Најдобро е да им дадеш пари на младите. Џабе им се еден куп поклони од кои многу ке ги имаат и дупликати а ке ги немат оние поголеми и потребни работи. Вака со пари после свадбата ке си испланираат и ке си купат тоа што им треба. Убаво е и поклон но ако се решиш за поклон купи нешто поголемо и што секако ке им треба. Немој украси, слики и слични глупости. Кога младите закуќуваат куќа им се потребни оние основните работи, тенџериња (зборувам на пример за еден сет од цептер не за некои од 10 евра), фрижидер, перална, машина за миење садови, електричен шпорет, маси, столови......... домаќински работи, мада пак се зависи како им стои работата на младите, од тоа каде ке живеат, дали претходно се им е подредено или ке почнуваат од нула.....Мислам дека ако младите се позрели тогаш поубаво е да им дадеш пари а ако се помлади односно понеискусни во животот тогаш подобро е да им купиш некој домакински поклон оти често се случува младите кои се понеискусни да си ги потрошат парите без врска натаму наваму и да останат без потребните работи за една куќа. Убаво е и да ги прашаш што им треба во рамките на една пристојна цена да речеме од околу 500 евра (како за тебе од странство не би требало да се проблем а ке биде доста пристојно). Немој помалку а немој и многу да ги обврзуваш оти иако младите не свакаат сепак примениот поклон значи и обврска во смисла на тоа дека утре кога ти ке правиш свадба истите тие кои сега ке примат поклон тогаш ке треба да дадат поклон кој секако ке биде барем приближно по вредност како твојот па така ако им дадеш премногу голем поклон на врат ке им ставиш и голема обврска која можеби не ке бидат во можност да ја поднесат па ке се осетат засрамени. Значи гледај ги и нивните можности оти и тоа е во нивен интерес. И имајте во предвид дека тоа што даваме тоа и ке ни се врати. Ако на првата брачна ноќ изброиш голема сума одчекувај во иднина да издвојуваш и поголема сума на свадбите на кои ке бидеш поканет или пак тие пари веке се дадени од тебе или твоите родители претходно на свдбите на гостите.