- Член од
- 31 декември 2013
- Мислења
- 101
- Поени од реакции
- 192
"The method of loci" (ипк умствени палати, mind palaces, memory palaces) е начин на помнење информации преку поставување на истите во визуелно замислени локации наречени умствени палати. Палатата може да претставува дом во кој живееме, работно место или целосно измислено место. При креирање на своја палата, потребно е детално да се замисли локацијата така што би биле способни да направиме замислена прошетка низ неа. Потоа се поставуваат информации некаде низ палатата за кога повторно ќе се вратиме во неа да можеме да се сетиме на информациите. Пример: сакате да запомните телефони број, одите во вашате палата и го запишувате бројот на ливче, го оставате ливчето на масичката во дневната соба и така ја запомнувате палатата, потоа секогаш кога ќе се вратите во неа ливчето со бројот ќе бидат на масата и ќе може визуелно да го прочитате и всушност да се сетите на бројот.
Ова е со мои зборови, повеќе се разбира на википедија: http://en.wikipedia.org/wiki/Method_of_loci
Доколку некој има искуство би било добро да сподели и објасни повеќе. Останатите, што мислите за ова ?
Ова е со мои зборови, повеќе се разбира на википедија: http://en.wikipedia.org/wiki/Method_of_loci
Доколку некој има искуство би било добро да сподели и објасни повеќе. Останатите, што мислите за ова ?