Знаеш, ние кучкарите си имаме едно правило.
А тоа гласи: Никогаш немојте да ги слушате препораките за сува кучешка храна (дехидрат) од продавачите во Пет Шоповите.
90% од продавачите во Пет Шоповите, врска си немаат, ни од квалитет, ни од состав на дехидратите ... штом Педигри, Фрискис, Чапи и слично ѓубре препорачуваат, им се гледа знаењето за дехидратите.
Тој дехидрат Боно е катастрофа, убаво ти објасни
@SnowDOG зошто е катастрофа, а и двете видеа што ги постави (на претходнава страна) се фантастични и секој што чува куче
мора да ги изгледа.
Поготово кога се работи за мало кученце, кое што е во фаза на раст и развој, не треба апсолутно ни еден денар да се штеди на исхраната.
Со квалитетната исхрана во периодот на растот и развојот на кученцето, ќе го извлечеш максималниот потенцијал на кученцето.
Квалитетниот дехидрат секогаш на прво место во составот, односно прва наведена состојка во составот, е месото.
И многу е важно да биде наведено во составот, од кое животно е месото.
А дехидрати кои што на прво место во составот имаат житарици, се за кокошки да речам ... а јас колку што знам има разлика од куче до кокошка, или можеби грешам ?

Морав малку иронија да употребам

али стварно, кој мисли дека чува кокошка во кучешка форма, слободно нека дава такви неквалитетни дехидрати.
Еве што е квалитет (кој знае да чита состав, ќе разбере):
1) Brit - CarniLove
2) Farmina - Natural & Delicious