Фриленсер (Freelancer)

  • Креатор на темата Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување Време на започнување
Не е до тоа дали си нов туку дали си индиец или не, ако си индиец лесно ке земеш работа. Пред 3-4 години пробав на фриленсер бев упорен 1-2 месеци и недобив ниеден клиент. И дигнав раце oд freelance.com.:D
Ех
дигнав раце од фриленсер тогаш, сега пред месец два се закачив на одеск (некој овде ми препорача пред година-две ама да не си женско, потешко ги сврзуваш важните размислувања мислиш на ноктите повеќе). И добро никогаш не е касно. Во рок од две недели фатив проект - и добро е. Пред десетина дена работев на еден флаер ама јас си побарав 50% однапред, тој ми понудил без плаќање однапред и јас без читање прифатив. Капак на се испаднаа проблеми со резолуцијата на една слика што запна да ја стави и поправки и го завршив флаерот а го немаше да плати. Се откажав реков овој не плаќа, и сношти идам од работа дома гледам дупло ми платил. Се испревртив од изненадување. :) Бонус за патики. Овој месец од одеск ќе имам повеќе од платата...
 
Што највеќе се бара како фриленсер, имам познавања од се по нешто, office сите програми, photoshop, illustrator помалце. Сакам да почнам да работам како фриленсер, и јасно ми е дека ќе треба да се фокусирам на одредена работа па затоа прашувам што да почнам да учам интензивно за да почнам во скоро време да работам преку оДеск и слични.
 
oDesk слика на која си насмеан, еден основен тест се потполнува и неколку по желба, да го уредиш профилот да напишиш нешто што мислиш дека ќе ги привлече, ако немаш работено ништо до сега да сработиш нешто што ќе изгледа како проект и да ставиш во портфолио
Првиот проект тешко се фаќа да не се откажуваш
И ако не оди ептен од друг профил да си купиш сам себе нешто да си дадеш една петка и ќе тргне
Јас за малку ќе си купев, чекав плата на картичка од пријателка да стигне за да ми купи нешто, кога успеав да фатам проект

Друго, да не молиш никого и да не спушташ цена. Работев за по 30-50 долари проект, сега мислам дека кога аплицирам за иста работа од 300 долари гледаат дека сум работела ефтино и тоа ми е минус, ама ќе се средам некако
А замисли да направиш нешто за 5 долари никогаш не ќе фатиш нешто асално

За што да се определиш? Гледај по огласите и види сам што ти лежи.
 
Фала Мони, ќе видам овие денови ќе го средам профилот па ќе видиме што како.
 
Што највеќе се бара како фриленсер, имам познавања од се по нешто, office сите програми, photoshop, illustrator помалце. Сакам да почнам да работам како фриленсер, и јасно ми е дека ќе треба да се фокусирам на одредена работа па затоа прашувам што да почнам да учам интензивно за да почнам во скоро време да работам преку оДеск и слични.
Mислам дека не е доволно од се понешто, едно е доволно ако добро го знаеш.
За фриленс добро ти е графички дизајн, анимации, веб дизајн, веб програмирање итн, итн.[DOUBLEPOST=1403869165][/DOUBLEPOST]
Ех
дигнав раце од фриленсер тогаш, сега пред месец два се закачив на одеск (некој овде ми препорача пред година-две ама да не си женско, потешко ги сврзуваш важните размислувања мислиш на ноктите повеќе). И добро никогаш не е касно. Во рок од две недели фатив проект - и добро е. Пред десетина дена работев на еден флаер ама јас си побарав 50% однапред, тој ми понудил без плаќање однапред и јас без читање прифатив. Капак на се испаднаа проблеми со резолуцијата на една слика што запна да ја стави и поправки и го завршив флаерот а го немаше да плати. Се откажав реков овој не плаќа, и сношти идам од работа дома гледам дупло ми платил. Се испревртив од изненадување. :) Бонус за патики. Овој месец од одеск ќе имам повеќе од платата...
И мојата приказна е слична, на freelance.com не ми тргна ама на одеск и еланце ептен добро ми тргна.
Ако се посветиш целосно на фриленсинг можеш целосно да се откажеш од работата која ја работиш тука у мкд и не само бонус патики туку ке живееш донстоинствено, како што за служува секој ама тука у мкд знаеме сите како е. (да не навлегувам у политика, ја мразам)
 
Дечки ме интересира дали некаде во Македонија има курсеви за графички и веб дизајн. Останав без работа, веќе месец ипол барам работа и неможам да седам дома, слушнав од некои другари дека има солидна печалка од работење како фриленсер. Немам никаква основа, не знам дури ниту кои прорами се користат, ама имам многу слободно време и преку интернет ќе се трудам да навлезам у проблематиката детално. Ако не ви е проблем да ме упатите малку подетално околу програмиве и да ми пратите некои туториали би ви бил многу благодарен.
 
Здраво,
Јас имам едно малку поинакво прашање, за тие што се во Скопје, дали обично работите од дома? Барам место во Скопје каде би можело бесплатно (или ефтино) да се седи и работи, доволно е да има интернет, штекер за лаптопот и клима :)

Ви благодарам!!
 
истиот проблем, од дома не е лесно ама јас имам деца за вардење дури се мали морам, па ги научив да знаат дека кога работам пред компјутер тоа е за да не морам да ги оставам повеќе и да одам на работа,.. дури и сок ми носат само да престанам со редовна работа ...душички.

Најдобро ти е кај што некоја баба издава соба за студенти. Тие станови се најтивки, не мора да имаш фирма, не плаќаш како за дуќан, а и не си сама. Можеш и по роднини, комшии кој е цел ден на работа, или мирно нема деца, да ти дозволи да си работиш од кај нив
 
Good for you
 
@moni_moja а како се врши исплатата?

Ќе биде добро ако можеш во ПП да ми одговориш
 
Последно уредено:
Дечки ме интересира дали некаде во Македонија има курсеви за графички и веб дизајн. Останав без работа, веќе месец ипол барам работа и неможам да седам дома, слушнав од некои другари дека има солидна печалка од работење како фриленсер. Немам никаква основа, не знам дури ниту кои прорами се користат, ама имам многу слободно време и преку интернет ќе се трудам да навлезам у проблематиката детално. Ако не ви е проблем да ме упатите малку подетално околу програмиве и да ми пратите некои туториали би ви бил многу благодарен.
Види имаше во Семос и Сеавус, ама не ти треба курсеви ич ако малце знаеш гугл да користиш. Инаку ако сериозно планираш да се бавиш со тоа оди во некоjа студиja за цртанje, малце да сфатиш поентата со боите и т.н. Во главно за Design се користат Adobe soft како
Adobe Photoshop, Adobe InDesign, Adobe Ilustrator, Adobe Flesh/flex добро е да научиш малце HTML и CSS и ако за веб-дизajн ке ти треба javascript & jquery. Рачунаj исто ке треба да купиш акк на некоj ресурси ко шутерсток. Не мора се да научиш веднаш, учи Photoshop има пуно на гугл и видео и обични туториали, бараj нешто ко "photoshop for beginners online tutorials" и да мораш англ да знаеш секако :)
 
Се сложувам, со курсеви и слично само залудно ќе си ги потоши прите и времето. Така е, ако знае англиски и ако има желба сам повеќе ќе научи.
 
Кога сме кај курсевите, и на оваа тема ќе споделам. Имам ваучер кој може да се искористи за било која од Seavus академиите, и изнесува некои 15% попуст. Од вкупната сума на школарината, ова е многу. Ја не можам да го искористам бидејќи немам време, иако баш би сакала. Ако некој од вас размислувал за годинава за ваква работа, бујрум, во пораче ;)
 
Дали има некој фриленсер што работи админситративни работи, офис, ексел, ворд, сметководствод, внес на податоци (дата ентри) и слично...??? на oDesk или било која фриленсерска страна..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom