Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Само ќе нафрлам нешто:

Не се само парите во прашање, ниту некој од Македонија оди во странство за да лежи и да зема плата. Луѓето одат во потрага по достоинствен живот, каде ќе работиш како човек и ќе те третитраат како човек.

И не живее човек само од леб. Колку театарски претстави има годишно во Пехчево или во Виница? Може ли една продавачка да му каже на газдата : Ми требаат пет слободни дена, сакам да одам на џез фастивалот во СКопје.
Може ку+рац. Една продавачка у МК има 5 слободни дена годишно, кои не смее да ги земе одеднаш и не смеат да паѓаат во празник.
Ако работи во мало дуќанче, тогаш ни нема одмор, т.е. кога колешката е „на одмор“, таа работи по цел ден и обратно. Најчесто не ни земаат одмор, оти нема смисла.
Кажете ми каде во Западна Европа тоа е правило? Во која европска земја по правило има министри на коишто тоа им е прво работно место? Во која развиена земја има амбасадори кои по дифолт ја срамат земјата која ја претставуваат?

Пред неколку години, ми тресна вратата и клучевите ми останаа заклучени во станот. И викнав сервис. Човекот дојде и за работа од 10 секунди (само со една жица помина и вратата се отвори) ми наплати 98 евра!!!
Беше екстра скапо затоа што беше сабота попладне. Што мислите, колку ќе добие една продавачка што наместо до 17ч, ќе работи до 23ч вечерта во сабота, а во недела ќе оди во дуќанот во 12 да реди роба? НУла. Ништо! Се подразбира да биде во слугински однос, оти ако одбие, има уште 1000 што може да ја заменат.

Имам една пријателка. Сестра и заврши факултет, почнаа приватен бизнис со мажот, падни стани, затворија. Се вработи, ама платата и беше 5000,не смееше да одбие, имаше веќе 35 години!! И цело време висеше на конец, а децата пораснаа, почнаа да се спремаатза студии. Жената отиде во Словенија. Таму работи нискоквалификувана работа. Се слушнав со другарката, прашувам како е, а таа ми кажува: Многу е изненадена. Има слободни денови во неделата. Има работно време од-до, се’ друго се плаќа екстра. После четвртиот месец и ја покачиле платата оти биле многу задоволни од неа.
Сега се сите заедно таму. Научија јазик, сменија работи. Се спремаат да одат за Нов Зеланд на шетање. Кажете ми каде во Македонија може да доживееш такво нешто?

Да не зборувам за состојбата на патиштата. Во Западна Европа, особено во Германија и Швајцарија, и најголемата вукојебина е поврзана јали со воз јали со автобус. Во Скопје барам повратна карта, ама ми даваат само ако се возам со скопски автобус, не знам како се вика фирмата, инаку не може. Нема повратна. :eek:

Во Македонија има една категорија на луѓе, кои мора денес двапати на ден да се видат со мајките, петпати да се чујат. И таквите, ако треба леб и сол ќе јадат, ама нема да мрднат по потрага за нешто подобро. И уште кога ќе ја минат границата со Бугарија, велат: Каде и да одиш од дома поарно нема.

Има и една привилигирана каста во Македонија. Нивните жени не бројат лебарки на гинекологија и ен умираат од сепса, туку се пораѓаат во Систина. На нив им е супер во Македонија. Такво село без кучиња никаде нема да најдат.

Европа не е Америка. Никогаш Индиец или Кинез немал предност пред Европеец, па ако сака од небото нека е стручен.

Сите вие што планирате да одите надвор од МК, треба да знаете дека е голема глупост да тргнете неинформирани, каде што ве водат очите. Срамота е на денешите можности кои ги нуди интерентот да одите на слепо. Значи памет у глава пред да се решите на тој чекор.
Важно е и да имате средени документи. Да не ве лаже ѓаволот да одите во Европа на работа на црно. Америка е веќе друга приказна во тој поглед.
Мразам да се вклучувам во вакви или слични теми, затоа што се тоа е релативно и зависи од искуство до искуство. Има и во Македонија еден куп што животот им е топ. Такви се моите роднини. Среден живот, плати, пари, деца. Не правите од нас како да сме Тунгузија, затоа што не сме.

Македонија за твоја информација има 85% поврзана патна инфраструктура на слично ниво како Хрватска, но Хрватска има поубави патишта, затоа што кај нив тие патишта економски се оправдани и можат да ги извадат.

Јас возев 2 години низ Европа камион, затоа што имам 4 деца на грб, а ако ми се дигне ќе одам и на петто дете и воопшто не ми е гајле, но се борам за нив секој ден, секоја минута, секој момент. На никој не плачев, не висев секој ден пред влада на РМ да ми дадат пари или било што, туку загреав газ и спиев како куче по камиони, се мачев, заработував, праќав пари дома, но со тие пари средив комплетно куќа, купив автомобил и пар други работи. Сум работел се и сешто во животот, никогаш не сум наоѓал маани во животот. Многу добро сум го почувстувал менталитетот на луѓето низ Европа и на Балканот и можам да направам многу паралели.

Зарем ти очекуваш некој дека во мали градови ќе ти гради театри, културни домови, кина, спортски сали или било што? На кого? На старци ? За да има прво наведените работи треба да има многу младина, многу деца и потреба, а за да ги има тие работи требаше нашите девојки да останат во тие градови да живеат , а не да се ебат и продаваат на странци за 50 евра само колку да отидат во Германија и Швајцарија да живеат на негов грб и да ги лаже мама и тато како успеала во животот.

Јас не правам паралела меѓу животот во Европа и Македонија, затоа што е глупост да споредуваш стари цивилизации со куп турско ѓубре овде на Балканот.
Тие народи во Северна Европа си имаат систем на функционирање, систем на вредности, работничка дисциплина, паметни се за разлика од нас.

Ние Македонците имаме баш онаква држава каков што е нашиот менталитет, а тоа е дивјачки. Ни ти, ни јас, ни било кој не сме подобри од другиот. Ние сме колективно ѓубре, алчни, погани, корумпирани, да заебеме некого, да му подметнеме нешто, а секојдневно сме труени со пропаганда и бабини деветини дека сме многу чесен и добар народ. Жими куров сме чесни и добри. Одиме на доктор или било каде со чоколади, бомбоњери, вина со цел да подмитуваме некој. Цела држава, цел народ функционира на корупција. Овој народ не можеш да го научиш на основна сообраќајна и улична култура, а не дај боже за нешто трето. Тоа е реалноста, толку ни е црпката.

Сите ќе те учат од тие пребеганите „успешни“ печалбари како се живее на Запад, како таму имало култура, како Западњаците биле такви, улиците чисти, зеленила, паркови, а додека зборуваше со мене 50 пикавци и хартии фрли на улица и никогаш не отишол во театар или кино. Се собираат и пијат на некои босански Цигани певачишта кои завиваат како кучиња. Ми се усеруваат од зборување како парковите, сообраќајот бил пуцка, а кога се враќаат во Македонија ечи музика од тие сељоптерски мерцедеси некои одвратни ориентални мелодии и крст 4 метра во кола. Исто како Шпоновите, Турците коишто секоја куќа, стан, кола има некое шпонско знаме мислиш незнам каква цивилизација или од каде дошол, а излегол од држава каде што канализација и шоља у веце беше мисловна именка пред 10 години.

Не сите, но добар дел од Балканци по Западна Европа особено шпонови се занимаваат со прљави работи таму. Ниска класа, но од дрога и криминал од друга страна се прават најчисти пари.

На овој народ комплетно треба да му се менува менталитетот и воспитувањето, затоа што многу е лесно да работиш на Запад кога со тебе командува тој Западњак и ти дава инструкции што да работиш и како да работиш. Нив очајно им требаат работници, затоа што немаат младина, а не дека ние сме се покажале како незнам какви работници.

Сакаш да ми кажеш дека ти во Македонија да имаше фирма ќе им даваше на твоите работнички 40.000 плата и 10 дена слободни во месецот? Ма, немој да ме јебеш :)
 
Последно уредено:
covek1-620x311.jpg
 
Да да Македониjа има патишта ко Хрватска ама друг пат.....един автопат нема како што треба.
Ај ти друже глеј си вашата патна инфраструктура , ти најде на нас гачки да ни продаваш ! Што не споредниш со родната ти страна ами начека некој Хрватска да ја спомне .
Како онаа народната : подрж ми го копилето да и се наругам на копиљаркана !
И он топик , состојбата со емиграција од твојата земја е далеку пострашна , така да нема на што да се ситиш.
 
Над 200 страници и пак ништо.
Значи, луѓето и тука и на запад ќе работат за плата (со исклучок на многу квалитетни што може да догураат на некои директорски позиции каде се вртат милиони, ама тоа е исклучок). Е сега, таму платата ќе им овозможи малку посолиден живот од тука (околу 60% од населението кај нас зема плата од 8.000-20.000 денари) т.е сосема солиден живот (запад), крпен живот (кај нас).
Она што најмногу ги нервира луѓето (од тие што заминале, а и мене) е несреденоста на бирократијата т.е кога си имаш работа со државата. На запад сигурно нема да го потрошиш животот во влечкање по судови за разлика од кај нас. Има случаеви кај нас кога некое (говедо) ќе му ја узурпира парцелата на соседот и нормално се тужат и најнормално е ова да трае 5-6 години и повеќе (Судство), а да не правиме муабет за здравство и други делови од општеството (да не можеш да наплатиш долг).
И што ако живееш убаво во Македонија т.е земаш 1-3.000Е плата, кога може да ти се случи некоја здравствена несреќа за што ти е потребна итна медицинска нега и ќе ти ја дадат доктори т.е едвај завршиле факултет ?
Што ако имаш пари да го купиш најновото ферари, кога патиштата се направени само за коњи и магариња?
Едноставно парите во Македонија не ви вредат, колку што мислите дека ви вредат, затоа што од кога комунистите направија ништо не е сменето само се крпи и крепи колку да не пропадне.
За тоа луѓето си одат од Македонија, затоа што им е битен квалитет на живот, не колку што им е битна платата. (Со исклучок на САД, сите земји што се на запад имаат барем малку социјална правда). Ако ова не можете да го разберете, не дај боже да дојдете во ситуација да си имате работа со државата, па макар и за еден обичен документ.
 
:facepalm: se samoubi so postot

kade i kakva e taa 90 % pokrienost na patista niz makedonija ?

pa eden mocan avtopat neame ti zboris 90 % pokrienost so patista....so kakvi ? za 1 saat jajcata kajgana da ti se napraat od cukanje na dupkite.
Пред да напишеш нешто размисли. Македонија нема популација за 15 автопати, затоа што нема потреба и економска исплатливост. Наместо да се жуљопичите цел ден по форуми правете деца, создавајте младина, па тогаш и ќе добиете спортски сали, автопатишта, кина, театри инаку нема потреба сето тоа да го правиш за старци и стари неспособни ергени.

Јас тој податок не го кажав, туку министерката од Србија дека Македонија има поголема патна инфраструктура од Србија, а колку се квалитетни тие патишта е друга тема.
 
Наместо да се жуљопичите цел ден по форуми правете деца, создавајте младина, па тогаш и ќе добиете спортски сали, автопатишта, кина, театри инаку нема потреба сето тоа да го правиш за старци и стари неспособни ергени.

Деца се прават во нормална држава, која има солидно здравство и школство. Земја во која ќе можат утре да напредуваат, нормално да е образуваат и вработат без оглед на тоа дали имаат или немаат партиска книшка.

Деца не се прават во земја каде што луѓето во просек работат за 9-10 000 денари, а само државната администрација лапа по 30 000 денари плата. Онаа фиктивна "средна плата" од 21 000 е живи смешки, дури и за Скопје, за помалите градови и да не зборуваме. Па дипломци со факултети работат во скопски бутици за 7000 денари! И како тие да засноваат семејство? Од што ќе живеат? Од воздух?

Се додека не пукне балонот на администрацијата, овде никогаш младите нема да имаат нормален живот. За создавање потомство и да зборуваме. Колку само разводи има затоа што и обајцата земаат мизерни пати, кои не им стигнуваат ни за нив, камоли да планираат дете.

Зошто во сите околни земји се намалува монструмот наречен државна администрација, а само кај нас не престанува да расте...?

http://ssm.org.mk/index.php?option=...stracijata&catid=49:health&Itemid=146&lang=mk

Ако им е целта да не иселат сите одовде, одлично им оди. Држава најдобро се уништува со ваков економски егзодус на населението. Битен е и квалитетот на живот, а богами и платата. Во Македонија и едното и другото се мисловна именка.
 
http://ssm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=399:zemjite-od-regionot-ja-namaluvaat-administracijata&catid=49:health&Itemid=146&lang=mk

Најдобар пример за тоа.
Целата администрација е дадена на приватни фирми, кој што си имаат договори да ги извршуваат услугите :) . Незнам ова колку би работело кај нас.

http://www.michigancapitolconfidential.com/18713
http://www.businessinsider.com/the-city-that-outsourced-everything-2011-4

'City That Outsourced Everything'

Деца се прават во нормална држава, која има солидно здравство и школство. Земја во која ќе можат утре да напредуваат, нормално да е образуваат и вработат без оглед на тоа дали имаат или немаат партиска книшка.

Деца не се прават во земја каде што луѓето во просек работат за 9-10 000 денари, а само државната администрација лапа по 30 000 денари плата. Онаа фиктивна "средна плата" од 21 000 е живи смешки, дури и за Скопје, за помалите градови и да не зборуваме. Па дипломци со факултети работат во скопски бутици за 7000 денари! И како тие да засноваат семејство? Од што ќе живеат? Од воздух?

Се додека не пукне балонот на администрацијата, овде никогаш младите нема да имаат нормален живот. За создавање потомство и да зборуваме. Колку само разводи има затоа што и обајцата земаат мизерни пати, кои не им стигнуваат ни за нив, камоли да планираат дете.

Зошто во сите околни земји се намалува монструмот наречен државна администрација, а само кај нас не престанува да расте...?

http://ssm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=399:zemjite-od-regionot-ja-namaluvaat-administracijata&catid=49:health&Itemid=146&lang=mk

Ако им е целта да не иселат сите одовде, одлично им оди. Држава најдобро се уништува со ваков економски егзодус на населението. Битен е и квалитетот на живот, а богами и платата. Во Македонија и едното и другото се мисловна именка.
Јас возев камион насекаде, а таму каде што возев камион вриеше од имигранти, затоа што тие жени од богати држави не раѓаат, туку ладат пизда на 35 години со некое куче кое го накитила како бебе. До тој снобизам одат. Нивните школи и улици се полни со имигранти од секаде, затоа што немаат доволно младина и работници.

Ако кај нас е економијата проблем кај нив што е проблем? Македонците се ограничија на 1-2 деца уште пред 40 години во Југославија, а бројот на неженети е голем уште пред 20 години. Живеете во тешки илузии дека се треба да ви е идеално во животот. Повеќе е до менталитетот отколку до економија , а разводите се резултат само на промискуетноста и опаѓање на моралноста кај младината.

Не знам зошто, ама мислам досадни сте веќе со тие изговори, затоа што реално поголемиот дел од вас немате муда да преземете одговорност во животот и да создадете семејство, затоа што сите задоволства и легачина ви се скратува.
 
Точно. И што има лошо во тоа јас да живеам лагоден живот со покриени трошоци за секакви заебанции што ми текнуваат, наместо да се мачам да рмбам за тројца-четворица и да се тресам секој дена дали ќе има или ќе нема леб на масата за сите?
Не знам од каде логиката дека треба да патиме.
Тој што мисли дека му требаат деца слободно нека си ги прави и по 50 ако сака, само не мудрувајте за тоа колку треба да има некој друг.
 
Последно уредено:
Не знам зошто, ама мислам досадни сте веќе со тие изговори, затоа што реално поголемиот дел од вас немате муда да преземете одговорност во животот и да создадете семејство, затоа што сите задоволства и легачина ви се скратува.

Реално, ситуацијата е ваква:

Ако некој има добра плата, но не сака деца затоа што му се товар, да тоа е одлика на незрелост и непреземање одговорност. Но сепак, тоа е и негов/нејзин личен избор. Не можеш сите со сила да ги натераш да имаат/немаат деца.
Но ако некој нема доволно за себеси да преживее, а одозгора создава и дете, е тоа е веќе тежок нонсенс. Тоа е она што јас го зборувам, а ти сакаш да кажеш дека сме разгалени, па ете, ќе ни се скрател комфорот. Па Македонија не е Шведска или Германија во поглед на животниот стандард! Како може да ти се скрати комфорот кој воопшто го НЕМАШ?

А тоа кој од нас има или нема муда за создавање семејство, не е твое да процениш. На крајот на краиштата, секој може да направи деца, но не и да ги изведе на прав пат. Ромите и Албанците со тајфа деца кои просат по семафори или се свртуваат кон други нелегални активности се репер за одговорни и зрели родители, затоа што решиле цел куп да направат, а после кому како...? Немој ти се молам. Да се биде родител не значи само да изродиш куп деца. Напротив.
 
Јас возев камион насекаде, а таму каде што возев камион вриеше од имигранти, затоа што тие жени од богати држави не раѓаат, туку ладат пизда на 35 години со некое куче кое го накитила како бебе. До тој снобизам одат. Нивните школи и улици се полни со имигранти од секаде, затоа што немаат доволно младина и работници.

Ако кај нас е економијата проблем кај нив што е проблем? Македонците се ограничија на 1-2 деца уште пред 40 години во Југославија, а бројот на неженети е голем уште пред 20 години. Живеете во тешки илузии дека се треба да ви е идеално во животот. Повеќе е до менталитетот отколку до економија , а разводите се резултат само на промискуетноста и опаѓање на моралноста кај младината.

Не знам зошто, ама мислам досадни сте веќе со тие изговори, затоа што реално поголемиот дел од вас немате муда да преземете одговорност во животот и да создадете семејство, затоа што сите задоволства и легачина ви се скратува.

Се согласував со некои од работите што ги кажа во претходните постови, ама ова воопшто не ти беше на место.

Пиша дека имаш 4 деца. Супер. Ти кажа некој нешто? Не. Зошто ти си даваш за право да им кажуваш на другите како да живеат?

Можеби не сакам дете, и што сега? Криминалец сум? Недоволно патриот? Немам муда?

Секој си го тера животот како што сака и како што никој нема право да ти каже на тебе дека е глупост да имаш 4-5 деца, така ни ти немаш право да кажеш дека е глупост да немаш дете. Енд оф стори.
 
Ако некој има добра плата, но не сака деца затоа што му се товар, да тоа е одлика на незрелост и непреземање одговорност. .
Нема везе муабетов, едноставно постојат луѓе на кои деца не им го прават кејфот. Мене лично едно дремење на шанк ми прави далеку поголем кеиф. Едноставно не можам ни пола саат да издржам со деца, досадни се и глупи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom