Не знам зошто толку кажувате приказни за успеј кога тоа не е ништо чудно ниту ново. Успешни приказни на поединци има многу. Во секое маало, село или помал град каде што луѓето се знаат меѓу себе ги знаат и приказните и успешните. Дури и во комунизмот постоеле успешни луѓе. Значи, се знае за луѓе кои уште во тоа време (седумдесеттите) возеле скапи спортски коли и не биле дел од партија или слично. Значи тоа се луѓе приватно што работеле, дуќани, занаети, работилници, или па имале машина некоја и слично. Некои се експонирале со пари некои не различно било. Значи и во тоа време кога имало големи емигрирања во Австралија сепак постоеле луѓе кои работеле и приватно и биле успешни. Денес нивните внуци, некои и ги познавам се милионери пошо наследиле огромна пара. Некои и го продолжиле бизнисот некои работат нешто сосема друго.
Потоа во деведесеттие години иако пропаѓаа фабрики исто имаше луѓе шо им одеше ептем добро, без партии без ништо од 0 почнати дури и рекетирани стигнале до големи богатсва, Мерцедеси, куќи-палати. Ги имаше и во две иљадитите, а претпоставувам ги има и сега, можеби и во поголем број.
Успешни има и надвор. Запознав луѓе Македонци, а и Срби кои надвор исто стекнале огромна пара дури и за западњачки услови, зборуваме за милиони. Јасно се збогатиле со приватно, со куќи на кои им се кренала цената итн, различни начини. Едноставно им одело, луѓето купувале до нив и тоа е. Некои од нив образовани, некои не. Има и приказни за луѓе кои не се снашле или па за мрзи кои ја добиле клоцата в газ ради тоа што биле неработници.
Ама работата е што за мене, Трајко Петко Станко тие приказни се ирелевантни. Секој си има свој занает и знае кај може да биде успешен и си го знае израчунот. На пример во деведесеттите информатичарите во Македонија беа воглавно за грев. Роднини мои едвај со триста маки и молења наоѓаа работа за 9000 денари тогашни. Инжињери машински, електро, технолози имаше со лопата да ги ринеш од пропаднатите фабрики и во најголем дел се до ден денес за грев.Немаше аутсорсинг како сега па да имаат работа колку сакаш. И нормално е човек во такви услови да оди да се проба на друго место каде што има побарувачка од такви кадри. Попаметно отколку во кладилница да дреми. Исто и економисти на пример, за нив според кажувањата отсекогаш било тешко за работа иако има и примери на добро зафатени сметководители кои глава не можат да кренат од работа.
Значи да сумирам приказни има колку сакаш и за успешни и за неуспешни луѓе. Работата е што времињата се менуваат, инжинерите некогаш значи во деведесеттите беа ептен за грев,денес можеби не се, ама реално тие што емигрирале тогаш се во ќар пошо алтернативата била да седат така дома наместо да искористат прилика за подобар живот и повеќе пари која им се пружи надвор.
Далеку подобро е да го искоритиш времето и да бегаш и да се пробаш на друго место отколку да чекаш да се остварат некакви си бајки на политичари демек подобар живот и слично