Поклон за свадба?

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Значи луѓе, поклони да давате само во плико. Јас сега брзо правев свадба и за среќа повеќемина ни поклонија пари. Секако дека собравме и доста чинии кои ми фаќаат прашина под кревет сега. Ако сакате да направите услуга, подарете пари. Ако идете ради реда на свадбата, тогаш се дава слика/чинии/микробранови. Ако во секој случај се одлучите за поклон кој не е во плико, обавезно фискална во него.
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Кај нас џабе ти е да си креативен што и да однесеш макар и да е уникат, ќе те гледат на криво доколку не се „ материјали во плик “ Јас би бил кеф коа би добил некое уметничко дело, некоја фигура, украс, уникатен и добар па и да е ефтин. За да не се „ срамиш “ пликот и терај. Али тоа ти е наш менталитет, не сме ние криви така не возат.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Види, не секој има уметничка душа, така што најпрво би требало да процениш кај кој идеш на свадба. Јас на пример би била пресреќна кога би го добила следниот подарок за свадба

Арно ама се зависи кај кој идеш. Доколку личноста кај кој идеш на свадба знаеш дека е твој калибар тогаш со сигурност нема да се налути на твојот уметнички избор. Но, од друга страна пак, гостите кои сакаат да подарат некоја ваква уметност се ретки, токму поради некреативност во подарувањето од типот на чаши., чинии и филџани луѓето преферираат пари. Не е тоа менталитет, повеќе би рекла дека е практичност. Реално што ќе ми се мене три различни сета на чинии или 4 различни сервиси кога не можам ни да ги комбинирам еден со друг?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.392
Поени од реакции
4.237
Најдобро е да им дадеш пари на младите. Џабе им се еден куп поклони од кои многу ке ги имаат и дупликати а ке ги немат оние поголеми и потребни работи. Вака со пари после свадбата ке си испланираат и ке си купат тоа што им треба. Убаво е и поклон но ако се решиш за поклон купи нешто поголемо и што секако ке им треба. Немој украси, слики и слични глупости. Кога младите закуќуваат куќа им се потребни оние основните работи, тенџериња (зборувам на пример за еден сет од цептер не за некои од 10 евра), фрижидер, перална, машина за миење садови, електричен шпорет, маси, столови......... домаќински работи, мада пак се зависи како им стои работата на младите, од тоа каде ке живеат, дали претходно се им е подредено или ке почнуваат од нула.....Мислам дека ако младите се позрели тогаш поубаво е да им дадеш пари а ако се помлади односно понеискусни во животот тогаш подобро е да им купиш некој домакински поклон оти често се случува младите кои се понеискусни да си ги потрошат парите без врска натаму наваму и да останат без потребните работи за една куќа. Убаво е и да ги прашаш што им треба во рамките на една пристојна цена да речеме од околу 500 евра (како за тебе од странство не би требало да се проблем а ке биде доста пристојно). Немој помалку а немој и многу да ги обврзуваш оти иако младите не свакаат сепак примениот поклон значи и обврска во смисла на тоа дека утре кога ти ке правиш свадба истите тие кои сега ке примат поклон тогаш ке треба да дадат поклон кој секако ке биде барем приближно по вредност како твојот па така ако им дадеш премногу голем поклон на врат ке им ставиш и голема обврска која можеби не ке бидат во можност да ја поднесат па ке се осетат засрамени. Значи гледај ги и нивните можности оти и тоа е во нивен интерес. И имајте во предвид дека тоа што даваме тоа и ке ни се врати. Ако на првата брачна ноќ изброиш голема сума одчекувај во иднина да издвојуваш и поголема сума на свадбите на кои ке бидеш поканет или пак тие пари веке се дадени од тебе или твоите родители претходно на свдбите на гостите.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Кај нас џабе ти е да си креативен што и да однесеш макар и да е уникат, ќе те гледат на криво доколку не се „ материјали во плик “ Јас би бил кеф коа би добил некое уметничко дело, некоја фигура, украс, уникатен и добар па и да е ефтин. За да не се „ срамиш “ пликот и терај. Али тоа ти е наш менталитет, не сме ние криви така не возат.
Таа уметност што е за тебе убава, за младоженците не мора да биде. А освен тоа, преглупо е ти да бираш што да има некој дома, освен ако тој некој сам не си побара.
Не е за срам, практичност е во прашање.
Во најмала рака, ако сакаш поклон баш од некаде, договори се во таа и таа галерија, до таа и таа сума, сами да си одберат уметничко дело :)
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Таа уметност што е за тебе убава, за младоженците не мора да биде. А освен тоа, преглупо е ти да бираш што да има некој дома, освен ако тој некој сам не си побара.
Не е за срам, практичност е во прашање.
Во најмала рака, ако сакаш поклон баш од некаде, договори се во таа и таа галерија, до таа и таа сума, сами да си одберат уметничко дело :)
Во право си. Нема збор. ;)
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.167
Поени од реакции
1.047
јас сум утре на братучед прв на свадба па се мислев за поклон.

со девојката да дадеме некаде околу 50 еур. пошто и скапо врем е
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Се жени од девојками вујко е(на мајка е брат), и сеа нормално поканет сум.1 бонче си викам доста е како запоклон ?
 
Член од
24 јуни 2014
Мислења
19
Поени од реакции
56
Vo kontekst na temava eden vic:
Si bile edni baba i dedo i gi pokanile na svadba arno ama na pokanata pisuvalo "poklon vo plik " i dedoto vika: Lele ami sega kako ke ja staam mikrobranovata vo plik? :pos:

Shala na strana mene poveke od pari vo plik mi se dopaga idejata da se napravi spisok na potrebni raboti od edna prodavnica ili stokovna kuka i site pokaneti zi izbiraat sto da podarat od spisokot, taka em ke se zadovolat potrebite na bracniot par em se zadrzuva onaa stara tradicija na podaruvanje na nesto sto ke te potseka na rodninite i prijatelite, a ne na pari koi najcesto na kraj se trosat za nekoja glupost i ne ti ostanuva nekoj spomen.
 
Ок, и сите решат да ти ја подарат микробрановата од списокот? Затоа најдобро пари, па после ти што сакаш купи си.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Pa mnogu jasno deka dokolku nekoj ja kupi mikrobranovata odma ja brishat od spisokot :)
Многу модерен список тој бе. Кај живеете бе луѓе? Пред две години, правев свадба, еден од поклоните беше фритеза со гаранција или фискална од пред 10 годин. Друг поклон беше сервис кој среќа што се скрши при преместување следниот ден, ако не ќе требаше јас да го скршам, толку што не чинеше. Заебете списоци, давајте пари. Да не се чудите после на вашата свадба кога ќе добиете 200 сервиси и 20 слики.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.991
Битно е секој да си ја плати порцијата што е од прилика 20тина евра... некој ќе даде 1500 некој 1000че со што ќе се пребијат сумите а келепурот за младениците е пликото од поблиската рода што би требало да е подебелко.
Братучетка ми на времето кога правеше свадба, цела кафана беше затрупана во фритези, тостери, микробранови и разни кујнски помагала, зет ми првите две години од бракот ги помина на ауто-пазар :icon_mrgr:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Свадби не ценам, јас не правев и избегавам и да одам по свадби, ми изгледа како беспотребно трошење на време и пари (со месеци унапред се трча се организира се троши...) То се остатоци од времето кога на коњи, вооружени се одеше до соседно село се земаше невеста со караван чеиз и немаше разводи туку жената се убиваше ради неверсто, недомаќинство....
Мојата “свадба“ беа родителите, браќа и сестри и дестина најблиски на убав ручек во Охрид. Ни посебни алишта ни проби на венчаници ни бовчи ни покани ни лимузини ни музики... ојдовме потпишавме ручавме и толку. Поклони добивме во пари, не прашаа шо би сакале, имаше после тоа уште едно недела две ќе дојдеше некој да ни честита и воглавном пликче, а ние кафе ракија, некое мезе.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Другар сега правеше свадба, по нормала имаше од прилика 50еур во плика, кој дал 2000 кој 2500 кој 4500 да се дојде до average од 3000 ден во плико. И сите беа задоволни :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom