Редовен сервис на кола

  • Креатор на темата Креатор на темата vladimir67
  • Време на започнување Време на започнување
Си платив ко попче 8900 во Порше за сервис на полото, сменија масло, филтер за воздух, филтер за масло, филтер за полен, и уше еден филтер не ми текиња кој. Многу ми се виде али ај да прашам и тука дали ептен ме одрале. Колата ми е под гаранција така да немав многу избор
 
Одерен си. Здраво одерен.

Јас некна сам си го правих сервисо дома со еден другар. 6 литра оригинал форд 5-30 синтетика, филтери за воздух, клима и ујле (сите три Хенгст) се на се 4 000 денара. (Саат време беше целата процедура).

Ама шом си под гаранција, мора да одеш там. :(:(
 
Си платив ко попче 8900 во Порше за сервис на полото, сменија масло, филтер за воздух, филтер за масло, филтер за полен, и уше еден филтер не ми текиња кој. Многу ми се виде али ај да прашам и тука дали ептен ме одрале. Колата ми е под гаранција така да немав многу избор

Филтер за гориво ти смениле..Мене сето тоа ме кошта 2700 денари,филтри Хенгст,Асо,Комлајн и Уфи,масло 5 литра Ликви Моли 10-40,ајде ќе ставам уште 300 денари,уште литро докупив оти не се погоди 3000 денари комплет,ја чувам фискалната сметка од продавницата од кај што ги купив работите,замената е бесплатна.Какво масло ти ставиле?Ако е од тоа Мобил,Кастрол,Селениа,тие се скапи масла,и имаш филтри од 200 денари па до 1000 денари.Ама за еден најосновен сервис да те обричат 150 евра,ами каиши и затегачи ако ти мењаваат,само ребрастиот кошта над 1500 денари,и двата затегачи по 1300-1400,бар за мојава кола се толку,кај ти е крајот,ќе банкротираш..
 
Фала дечки, да си барам значи саглам механичар и сам да си ги купувам деловите па догодина здравје на пола да биде сервисот. Да препорачате некој саглам и еснафски сервис за Волксваген да не ме дерат толку од догодина..
 
Од каде си?
 
Да ве замолам и на мене да ми препорачате некој саглам автомеханичар за Фиат Пунто и втората ми е Ланча Либра. Од Скопје сум, фала!
 
Да ве замолам и на мене да ми препорачате некој саглам автомеханичар за Фиат Пунто и втората ми е Ланча Либра. Од Скопје сум, фала!

Ланчијата дизел ли е? 1.9 или 2.4?
 
После година дена одприлика ја пак на истава тема. Ми треба сервисер еснаф за Полото мое. Значи не се разбирам у коли, би си платил поштено али нејќу некој да ме коле.Заврши љубовта со
Порше така да давајте предлози.
 
Сартан, неможам да ти кажам кој е добар сервисер затоа што и јас барам таков. Затоа можам да ти кажам каде никако да не ја носиш, а тоа е во "German Service" на Никола Парапунов во Карпош 4. Значи толку сум изреволтиран од мајсторите таму што мислам дека малку ќе биде и 2 страни да напишам. Јас сум исти како тебе, не се разбирам многу во коли инаку имам А3 исти мотор од "Volkswagen" и барав мајстор да сменам дискови и да ми открие еден друг дефект поради што се јавува. Дисковите го сменив кај него и ми наплати 8500. Откако се распрашав видов дека истот мозам да го направам во било кој сервис за 4000 денари. Што е уште потрагично не ми ги наместиле убаво па по неколку километри почна да ми чади од дисковите ке се запалев.
За другиот дефект ми побара 24 000, само за споредба сега ја правам кај друг мајстор во Чаир за 5000.
 
Никогаш не сум носел кола на сервис да ми сменат масло,филтри за масло/гориво/полен,плочки дискови,клинаст каиш,манжетна на полуосовина,јабучици,спони,стабилизатори,вода за брисачи/хладњак.............додека биле под гаранција или после тоа

А фудбал никогаш не сум гледал ни па ме интересирал,
Затоа па сум голем љубител на WRC,SWRC,WTCC,F1,МотоGP и серии поврзани со коли нивна поправка,реставрација........... за кои секогаш наоѓам време.
 
Нека ти ја донесе @sartan колата ти да му ја сервисираш, биди колегијален.
 
Со задоволство би му помогнал ама немам време а и друга е одговорноста за туѓо возило(y)
Нека ти ја донесе @sartan колата ти да му ја сервисираш, биди колегијален.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom