Храна за кучиња

L

Lu

Гостин
Сакам да прашам каде можам да ја купам следнава храна за кучиња и колку е од прилика цената:
Brit CarniLove
Earthborn Holistic - Primitive Natural
(бидејќи на форумов прочитав дека ги има во МК и според состојките се квалитетни)
?????
Earthborn Holistic - Primitive Natural ја нема во Македонија.
А Brit CarniLove кој што е моментално најквалитетниот дехидрат што може да се купи во Македонија, го има во Пет-Шоповите, поточно можеш да го најдеш во Пет-Шопот „Pet Suplies“ кој што се наоѓа на Рузвелтова, и во Капиштец / Водно (во близина на ветеринарната ординација на Диме).

Али Brit CarniLove е прилично скап доколку го купиш од Пет-Шоп, цената за вреќа од 12 кг. е околу 4.500 денари ... ќе му дојде негдека + / - околу 370 денари за 1 кг.

Јас се познавам со увозникот на Брит, и ги зимам вреќите по набавна цена.
Набавна цена на вреќа 12 кг. Brit CarniLove е 3.500 денари (1.000 денари поевтино од Пет-Шоп) ... односно 290 денари за 1 кг. набавна цена.
Ќе ти го пишам бројот од увозникот по ПП :)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Здраво на сите..ве читав до кај 20та страна и ми се преспа,па да отидам на главното..
Сакам овие денови да си земам самојед мал..
(aко ми дозволат да вдомам куче,ќе биде 4месеци,ако не,ќе си купам друго мало..нз која возраст би нашол...имам ангажирано другар што разбира од тие работи да ми бара чистокрвен самојед)

До сега немам гледано куче,а сакам(и имам ) можност сега затоа..
Па да ми кажете каква храна да му земам,по колку се дава,комбинации,ова она..(и тие што се од Струмица да ме посочат каде се купува храна)
секоја информација е добредојдена.
Би одвоил 3000ден за храна(од тоа што читав од првите страни за типови на храна,вреќи и ред други работи)...
Значи сакам да биде НА НИВОУ,со добро влакно,со сјај и се тоа..
(дури и општи информации за гледање,одржување ќе ми дојдат од корист)

ФАЛА МНОГУ! :)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523

Продолжи да читаш. Многу па и премногу пати се напишани производители и храни и коментирано е за нив. Кога ќе исчиташ побарај уште две теми постојат за готвената храна и за намирниците кои можеш да ги користиш. Мислим дека кога тоа ќе го направиш воопшто ќе немаш прашање бидејќи скоро се е опфатено.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Сакам кучето да го хранам со готвена храна. Немам намера да се замарам со глутен имало, премногу скроб, мн мал процент на месо/протеини и слично. Ги разгледав и темите со рецепти и сл.
Дилемата моја е: за 9 месечно куче, околу 10 кила, што е балансиран оброк. Која количина треба да ја јаде во текот на денот, поделено на два пати на пр?
Прочитав дека коски не смее, ок разбирам зошто, ама супа со моркови и ориз и со водата каде што се претходно варени коските, и тоа не е ок?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.791
Поени од реакции
5.577
Ајде вака за домашно готвена храна имаш и теми со рецепти, а има и тема само за храна за кучиња каде што ке најдеш информации за дехидрати.
Ама да ти одговорам на дел од твоиве прашања. Супа со со зеленчук и ориз варена во иста вода со коските не е проблем можеш да ја дадеш. Не се убави пилешки коски, ама слободно можеш да даваш телешки тоа е убаво за забите чим е 9 месеци веќе ги има сменето. Внимавај со морковите зашто ако мн даваш може да смени боја на крзно и кожа од мн бетакаротен.

Несмееш да даваш зачинета храна (нема сол, вегета и други зачини прочитај во темата убаво кој зачини смееш кој не), несмееш да даваш производи кој содржат какао и немој да даваш свинско.

Е сеа на прашањето за месо викаат дека ти треба 10-15грама месо за секој килограм тежина на твојот миленик. Значи за 10кг куче ти требаат 100-150 грама месо во денот твое е како ќе го поделиш.
 
Викса, месо се дава 3% од тежината на кучето.
Значи, ако кучето има 10 кг. треба да јаде околу 300 - 350 гр. месо :)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.791
Поени од реакции
5.577
Викса, месо се дава 3% од тежината на кучето.
Значи, ако кучето има 10 кг. треба да јаде околу 300 - 350 гр. месо :)
може не се бунам, така имам прочитано така напишав :)

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
L

Lu

Гостин
@ZeenaK9 слабо математикава а? 10кг се 10000грама, ако даваме 30% тоа се 3кг месо дневно, тоа на @Lu некако поточно ми се гледа :)
Аххх бе Виксич, не го разбра муабетот ... друга беше поентата на @ZeenaK9 :D сега треба да ја видиш Астричка повторно :P
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Што мислите за Боно (Bono Puppy) храната? Продавачката ни ја предложуваше таа храна.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.791
Поени од реакции
5.577
Аххх бе Виксич, не го разбра муабетот ... друга беше поентата на @ZeenaK9 :D сега треба да ја видиш Астричка повторно :P
Ако си ја здебелила ќе почнам петиција за да ти се одземе кучето, совршена беше :)

@ZeenaK9 извини не сум разбрал интерна шега помеѓу вас :)
 
Член од
10 јуни 2013
Мислења
176
Поени од реакции
232
Што мислите за Боно (Bono Puppy) храната? Продавачката ни ја предложуваше таа храна.
http://www.kskbono.cz/feedstuff/dog-food/dry-dog-food/dog-food-bono/bono-junior.html?lang=en
Оваа ли е храната?

Доколку е оваа сега ќе ти кажам кој е проблемот и зошто оваа храна не е добра...

состав:cereals, meat and products of animal origin, by-products of plant origin, oil and fats, fish and fish by-products, yeast, mineral substances, vitamins A, D3 and E, copper sulphate pentahydrate, with EU antioxidant added ingredients
1. Прво на листата на состојки не е ни месо туку е житарици (состојкуте на сите дехидрати се наредени по грамажа т.е кое најмногу го има во целата мешавина оди прво останатите после него)
2.meat and products of animal origin(гледав едно многу информативно видео, кое ако го најдам ке го постирам, каде што кажуваа што всушност е ова animal origin и рекоа дека може да биде од риба, измелени коски, месо од заболени животни или тоа што најмногу ме исплаши беше што рекоа може да биде и месо од мртви кучиња :sick:), кога нема определено од кое животно е храната е ЛОШО :(.

Не дај боже да продолжам со анализата :cenzura:

Најдобро е да си купиш храна со најмалку првите две состојки да се месо, или пак најмалце првата состојка да е месо од специфицирано животно

Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ако си ја здебелила ќе почнам петиција за да ти се одземе кучето, совршена беше :)

@ZeenaK9 извини не сум разбрал интерна шега помеѓу вас :)
Почни да праиш петиција :sneaky:
@ZeenaK9 слабо математикава а? 10кг се 10000грама, ако даваме 30% тоа се 3кг месо дневно, тоа на @Lu некако поточно ми се гледа :)
:pos: срце си ми, да знаеш!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
L

Lu

Гостин
Што мислите за Боно (Bono Puppy) храната? Продавачката ни ја предложуваше таа храна.
Знаеш, ние кучкарите си имаме едно правило.
А тоа гласи: Никогаш немојте да ги слушате препораките за сува кучешка храна (дехидрат) од продавачите во Пет Шоповите.
90% од продавачите во Пет Шоповите, врска си немаат, ни од квалитет, ни од состав на дехидратите ... штом Педигри, Фрискис, Чапи и слично ѓубре препорачуваат, им се гледа знаењето за дехидратите.

Тој дехидрат Боно е катастрофа, убаво ти објасни @SnowDOG зошто е катастрофа, а и двете видеа што ги постави (на претходнава страна) се фантастични и секој што чува куче мора да ги изгледа.
Поготово кога се работи за мало кученце, кое што е во фаза на раст и развој, не треба апсолутно ни еден денар да се штеди на исхраната.
Со квалитетната исхрана во периодот на растот и развојот на кученцето, ќе го извлечеш максималниот потенцијал на кученцето.

Квалитетниот дехидрат секогаш на прво место во составот, односно прва наведена состојка во составот, е месото.
И многу е важно да биде наведено во составот, од кое животно е месото.

А дехидрати кои што на прво место во составот имаат житарици, се за кокошки да речам ... а јас колку што знам има разлика од куче до кокошка, или можеби грешам ? :cautious:
Морав малку иронија да употребам :D али стварно, кој мисли дека чува кокошка во кучешка форма, слободно нека дава такви неквалитетни дехидрати.

Еве што е квалитет (кој знае да чита состав, ќе разбере):
1) Brit - CarniLove
2) Farmina - Natural & Delicious

Kajgana Shop

На врв Bottom