Следуваат делови од Законот за Семејство
Член 3
Односите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно почитување, меѓусебно помагање и издржување и заштита на интересите на малолетните деца.
Член 4
Републиката обезбедува посебна заштита на семејството, мајчинството, децата, малолетните лица, децата без родители и децата без родителска грижа. Републиката обезбедува заштита од семејно насилство.
Член 6
Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Односите меѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање.
Член 19
Бракот не е полноважен кога согласноста за склучување на брак е дадена под присила или во заблуда.
Член 31
При склучувањето на бракот, брачните другари можат да се спогодат да го земат за презиме презимето на едниот или на другиот брачен другар или секој да го задржи своето презиме или секој од нив на своето презиме да го додаде презимето на другиот брачен другар или едниот брачен другар да го земе презимето на другиот брачен другар и на тоа презиме да му го додаде своето презиме.
Член 32
Секој брачен другар е независен во изборот на работата и занимањето. Брачните другари спогодбено одлучуваат за местото на заедничкото живеење и за водење на заедничкото домаќинство.
Член 33
Брачните другари секој според своите способности се грижат за задоволување на потребите на семејството.
Член 40
Бракот може да се разведе по барање на еден од брачните другари ако брачните односи се до таа мера нарушени што заедничкиот живот станал неподнослив.
Член 45
Родителското право им припаѓа на мајката и на таткото подеднакво. Ако еден од родителите е умрен или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини е спречен да го врши родителското право, родителското право го врши другиот родител.
А сега, во контекст на таа женска таканаречена неможност да се “земе сопствената судбина во свои раце” поради неинформираност.
Член 90
На родителот кој го злоупотребува вршењето на родителското право или
грубо го занемарува вршењето на родителските должности по прибавено мислење
од центарот за социјална работа, му се одзема вршењето на родителското право
со решение на судот, во вонпроцесна постапка.
Како злоупотреба или грубо занемарување на родителските должности во
смисла на ставот 1 од овој член, ќе се смета ако родителот:
- спроведува физичко или емоционално насилство над детето;
- полово го искористува детето;
- го присилува детето на работа која не одговара на неговата возраст;
- му дозволува употреба на алкохол, дрога или други психотропни супстанци;
- го наведува детето на општествено неприфатливи поведенија;
- го напушти детето и подолго од три месеца не се грижи за детето, и
- ако на кој било друг начин грубо ги крши правата на детето. На родителот може да му биде одземено вршењето на родителското право во поглед на сите деца или во поглед на некое од нив.
Член 91
Постапка заради одземање на родителското право може да поведе другиот
родител, Центарот за социјална работа или јавниот обвинител.
Центарот за социјална работа е должен да поведе постапка за одземање на
родителското право кога, на кој и да било начин, ќе дознае дека за тоа постојат
причини утврдени со овој закон.
Центарот за социјална работа кога ќе дознае дека постои опасност од
злоупотреба на родителското право или опасност од грубо занемарување на
родителските должности, должен е веднаш да преземе мерки за заштита на
личноста, правата и интересите на детето.
Член 94-б
Се забранува секаков вид на насилство меѓу членовите на семејството, без
оглед на пол и возраст.
Под семејно насилство се подразбира малтретирање, навредување,
загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово или друго психолошко
или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност,
загрозување или страв спрема:
- брачниот другар, родителите или децата или други лица кои живеат во
брачна или вонбрачна заедница или заедничко домаќинство,
- поранешен брачен другар или лица кои имаат заедничко дете или се
наоѓаат во блиски лични односи, вклучувајќи ги односите кои настануваат со
посвојувањето и старателството,
- браќа и сестри, полубраќа и полусестри,
- постарите членови во семеј ството или заедничкото домаќинство и
- лица - членови на семејството или заедничкото домаќинство чија деловна
способност е делумно или целосно одземена.
Под блиски лични односи во смисла на овој закон се подразбираат лични
односи помеѓу лица од различен пол кои се или биле во партнерски односи, а не
живеат во вонбрачна заедница.
Член 94-д
Жртвата на семејно насилство може да поднесе предлог за изрекување на
привремена мерка на заштита до надлежниот суд непосредно или преку Центарот
за социјална работа.
Центарот за социјална работа ќе поднесе предлог на изречување на
привремена мерка за заштита од семејно насилство до судот за малолетни и
деловни неспособни лица секогаш кога родителот, старателот или законскиот
застапник тоа нема да го сторат.
Центарот за социјална работа, предлогот од ставот 2 на овој член, за
полнолетни и деловно способни лица, ќе го достави до судот, само со согласност
на жртвата на семејното насилство.
Законов јас го најдов на интернет. Гуглав закон и семејство. Освен ако не сте ментално хендикепирани и/или иматe IQ испод 36 (Што според член 18 од истиот закон воедно ве прави неспособни за брак) веројатно сте способни да го направите истото.
Денес и угнетувани, и неугнетувани, и од патријархални и од унисекс фамилии, и слепи, и глуви и сакати имаат пристап до интернет, службени/дневни весници, ТВ, радио итн.
Значи, ја имате целата слобода на пристап до информации за еманципација од варење грав. Во школите и факултетите слободните места не се делат на машки и женски ниту пак се врши дискриминација при упис врз таа основа. Никој не ви го одзема правото да се едуцирате.
Чуму не се едуцирате?
Проблемот не е во мажите. Нашиот народ во глобала е прост, неедуциран и мрзлив да го смени тоа.
Ако на Станко му е полесно да заврши некоја проста работа преку ден и после додека да си легне си го прчи курот дали и на Станка и е полесно да си ќути и си го свари гравот за денес отколку, како и јас, да потроши 20 минути и да прочита што и следува кога стапува во брак?
Станка си е крива, и крива ќе си остане се додека не се освести колку е проста и уназадена и се поради нејзината мрзливост.
Џабе ви се феминистички, ваквистички-таквистички движења, здруженија, задруги и еснафи.