http://www.slideshare.net/zikomk/timst-fireplaces-stoves-mk-en-catalog-2012
страна 11
За прозорите, ПВЦ се, и ако има повеќе луѓе во просторијата подолго време, се осеќа недостаток на воздух,затоа проветруваме често.
За воздушнава завеса,немаме такво нешто,еве види и од каталог. Има две регулации, едната е под стаклото за довод на воздух, а другата регулација е клапна на издувот, односно регулираш да не влече оџакот многу и да не ти троши дрва. Нема за сега автоматика, иако сакам да ставам термореле за уклучување на пумпата и вентилатор (ако можеш да ми кажеш од каде да земам некој асален).
Со вертикална врата што се крева на горе ?
Тој е тој или го промашив? Камин реден број 2 или реден број 3?
Уствари небитно. Двата се вградни така ?
Ако нема друг доток на воздух освен тој што е напред тогаш тој што го дизајнираше овај камин да земи сам клоца да си мани. На камин со толкава декларирана снага да не му предвидат надворешен доток на воздух башка од тој во собата е рамно на глупост. Да не споменувам дека нема ни воздушно перде. Затоа ви велам не е се камин што личи на камин.
Види подобро дали има опција некако да му доведеш надворешен доток на воздух, внатре во ѕиданото директно од надвор. Значи тој воздух да не се меша со тој од собата. Една дупка со дијаметар од 10 цм би била сосем доволна. Ако нема таква опција тогаш ке си луфтираш поначесто, но имај во предвид дека ако нема доволна циркулација на воздух тогаш и златен оџак имај кога нема што да влечи џабе е се.
Следно таа клапната што е на излезот од каминот , таа се користи не да го пригушиш каминот во горење туку одкога ке изгорат дрвата и ке се направи жар. Многу е битно дали си сигурен дека не е доток на воздух туку е тоа што велиш дека е. Ако си сигурен ке ја користиш само кога дрвата се скоро целосно изгорени за да остани жар во горилникот, а ке регулираш со тоа што е напред под стаклото. Ваљда има за регулација колку воздух ке му пуштиш. Ако и при целосно затврен доток на воздух каминот пак зема сила и гори силно тогаш не ти дихтова од некаде, ама најчесто тоа е до самиот камин и неговата изработка, да не речам толку чини.
За воздушно перде има начин како да го модифицираш , ама со сите овие мани искрено незнам колку ке ти брка работа. Сепак ке направиш вака( многу внимателно). На спојот со стаклото и вратничката од каминот би требало да има стаклена плетенка која би требало да биди по цела должина на стаклото. На најгорниот дел од стаклото на 2/3 од површината ке ја извадиш. Значи крајно лево и крајно десно од по страните на горниот дел од стаклото ке ја оставиш а ке ја извадиш на средината едно 2/3 од целата должина на горниот дел и со тоа ке добиеш тенок процеп помеѓу самото стакло и металот од вратничката. Сега незнам како им е тоа решено мислам што го држи стаклото на самата врата но битно е да направиш тенок процеп од неколку мм за да може да влегува воздух од горниот дел на стаклото внатре во горилникот. Не долу, не лево и десно туку горе. Ако држачот што го држи стаклото е преку цела негова должина тогаш и него некако ке го одделиш неколку мм од стаклото. Не цел држач туку онолку колку си отстранил од стаклената плетенка.
Најдобро купи нова стаклена плетенка и пробај со неа, па ако не успееш со старата врати се како што беше. Ако и пак не ме сфаќаш како тоа би изгледало тогаш трк до некоја продавница за камини и разгледај ги оние камини што имаат за регулација на воздух и горе и долу на вратничката. Таа горе покрај доток на воздух служи и како воздушно перде. Ако операцијата е успешна ке забележиш дека при самото горење најчесто ке ти се црни само оној дел каде е останата стаклената плетенка додека најголемиот дел од стаклото ке остани релативно чист. И пробај да научиш да го работиш само со регулација на примарниот доток на воздух ( тој што е долу под вратничката ) а не со клапната
За терморелиња некој парнаџија ке прашаш кој се поквалитетни или кој се поскапи ако ништо друго. Јас не се занимавам со тоа( додуша не се занимавам ни со камини веќе години) па искрено појма немам кој се поквалитетни.
И не забележав дали се гусани или од лим. Ако се гусани внимавај што правиш пошто гусот знае и да пукни, башка и не дихтоваат нај нај посебно кога ке помини некоја сезона.
И пази на стаклото, би требало да е керамичко и е поприлично скапо( барем беше).
И најверојатно е правен во кина само тука е склопен.