Фан клуб - РК Вардар

Член од
14 април 2010
Мислења
4.680
Поени од реакции
5.958
Абе барем еднаш да не поскаше среќата, еве на приемр со Спарта Прага на гости во последните минути, или па во април со Фленсбург, доволно ќе беше, ама ова веќе не е можно. Па ние група нема да поминеме у пм.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407
Група на смртта, дефинитивно. Од друга страна, па сите може да ги победиме...
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Абе ако се знаеше што среќа не следи од лани,ова не е за чудење,да му ебем среќата никаква.Ако сакаме втора фаза ќе мора скоро све дома да се тепа,и некој бод надвор да се кљукне,евентуално кај Монпеље или па Медведи.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Шо екипа имаат Медведи ?
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
167
Поени од реакции
333
Лазаров и Столе за Ракометни Вести:

Лазаров: "Тешки противници од 4-ти а поготово од 6-ти шешир. Ќе нема лесни бодови на гостински терен али сепак очекувам да избориме подобар пласман од лани а тоа би било втора или трета позиција."

Столе: "Тешка група, со самото тоа што го извлековме Монпеље од шестиот шешир значи дека групата е пекол. Но незначи дека немаме шанси. Лани покажавме дека припаѓаме на самиот врв за европа, а следната сезона е испит на нашата здрелост како играчи. Милам дека со пеколната атмосвера, нашите Комити и нормално со спортска среќа можеме да го повториме резултатот од прошлата сезона."
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Цеље дома е рамнпоравен со сите.Победа кај нив на гости би било многу тешко.Сите дома победи + победа против Чеховски би требало да биде доволно за трето место.
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Немавме како по обичај многу среќа, но групата е многу атрактивна. Немаше да биде лошо барем квалификант да имавме од шестиот шешир, но што е тука е. РНЛ, ќе имаат следната година уште подобар тим со двајца исклучително перспективни млади играчи, Рајнкинд и Сутон, плус Кнер и Менса(х) Ларсен (од Алборг). Единствен проблем може да им биде новиот тренер, но тоа останува да се види како ќе излезе. Монпеље исто така ќе има одличен тим - без разлика на заминувањето на Акамбре и Омејер - со повеќе одговорности за Симоне(т), Доленец, Гребил и Ко. , што ветува многу атрактивна игра. За Веспрем нема што да се каже. Доаѓаат Цајц, Миклер, Маргуч, Лекаи... Цеље и Медведи се на хартија аутсајдери но со оглед на нашите настапи на гости, минативе години, за тие две гостувања треба да бидеме ИЗВОНРЕДНО подготвени, пред се психички. Се надевам лекцијата од Минск од минатата сезона е научена.

Генерално многу атрактивна група имаме и мило ми е што е така. ТОП ракомет не чека од октомври....а, сега може конечно да се оди на одмор :D

Имајте сите убаво лето и се читаме од есен .;)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.376
Поени од реакции
36.304
Ајде наздравје втора година за ред најтешката група. Барем Рајн Некар да го избегневме ќе беше ок.

Генерално ќе биде касапница и до последно коло ќе бидат сите во опција за првите места.

Вака од прва кога би се испукал би рекол следново :D

Веспрем - победа дома, пораз гости
Рајн Некар - победа дома, пораз гости
Целје - победа дома, тесно во гости
Монпелје - победа дома, тесно во гости
Чеховски медведи - победа дома и победа гости

Со овој состав што го направивме не смее да дозволиме пораз дома.

Многу зависи како ќе изиграме во гости и исто многу битно е како другите ќе играат во гости, посебно Веспрем и Рајн Некар.

Ќе биде весело али на мака се познаваат јунаците.[DOUBLEPOST=1403894720][/DOUBLEPOST]П.С.

Прва утакмица, гостуваме кај Целје :)
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Потешка група од оваа не можеше да ни се падне у пм.Ќе биде доста заебано,но само во ваква група ќе може да ја видиме вистинската сила на Вардар.Нема простор за паника затоа што играчите ќе имаат 3-4 месеци за добро да се подготват за овие дуели и да покажат одново како се игра ракомет со срце за Вардар.Многу е важно Дибиров да се врати во форма и повредите да стојат подалеку од Штербик и останатите играчи на Вардар,а и другите ракометари да ја задржат формата од лани со тоа што кај помладите реално е да се очекува и напредок.Утракмиците во Скопје ќе бидат многу важни за конечниот пласман и тука Вардар не смее да дозволи да биде поразен.Гостувањата кај Веспрем и РНЛ ќе бидат доста заебани,но ако сакаме пласман во Ф4 ќе треба да прикажеме и добар ракомет на гости.Со Цеље и Монпеље ќе биде исто така на гости тешко да се игра (посебно кај првиве),но мислам дека ако Вардар во тој дел од сезоната е комплетен ќе успееме и од таму да извадиме победи.Со Чеховски Медведин очекувам победа и дома и во гости.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Ајде наздравје втора година за ред најтешката група. Барем Рајн Некар да го избегневме ќе беше ок.

Генерално ќе биде касапница и до последно коло ќе бидат сите во опција за првите места.

Вака од прва кога би се испукал би рекол следново :D

Веспрем - победа дома, пораз гости
Рајн Некар - победа дома, пораз гости
Целје - победа дома, тесно во гости
Монпелје - победа дома, тесно во гости
Чеховски медведи - победа дома и победа гости

Со овој состав што го направивме не смее да дозволиме пораз дома.

Многу зависи како ќе изиграме во гости и исто многу битно е како другите ќе играат во гости, посебно Веспрем и Рајн Некар.

Ќе биде весело али на мака се познаваат јунаците.[DOUBLEPOST=1403894720][/DOUBLEPOST]П.С.

Прва утакмица, гостуваме кај Целје :)
Се знае ли распоредот и кога е со Цеље во гости? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom