Играта ќе постои уште долго со оглед на тоа што е единствена функционална игра со претплата и има многу што да пружи. Другите MMO игри со претплата прашање е дали имаат 1 милион претплатници 5-6 месеци од излегување на играта, често одат F2P. Тоа што WotLK или TBC ви била најдобра експанзија е што не сте отворени на промени и сте ја играле до бесвест па ви здосадила. Има дебилни ствари и лоши промени, не викам не, но во глобала е далеку подобра со секоја наредна експанзија. А тоа што се намалил бројот на претплатници е чисто што играта е предолго на пазарот па здосадува и некои луѓе едноставно си бараат друга занимација.
Од аспект на рејдање има по нешто за секој тип на играч. За најхардкор имаш ултра тешки и комплексни босови, во првите недели кога доаѓаш до нив се неспоредливи со старите рејдови, ги имам поминато сите енд босови од Onyxia/Ragnaros до Garrosh, сите кога биле релевантни па можам да дадам објективна споредба. Имаш нормално и прелесни Looking for Raid / Flex рејдови за алтови, кежуал играчи и по некој со пречки во развојот. Normal mode е исто опција, некаде на средина кон релативно лесен за поорганизирани групи. Кога имало толку избор за рејдање во Vanilla, TBC, WotLK (еве да ги игнорираме другите аспекти)?
Една од негативностите е енџинот што е деценија стар и играта во споредба со новите наслови изгледа бедно. Тоа овозможува компатибилност со стари системи. Ова комбинирано со добриот гејмплеј и содржините ја прават играта популарна. Друга негативност, што лично најмногу ми сметаше, е што апдејтите за играта се чекаат со месеци, понекогаш последниот пач трае дури и цела година. Ова е периодот кога играта највеќе губи играчи, пошто здосадува да рејдаш иста инстанца со месеци.
Мене не ми е активен акаунтот од нова година негде, а месец два пред тоа престанав и да рејдам поради работа и немање интерес/време. Планирам да ја поиграм експанзијата, 2-3 месеци на почеток чисто да видам како стојат работите, приказната ми изгледа максимално глупава но ми се допаѓаат како изгледаат зоните и гарнизонот. Немам повеќе време и желба за организирано хардкор рејдање, евентуално нешто спонтано ако испадне колку да ги ѕирнам новите рејдови.
Играва не умира тоа е сигурно, едни си одат, други доаѓаат. Бројката може нема никогаш да се врати на тие 12 милиони од WotLK, но голем ташак, сеушта има здрава популација за нормално играње и економија. Не знам колку се запознаени овие што не ги играле последниве 1-2 експанзии но серверите ги спојуваат во еден масивен сервер и од новата експанзија аукцијата ќе биде заедничка за хорда и алијанса. Нон стоп има вакви quality of life промени што ме радува.