Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
310
Греота RIP Чичко Стоилко. Уште една причина да не го сакам Скопје !
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.460
Поени од реакции
87.243
Може не купував којзнае колку во Стоилко последниве години, ама затоа стандардно барем два пати неделно јадев нешто од Нино или земав од мекиците од втората трафика :вонзем:
Со нивното рушење во центарот на градот не можеш да најдеш ништо за поефтини (т.е. нормални) цени.
Хамбургер секаде по 130 денари, тост по 80 (во Нино беше 55), во продавнициве како Вегера цените се уби боже, еден геврек да сакаш да земеш треба 25 денари да јадеш. Обични кроасани (кои патем се скоро празни) се по 50 денари. Бурекот уште малце и 100 денари ќе затера како тргнала работата. Уште пиците скапани останаа, 2 за 70 што се продаваат :unsure:
Му удрив завршно сефте на Нино пред некој ден (појма немав дека ќе ги рушат), купив хамбургер после којзнае колку време од било која сендвичара (воглавно тост и пирошки јадев) за да се потсетам на старите денови кога во основно топевме мини бургери во Нино.

Знам колку тешко им паѓа на семејствава на вработените. Особено што едната ја знам бидејќи и е мајка на една моја другарка (повредна жена амин). И така одвај крпеа, уште ова им фалеше :confused:
Нино очекувам да отворат продавница на друго место, за другиве не сум баш сигурен.
Последен пат кога јадев таму, хамбургерите беа 60 денари, а тостовите 30 :icon_mrgr:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ејјј, леле Цитро сум го цитирал бре, не видов.... :facepalm: Сум нашол кого да цитирам
И не треба,пошто за мал прст неможеш да му се фатиш..[DOUBLEPOST=1402930564][/DOUBLEPOST]
си видел или лупаш само? у куманово поарни гледам имате
Поарни 100% Ти па знаеш какви имаме.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.946
Поени од реакции
73.640
Последен пат кога јадев таму, хамбургерите беа 60 денари, а тостовите 30 :icon_mrgr:
Хабургерите беа 60 пред 10 години :D Постепено стигна нивната цена до 80. Тостовите не паметам дека биле 30 некогаш, освен ако си јадел мали тостови :D Беа 50, после ги покачија на 55. Во нино имаше многу видови на сендвичи, и цените горе-доле беа пристојни.
Во Стоилко, имаше најефтини тостови, плус ги полнеа со еден куп компири. Се најадуваш за нормална цена. Хамбургерите мислам дека беа 70 на крајот, ама не сум сигурен...

Не беше толку лоша храната како што ја прават некои на темава. Впрочем кога јадеш брза храна, сигурно не можеш да очекуваш дека си внесол нешто што е којзнае колку хранливо. Скапани сендвичи ми се погодиле и во Жужу и во седмица, и во сите такви сендвичари кај што цената е до небо.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Реално гледано, сендвичарите изгледаат грдо и стварно мислам дека не им е местото таму, сепак се работи за строг центар на градот.
Ги сфаќам и тие што се емотивно врзани за нив, но луѓето се врзуваат за одредени места и предмети, не поради самите места, туку поради тоа што тие места ги потсетуваат на детството и младоста, време во кое биле безгрижни и среќни, ама тоа време поминало и нема да се врати, без разлика дали Чичко Стоилко ќе постои или не.
Освен тоа, промените се неизбежен дел од животот, за едно генерација Ванила и НАМА биле обележје на градот, за друга Чичко Стоилко, за помладите генерации ќе бидат некои сосема други места ...не може сега тие сендвичари вечно да опстојуваат само затоа што некој ја фатил првата женска таму, по таа логика никогаш ништо не треба да се промени во Скопје, или било каде, затоа што и најмалата ситница за некого има сентиментална вредност и некој ќе негодува поради реновирањето или отстранувањето на истата.

Од друга страна, жал ми е за вработените, претпоставувам дека работеле за мали пари и со тие пари обезбедувале егзистенција за семејството и се надевам ќе најдат друга алтернатива, за газдите пак ич не ми е жал, толку години имале бизнис на одлична локација и воопшто не се за жалење.
 
Последно уредено:

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
пред 30 год стоилко беше ПОИМ за добра плескавица. сум се убивал од јадење таму. али во последните 15+ год не е тоа што беше, така да не се ни сеќавам кога последен пат сум јадел таму. како симбол ќе ми недостасува, али како место од кај би купил сенвич нема. за 5 год децата нема ни да знаат за тоа култно место и ќе се чудат кога ќе му речеш да се најдеме кај чичко стоилко, а тоа ќе ти каже па што не кажеш кај портата.
ај едно прашање, дали знаете каде е НАМА? кој објект и што значи тоа НАМА?
П.С. АНЧО, немој случајно да си кажал ти;)
НАМА, Штип? :)
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
236
Поени од реакции
422
Ма, искрено, ич не ми е гајле што ги тргнаа сендвичарите. Само немој да ги тргнат курвите позади МТВ :(
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Овој Кока Кола, т.е. сега е Пелистерка, ни со прст не мрда за Чичко Стоилко и компанија. :pos:Нели спомнаа дека некои бараки ќе им прават на 20 метри од старите, ама изгледа и од тоа ништо. Требало трговскиот да им понуди други, ама и тие седеле со вкрстени раце, мислеле дека нема да ги рушат. Секогаш мора да имаш план Б. Сега нека си се чешаат.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.233
Што ќе ставаат на тоа место сега? Ако пак стават нешто со барокна конотација нека се обесат сместа. Ако ставаат други сендвичари со поприкладен/модерен изглед, подобро би било, стариве беа излитени и пред распаѓање. А може и да не ставаат ништо, и така на плоштадов веќе нема да има место за разминување.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
пред 30 год стоилко беше ПОИМ за добра плескавица. сум се убивал од јадење таму. али во последните 15+ год не е тоа што беше, така да не се ни сеќавам кога последен пат сум јадел таму. како симбол ќе ми недостасува, али како место од кај би купил сенвич нема. за 5 год децата нема ни да знаат за тоа култно место и ќе се чудат кога ќе му речеш да се најдеме кај чичко стоилко, а тоа ќе ти каже па што не кажеш кај портата.
ај едно прашање, дали знаете каде е НАМА? кој објект и што значи тоа НАМА?
П.С. АНЧО, немој случајно да си кажал ти;)
НАМА ако не се лажам е стоковна куќа (НАроден МАгазин)...Типо...сити галери...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.775
Поени од реакции
12.239
ај едно прашање, дали знаете каде е НАМА? кој објект и што значи тоа НАМА?
П.С. АНЧО, немој случајно да си кажал ти;)
Можда ти одговориле. НАМА колку што ми е познато е кратенка за НАроден МАгацин. Имаше се и сешто роба. сега гледам и брутус пишал исто.
 
Последно уредено:
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
skopje vise ne e moj grad iako tuka sum roden i celo vreme tuka sum ziveel ko Sokrat u Atina
 

Kajgana Shop

На врв Bottom