Тоа што го тврдат другите религии, тоа не е дел од мојот интерес: било кој може да каже било што и да остане жив.
Нема никаква контрадикција: секоја нејаснотија може да се подобјасни, за да „налегнат„ нешатата.
Твојот интерес е твој интерес, Вистината не зависи од ничии интереси.
Контрадикторноста во твојот случај е што еднаш тврдиш:
Сеуште велам дека смртник не може да ја „пробие„ Божјата промисла
За потоа да кажеш:
Вистината ја знаеме: Христос Е живата Вистина, која му се објави на Светот.
До Вистината се доаѓа само преку Разбирање - Знаење, не преку претпоставување, шпекулирање и верување.[DOUBLEPOST=1402692174][/DOUBLEPOST]
Мики не кажа дека Вистините се МИСТЕРИОЗНИ, туку мислеже на критериумот според кој се одредува вистината на едно мислење. Православната Црква како директен наследник на Преданието и Евангелието кое го чува истото автентично од создавање на СВетот па се до денес го има ЕКСКЛУЗИВИТЕТОТ над АПсолутната Вистина, која е Христос!
МИКИ кажа дека Божјата промисла била мистериозна и дека обичен смртник неможел да ја свати, моето прашање беше - ако луѓето неможат да ја сватат Божјата промисла, зошто се дрзнуваат да ја интерпретираат и да прогласуваат што е вистина а што не?
Според тебе ти ја немаш вистинската ексклузивна вистина? Како тогаш го оправдуваш фактот што крадеш туѓи вистини и ги модифицираш во друга, твоја?
Капацитетот на Вистината зависи од капацитетот на Осознавање - Разбирање. За да имаш - поседуваш безгранично Разбирање, треба да поседуваш и безграничен капацитет....со други зборови, за да го разбереш Бог, треба да станеш едно со него.
Јас не крадам ничии вистини....вака поставена реченицава изгледа крајно бесмислено и глупо. За мене единствен пат да се стигне до Вистината е преку Разбирање - Знаење, не преку верување. Затоа јас не се потирам на верба, туку барам начини и методи да осознавам, наместо да верувам во нечие искуство или сведоштво.