DERRICK MAY and Macedonian Philharmonic Orchestra, Antique theatre Ohrid - 02.08.2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Torchyrus
  • Време на започнување Време на започнување
T

Torchyrus

Гостин
На 2 август, во Античкиот театар во Охрид Меј ќе настапи со Македонската филхармонија. Ваквите несекојдневни концерти на филхармонијата се мала воздишка од класичната музичка програма, која доминира на нивниот репертоар. Класиката во последниве неколку години упорно трага по различни форми на презентација за да привлече нова публика

derik-mej.jpg



transparent.gif

Дерик Меј е редовен гостин на домашните клупски сцени, но сега, првпат ќе го видиме во поинакво светло

ФУЗИЈА ОД ЕЛЕКТРО И КЛАСИКА НА „ОХРИДСКО ЛЕТО“

Легендарниот диџеј и еден од пионерите на детроитската техно-сцена, Дерик Меј, вчера во Скопје го најави својот настап заедно со Македонската филхармонија на 2 август, во Античкиот театар, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Концертот што е во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на најстариот национален ансамбл, ќе претставува фузија од електронска и класична музика, ќе биде збогатен со светлосни ефекти, видео и аудио поддршка, а уметниците на сцената ќе носат специфични костими.
Станува збор за несекојдневен музичко- сценски спектакл насловен „Музика унверзалис“, на идеја на продукцијата „Излет мјузик“ на Огнен Узуновски. Оркестарските аранжмани ги создаде македонскиот музичар Емин Џијан, кој ќе го предводи оркестарот на Македонската филхармонија.

Мајлс Дејвис на електронската музика

Дерик Меј е редовен гостин на домашните клупски сцени, почнувајќи од неговото прво гостување во 2000 година, но сега, првпат ќе го видиме во поинакво светло. Тој е еден од тројцата најзаслужни луѓе на светското технодвижење кои ги испробувале границите на духот на електронската музика и дале еден нов облик. Го нарекуваат Мајлс Дејвис на електронската музика, кој со својата музика ги освои сите европски и светски сцени и фестивали. Меј, исто така, е и еден од првите американски технодиџеи што настапиле во Британија. Со диџејството почнал во клубови и на андерграунд-забави. Во 1987 година ја основал издавачката куќа „Трансмат рекордс“, а истата година ја издаде песната „Нјуд фото“, која и денес е голем хит.
- Почетната идеја за овој концерт дојде токму од организаторот, кој сакаше да направи нешто што ќе се истакне на овие простори, што ќе постави нови граници на еден културен настан. Тој ме спои со Џијан, а запознав и прекрасни луѓе кои трудољубиво работат за да ја претстават својата земја најдобро што можат - вели Меј.
Познатиот диџеј рече дека концертот во Античкиот театар ќе доживее една голема културна резонанца што ќе се развие и надвор од границите на Македонија.
Емин Џијан истакна дека ова ќе биде масовен проект, со 80 музичари на сцената.
- Тешко е со зборови да се објасни самата музика, но можам да кажам дека акцентот ќе биде ставен на перкусивноста на оркестарот, ќе бидат искористени сите можности што може еден симфониски оркестар да ги изведе, почнувајќи од самиот звук, боите на оркестарот и моќта на гласноста на еден оркестар - вели Џијан.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека се работи за ексклузивен настан, замислен како музичко движење кое создава нови енергии. Директорката на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ, пак, додаде дека со овој настан ги отвораат вратите за комбинирање на богатиот симфониски звук со други, различни жанрови.

Целна група - помладата публика

Овие концерти на Македонската филхармонија се мала воздишка од класичната музичка програма, која доминира на нивниот репертоар. Класиката во последниве неколку години упорно трага по различни форми на презентација за да привлече нова публика. Помладата публика е главната целна група на оркестрите и на оперските куќи во светот. За да ја задржат публиката и да привлечат нова, многу од водечките оркестри во светот решија да излезат од конвенционалните рамки и да прават концерти што имаат популистички концепт. Зашто токму тоа е целта на ваквите проекти - уметноста да се изнесе надвор од институциите и да им се приближи на што поголем број граѓани.
Музичко-сценскиот перформанс „Музика универзалис“ е под покровителство на Министерството за култура. За визуелното обликување на концертот ќе биде задолжен режисерот Игор Иванов-Изи.
Од организацијата најавуваат досега невидено шоу на овие простори, а концертот ќе биде снимен на дивиди со краток документарен филм за археолошките локалитети и амфитеатри во Македонија.
10437556_10152493824504344_8954206640955202156_n.jpg

Секоја чест за настанот... го добиваат моето присуство, како што знаеме Пасворд продукција на овој датум организираат Green Beach Festival па се надевам доколку носат нешто квалитетно во пресрет на вистинските фанови што сакаат да присустуваат и на двата настани нека биде нивниот на 1ви или 3ти...
Ова би требало да биде нешто како
 
Да не знае некој нешто кога карти, колку пари, и од кај се купуваат?
 
Продажбата на картите започнува на 14.07.2014 нив можете да ги набавите преку kupikartizase.com или во Излет Кафе. До 31.07.2014 карти се 1200 ден за седење и 1000 ден за стоење. На 01-02.08.2014 цената на картите е 1500 ден за седење и 1200 за стоење.

https://www.facebook.com/events/482608341874965/

Има и веб сајт, ова ваљда ќе стане традиција секоја година, Musica Universalis проектот, заедно со Излет музика.

http://www.musicauniversalis.mk/
 
Фанче сум на добар хаус, го почитувам Дерик доста време. Ова е настан шо не смее да се пропушти бар според мене. Не очекувам журка, очекувам спектакл. Исто се јадеше трици и за концертот на Металика со симфонијата на Сан Франциско па сеа е еден од најслушаните. Тоа шо е на отворено дава еден голем плус, да слушаш таков настан на такво место, со таква музика, со еден од пинерите на тој жанр едноставно ке биде неповторливо. Мојата карта е купена се чека денот. Слушнав дека целиот настан ке биде и сниман за ДВД видео издание...тоа ми кажува дека ќе биде прекрасно!
 
Ако врне тоа е носете си шампон со вас у секој случај :P
 
На картите не пишува време на почеток anyone ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom