СП 2014 - Група Г (Германија, Португалија, Гана, САД)

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување
Варела,Печела без црнче ништо.


Колку само ми е криво што не сум Португалец,Американец во моментов па малце возбуда да почувстуваме и ние...или Македонија да игаше на СПво...ах..
Епа ај ако не да го затвориме подфорумов и да не коментираме :mad:

Упс, погрешна тема :icon_lol:
 
Ахх бе, а сакав да тепаат америте иако ќе беа пред Германија со победа. Мора нерешена да ја местиме последната, повеќе заслужуваат САД да одат понатаму од останатите.
 
А бе, математичари, а ако Гана изгуби од Португалија, а САД од Германија, САД оди понатаму?
Зависи со колкава разлика ќе победи Португалија и со колкава разлика ќе загуби САД, португалците имаат гол разлика -4, американците +1.
 
Не ми е јасно само како можеше Клинскам да ја пее химната на Америка некако чудно ми делува тоа. Германец цел живот го поминал во Германија и сега за 6 години работа во Америка да ја пее химната некако чудно е гледано од европски аспект.
 
Зависи со колкава разлика ќе победи Португалија и со колкава разлика ќе загуби САД, португалците имаат гол разлика -4, американците +1.

Portugal just need to beat Ghana 4-0 and hope Germany beating USA 3-0 to qualify for the round of 16.

Ама ова некако ми делува на научна фантастика. :icon_mrgr:
 
Не ми е јасно само како можеше Клинскам да ја пее химната на Америка некако чудно ми делува тоа. Германец цел живот го поминал во Германија и сега за 6 години работа во Америка да ја пее химната некако чудно е гледано од европски аспект.
Добро де леле од почит е тоа и Хицфелд ја пее на Швајцарија баш примети го нареден пат.
 
Кое првенството еј.. чуда се случуваат :vozbud:
Овој стоперот на јенките Камерон е баксуз како Камерунската репрезентација на ова првенство направи кардинална грешка во одбраната што му асистираше на Нани да постигне гол, и доцнеше цели 5 секунди зад Варела и му остави чиста позиција да бие.
Сакав да победат јенките.. ме изнервира оваа никаква игра што ја играа португалците, ги изедоа на средината на теренот Џонс и Бредли, овој Меирелеш нема никаква желба за да разигрува.. истрошен играч, Мутињо го бидува колку толку.
Ако играат така и против Гана црно им се пишува.:D
Ќе гледаме извонредно трето коло..:drk:
 
А бе, математичари, а ако Гана изгуби од Португалија, а САД од Германија, САД оди понатаму?
Во тој случај Германија би имала 7 бода, САД и Португалија по 4, а Гана 1. Одлучува гол разлика па зависи со колку би тепала Португалија и со колку би изгубиле САД. Моментално САД има + 1, а Португалија -4 така да рачунај сега....... :D
 
Гана, сега му е мајката! :icon_lol:

Браво за америте, заслужија победа ама немаа среќа... Бредли еј, кое дрво... немам зборови. Нани па, некој го фалеше тука.. Освен голот ништо друго добро не направи.
 
Во тој случај Германија би имала 7 бода, САД и Португалија по 4, а Гана 1. Одлучува гол разлика па зависи со колку би тепала Португалија и со колку би изгубиле САД. Моментално САД има + 1, а Португалија -4 така да рачунај сега....... :D
Portugal just need to beat Ghana 4-0 and hope Germany beating USA 3-0 to qualify for the round of 16.

Ама ова некако ми делува на научна фантастика. :icon_mrgr:
Хаха, еве бе најдов, ми излезе на твитер овој муабет, ме мрзеше да сметам. :D
 
Гана, сега му е мајката! :icon_lol:

Браво за америте, заслужија победа ама немаа среќа... Бредли еј, кое дрво... немам зборови. Нани па, некој го фалеше тука.. Освен голот ништо друго добро не направи.

Направи, направи...го нервираше К.Роналдо :icon_lol:
 
Хаха, еве бе најдов, ми излезе на твитер овој муабет, ме мрзеше да сметам. :D
Веќе почнав да те цитирам па после видов. Нема врска. Само мала исправка. Ако тепа Португалија 4-0 тогаш би имале гол разлика 0. Тогаш САД би било доволно да изгуби и 2-0 па би имале -1 со што Португалија оди. Значи грешка ќе да е тоа 3-0. Во секој случај и да изгубат САД од Германија не ми се верува да е повеќе од 2 гола. А дека ваква Португалија ќе ја тепа Гана 4-0 малку покасно :icon_lol:
 
Не ми е јасно само како можеше Клинскам да ја пее химната на Америка некако чудно ми делува тоа. Германец цел живот го поминал во Германија и сега за 6 години работа во Америка да ја пее химната некако чудно е гледано од европски аспект.
Има жена Американка, а и неколку години живее во Америка, па ваљда заради тоа...
 
Ако Португалија тепа 3-0 , а САД изгуби 3-1 ситуацијата ќе биде
Германија 7 бода
Португалија 4 бода 5/6 гол разлика
САД 4 бода 5/6 гол разлика
Гана 1 бод

У овој случај ќе се прави ждребка т.е ќе се влече ливче кој да иде даље
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom