ЗЛОСТАВУВАНИ ОД ЖЕНИТЕ.. или сега од овие некој педериве ќе ми каже дека ТИЕ МАЖИ СЕ СЛАБАЦИ или слично.. слабаци или не,тоа е факт.Патријахалноста е тесно поврзана со конзерватизмот,НИКАДЕ ВО КОНЗЕРВАТИЗМОТ ИЛИ ПАТРИЈАХАЛНОСТА НЕ СЕ ПРОПАГИРА НАСИЛСТВО ВРЗ БИЛО КОГО... како што некои ПРОДАВАЧИ НА ЉУБОВ или овие НЕЖНИВЕ БИПОЛАРНИ сакаат тоа да го прикажат.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612

Ем викаш, ем генерализираш. Следниот ваков испад ќе биде проследен со негативни поени до тебе. Внимавај.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ем викаш, ем генерализираш. Следниот ваков испад ќе биде проследен со негативни поени до тебе. Внимавај.
Тоа што пишувам до големи букви е потенцирање,да не болдирувам секогаш,друго не знам што генерализирам.. ? културно прашувам,можеби стварно грешам..
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Тоа што пишувам до големи букви е потенцирање,да не болдирувам секогаш,друго не знам што генерализирам.. ? културно прашувам,можеби стварно грешам..
1. Болдирај, не пишувај со големи букви, бидејќи тоа е генерално неубаво да се чита (им личи на викање на сите, без исклучок).
2. Велиш „нежниве биполарни“ - кои? Од една страна делува дека сите на темава се такви (што не е точно), а од друга страна, ако ги наведеш по име, е директно насочено кон членови, а не кон темата. Значи, во секој случај не чини како пристап.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
1. Болдирај, не пишувај со големи букви, бидејќи тоа е генерално неубаво да се чита (им личи на викање на сите, без исклучок).
2. Велиш „нежниве биполарни“ - кои? Од една страна делува дека сите на темава се такви (што не е точно), а од друга страна, ако ги наведеш по име, е директно насочено кон членови, а не кон темата. Значи, во секој случај не чини како пристап.
За првото мислам дека го нема во правилата на однесување ако не се лажам,плус нели живееме во демократија.. мое право е како јас буквите ќе ги пишувам,никогаш големите букви не алудираат на викање туку потенцирање.Во живо тоа е со покачување на тонот за да се нагласи нешто.И тоа ми е навика затоа не се лути.Тоа е метафора,дали ќе беше подобро да бев некултурен и да ги наречам со ИЗРОДИ,ГНАСИ,ГАДОВИ ? јас покажувам култура за разлика од многу други кои се вулгарни а не се казнувани :)
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
За првото мислам дека го нема во правилата на однесување ако не се лажам,плус нели живееме во демократија.. мое право е како јас буквите ќе ги пишувам,никогаш големите букви не алудираат на викање туку потенцирање.Во живо тоа е со покачување на тонот за да се нагласи нешто.[1] И тоа ми е навика затоа не се лути.Тоа е метафора,дали ќе беше подобро да бев некултурен и да ги наречам со ИЗРОДИ,ГНАСИ,ГАДОВИ ? [2] јас покажувам култура за разлика од многу други кои се вулгарни а не се казнувани :)
[1] Следното пишување со големи букви ќе биде третирано како викање и ќе ти донесе негативни поени. Па нека ти биде пак навика.

[2] За тоа има кој да каже, а тоа се одговорните на форумов.

Благодарам на вниманието.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
[1] Следното пишување со големи букви ќе биде третирано како викање и ќе ти донесе негативни поени. Па нека ти биде пак навика.
Кажи ми каде го пишува тоа во правилникот на Кајгана и дали е дозволено модератор сам да измислува правила.. ? член сум на повеќе од 13 форуми.. и ова прв пат го слушам т.е ваква забрана..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom