Дај ми барем еден извор каде пентаграмот е христијански симбол? Барем еден? Од каде ви се овие лаги, немам појма, ама штом доаѓа од вас, не ми е воопшто чудно.
За второто, во врска со прашањето не ми одговори. Тоа значи дека неумешно го избегнуваш одговорот или едноставно немаш одговор. Јас инсистирам на одговор како би ми докажал дека грешам (ако грешам, нали...)
Пентаграмот/петоаголникот никогаш не бил рисјански симбол, туку бил масонски/ѕидарски симбол, а тука мислам на масонеријата/ѕидарите во традиционална смисла од нивниот еснаф, а не на номовокомпонираните масони, како тајни друштва, кои ја зазедоа позицијата од вистинските масони, откако на овите вториве им се распадна еснафот, кон крајот од 18от век.
Петогаголникот е симбол за препознавање меѓу масоните, а воедно и смибол на здравје и живот. Кај античките елини-ѕидари, петоаголникот бил појдовна геометриска фигура, од која се изведувал целиот објект, на лице-место, на самото градилиште.[DOUBLEPOST=1402851328][/DOUBLEPOST]
Ако науката која го изучува материјалниот свет нема допирни точки со твојата "духовна наука", како може едната да ја побива другата?
Може: духовноста е повисоко знаење од материјалноста, па она кое е од повисок ред, има предност над она кое е од понизок ред.[DOUBLEPOST=1402851669][/DOUBLEPOST]
Со што ти докажа дека еволуцијата била тешка лага? Со твојот инает и одбивање да се прифати вистина која не ти по ќејф?
Еволуцијата е тешка лага, од миљон причини:
- не е историски познат запис за виден еволутивен процес,
- има целосно спротивна доктрина од објавената створеност на Светот и животот (Постанокот од Св. Писмо).
- нема научен доказ дека еволуцијата е проверлив процес,
- сите воочени слаби места, со кои еволуцијата се кити, сеуште не се „пополнети„,
- дел од денешните науки ја побиваат еволуцијата, така да воопшто не е потребно нејзино црковно побивање,
- еволуцијата „барата„ со крајно неверојатни настани,
- еволуцијата не е во склад со личните искуства и заклучоците од здравиот разум,
- еволуцијата совршено се вклопува само во дарвиновско-марксистичкиот светоглед,
- ниту една од другите религии не познава такви неверојатни настани, каде нештата е случуваат самите од себе,
- еволутивните докази се парцијали и често противречни,
и тн...