Парно на дрва (Потрошувачка)

Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
А ја имам прашања, поврзано со темава, ама у малку подруга насока: дали е возможно да се има парно на дрва, само шо наместо таков шпорет, улогата на шпоретот да ја врши вакво некое огниште како подолу на сликата?

 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
А ја имам прашања, поврзано со темава, ама у малку подруга насока: дали е возможно да се има парно на дрва, само шо наместо таков шпорет, улогата на шпоретот да ја врши вакво некое огниште како подолу на сликата?
Секако дека може....
Еве една страна од Американската асоцијација за ѕидани печки каде што можеш да видиш какви се можности постојат
http://www.mha-net.org/
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.521
Секако дека може....
Еве една страна од Американската асоцијација за ѕидани печки каде што можеш да видиш какви се можности постојат
http://www.mha-net.org/
Мислам дека неубаво се разбравте.
Прашува за вграден камин, а тоа тие како обичниот камин за парно само што ја нема маската туку се вградува во ѕидот, инаку се е исто.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Мислам дека неубаво се разбравте.
Прашува за вграден камин, а тоа тие како обичниот камин за парно само што ја нема маската туку се вградува во ѕидот, инаку се е исто.
Прочепкај по гоогле има уште многу во мк што имаат добри понуди.

http://kamini.com.mk/
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Годинава меѓу 16 и 17 кубика дрва.
Котел на дрва од 40 киловата, два спрата вкупно околу 200 и нешто ситно квадрата.
Алуминиумска столарија, изолација стиропор.
Спомнував на една слична тема, кога ми местеа парното рекоа мајсторите дека потрошувачката би се движела од 16-20 кубика, зависи од зимата и колку сакам да е топло.
Дрвата за оваа сезона беа купени некаде во мај, 80% даб, 20% бука и имаше време убаво да се исушат.
Лани потрошив околу 18 кубика, со тоа што куќата прв пат се грееше, а и дрвата беа купени во август. Тоа резултираше со чистење на котелот и оџакот двапати во сезоната. Барем кај мене, потребно е дрвата да се суви.
Во Струмица кубик дрва се купува во просек за 2100 денари + 100 денари за сечење и уште 100 за цепење (ако те мрзи).
Цената по сезона за загревање на горенаведениот простор ми е околу 46000 ден. ако купувам 20 кубика, а одам на тоа на почетокот на сезоната да имам 20 кубика, за секој случај.
Тука е актуелно и греење на гас.
За тоа што јас го загревам, по пресметките да преминам на гас би ме чинело 700 евра за приклучок, 300-400 евра прилагодување на котелот, и плус околу 20000 денари месечна сметка.
Засега, останувам на дрва.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.521
Сега засега неполни 3 кубици, ама ќе видиме дали до три ке истерам. Некако ми залади вечерва.
Инаку грејам 40 и кусурот квадрати, а ложам во просек од 15 часто па до кај 2 сабајле плус минус некој саат.
Лани потрошив 3 кубици и нешто ситно така да тука сум некаде.
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
131
Едно прашање малку надвор од темата. Постои ли "нешто" што би го спречило црнеењето на стаклото на каминот???
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.521
Едно прашање малку надвор од темата. Постои ли "нешто" што би го спречило црнеењето на стаклото на каминот???
Постои. Правилна работа со каминот.
И многу е битно од што ти црни.
Дали од неправилна работа со каминот како прво, дали од влажни дрва, дали од лош оџак или толку ти чини каминот.
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
131
Од лоши дрва. Сите до сега што имаат камини го имаат истиот проблем, после 3 дена стаклото е црно
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.521
Од лоши дрва. Сите до сега што имаат камини го имаат истиот проблем, после 3 дена стаклото е црно
Под лоши дрва се мисли на влажни дрва или на дрва со многу смола. Сега ако на сите ви се влажни дрвата или сите горите борови дрва тогаш во ред. Ако не друго е маката.
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
131
ОК, фала што ми даде стручно мислење.:tapp: Имаше еден виц со толет хартија, ама сигурно го знаеш, а и да не бегаме од темава
 

Kajgana Shop

На врв Bottom