Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.785
- Поени од реакции
- 52.786


Бразил во својот меч против Чиле, повторно не ја покажа шампионската игра која се очекуваше од нив. Бразилците поведоа во осумнаесетата минута со голот на Давид Луиз, но Чиле брзо врати и израмни во триесет и втората минута со голот на Санчез. Во регуларните 90 минути ниту една страна не успеа да постигне погодок, а ниту во екстра периодите па победникот мораше да биде одлучен на пенали. Луиз го скрши мразот и беше прецизен со својот пенал, за потоа Пинила да промаши за Чиле. Вилиан и Алексис Санчез не погодија, па резултатот остана 1-0 за Бразил. Потоа Марсело и Аранкиз беа прецизни за да зголемат на 2-1 за Бразил. Четврт кај Бразилците шутираше Хулк неуспешно, за Диаз да израмни на 2-2. Последен на листата кај Бразил беше Нејмар кој погоди, а потоа Хара ја погоди стативата за Бразил да оствари победа од 3-2 во пенал рулетот и да се пласира во 1/4 финалето.
Колумбија играше против Уругвај, откако во групата освои максимален број на поени со три победи и доста убедлива игра. Уругвај беше без Суарез кој заработи казна поради инцидентот со Киелини. Колумбијците повторно покажаа квалитетна игра на чело со 22 годишниот Џејмс Родригез кој досега е можеби најдобриот поединец на првенството. Во дваесет и осмата минута Родригез погоди за водство на Колумбија со одличен гол кој е еден од најдобрите на првенството. На полувреме колумбијците отидоа со водство од 1-0. Во второто полувреме продолжија да ја играат својата игра, па во пеесетата минута Родригез со уште еден гол го зголеми водството за конечни 2-0 за Колумбија.
Бразил во никој случај не ја потвди улогата на фаворит на ова Светско Првенство, додека пак Колумбија импресионираше голем дел од неутралните навивачи. Во секој случај, не очекува интересен натпревар во кој двете репрезентации би требало да влезат со голема мотивација. Меѓусебно имаат одиграно 25 натпревари во кои Бразил е поуспешен со 15 победи, Колумбија славела два пати, додека пак осум натпревари завршиле без победник. Четири од тие се последните одиграни натпревари од 2004 па наваму од кои три завршиле 0-0, а последниот во 2012 со резултат од 1-1. Дали Нејмар ќе блесне и ќе го однесе Бразил до нова победа или пак Родригез повторно ќе ја покаже својата класа и ќе донесе радост за Колумбија.
Можни состави:
Бразил
Цезар
Алвес - Силва - Луиз - Марсело
Паулињо - Рамирес
Хулк - Оскар - Нејмар
Фред
Колумбија
Оспина
Карбонеро - Запата - Јепес - Армеро
Агилар - Санчез
Куардадо - Родригез - Рамос
Мартинез
Цезар
Алвес - Силва - Луиз - Марсело
Паулињо - Рамирес
Хулк - Оскар - Нејмар
Фред
Колумбија
Оспина
Карбонеро - Запата - Јепес - Армеро
Агилар - Санчез
Куардадо - Родригез - Рамос
Мартинез

Последно уредено: