D
Daedalus
Гостин
„Глуп“ ви е секој втор збор у дебативе. Мора да поседувате способност за читање на интелектот позади секој јузер како резултат на тоа што го пишува. Имате направено екстензивни мерења на неговите логички, вербални и други вештини, неговата генетика, мемории и знаења, а потоа со сигурност заклучувате дека поради тоа што пишал „така и така“ тоа укажува на тоа колку е тој паметен, а колку глуп.Јас мислам дека воопшто нема да ти одговори, од проста причина што те смета за многу глуп![]()
99% од стварите кои ги пишал Гурџи до сега уште од почетокот на неговото постоење на кајгана, укажуваат на алгоритам од 10 линии резонирање, а се дрзнува да ги вреѓа сите свои соговорници со говор што му доликува на 3 годишно аутистично дете.
У сите овие теми со чесни исклучоци како @MIKI1 и уште неколку момци, повеќето гледаат да ја покажат величината на својот пенис и да користат ad hominemi у стилот на глуп си, слеп си итн итн... Ако е нешто глупо, тоа е една придавка како „глуп“ „паметен“ да се користи за опишување на цел човек со години и години меморија и + 10000000000 причини кои варираат од неговата генетика/околина зошто го прави/мисли тоа што го прави/мисли.
Настрана од тоа што имам приметено дека сите овие теми се умрени одамна, пошто дебатите револвираат околу тролање, истите дискусии пак и пак и највеќе од све дружба, што е сасим ок, се додека не се базира на ваков тип на комуникација што искрено, нема никаква ама никаква поента сем губење време. Боље на пиво едно да седнеме неголи вакви муабети.