Кушадаси

Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
ај со ред, бусови има али не застануваат ни прибллижно на тоа брдото, него во подножјето. а тоа со ЦГ, хмммм,, ги знам тие ридови и ова е кратка али ептен стрма. мене лично многу би ми сметало, осбено кога ќе се враќам вечерта, али ти си помлада па имаш повеќе енергија:cautious:
лејдис бич е на повеќе од 1км, али со бусот нема никакви проблеми за да стигнеш до центарот. а веруј, центарот е интересен само навечер.
но ценава е навистина топ, баш денес на собиранката коментиравме и ќе видиме како ќе биде летово .............
ако не си била до сега во турција, ........ веруј дека се 4 класи над црногорците, и 2 над грците. позитивни до даска се, спремни да те услужат на секаков можен начин. е сега, биди спремна за “разбирање“ со нив, ..... појма немаат од англиски или некој друг јазик, ....... можда малку германски, али ............... почни да ги користиш туррцизмите во нашиот јазик и ќе се разбереш ;)
Хмм ме подзамисли сега за брдово. Сепак не сум само јас, треба да дискутирам тоа со друштвово. :)
Не сум била до сега, уствари не сум ни разгледувала понуди за таму. Cе си мислев скапо е многу и се изненадив кога ја видов понудава. Како може во туристичко место да не знаат англиски бе... (n) На крај краева, имам другарка што учи турски, ќе мора да ми позејми некој мал речник. :D
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.401
Поени од реакции
18.558
Како е за навечер на местово,забава и тн.Глеав има солидна понуда од агенцииве па да прашам дали е од пензионерски тип :D
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601

ако прашуваш за кушадаси, тогаш одговорот е: има забава за сите во секое време!!! нормално, треба малку време додека се влезе во штосот, да се научи каде што има, али ИМА.
еве сега ми текна, има 2-3 водени паркови (ова преку агенциите си договараш), одбојка и фудбал (не на секоја плажа, па забави со пена, ...... а за порелакс, што би рекол пензиоерски, ......... има и тоа.
Хмм ме подзамисли сега за брдово. Сепак не сум само јас, треба да дискутирам тоа со друштвово. :)
Не сум била до сега, уствари не сум ни разгледувала понуди за таму. Cе си мислев скапо е многу и се изненадив кога ја видов понудава. Како може во туристичко место да не знаат англиски бе... (n) На крај краева, имам другарка што учи турски, ќе мора да ми позејми некој мал речник. :D
не е толку страшно со јазикот, се снаоѓаш. али ако знаеш по некој збор турски тоа е супер.
турција отсекогаш била ефтина/приступачна за наш џеб, само секогаш била на маргините од причина што е далеку (1250км до кушадаси).
а за брдотото, не знам што да ти кажам, секој различно ги перципира работите, па на вас може да ви биде едно големо ништо! друштво сте, па со смеа и муабет ќе го искачувате ко од шала. реков, кратко али стрмо.
ај кога веќе идам во детали, да кажам за сите утка дека во кушадаси има 3 големи и битни супермаркети(ова за јадење е важно). ги заборавив имињата али ќе ги распознаете по следново, едниот е ко наш рамстор, исти бои, другиот со црвени бои, ко веро, а третиот кој е всушност најефтин, али најмалку снабден е .....шок се вика ...... мислам и е ко наш кам:cautious: прво тука се купува, па тоа што нема се иде во другите два.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.297
Поени од реакции
568
веруј дека се 4 класи над црногорците, и 2 над грците. позитивни до даска се, спремни да те услужат на секаков можен начин. е сега, биди спремна за “разбирање“ со нив, ..... појма немаат од англиски или некој друг јазик, ....... можда малку германски, али ............... почни да ги користиш туррцизмите во нашиот јазик и ќе се разбереш ;)
не би рекол дека не можеш да се разбереш ... некои зборуваат и Македонски, или имаат научено некој збор, посебно покрај Лејдис бич ... од мое искуство и Англиски знаат ... кога ќе им кажеш од Македонија, ти викаат оооо комшија;) ... потврдувам дека класи се подобри од грците (црногорците не знам) ... види ја локацијата на хотелот и прсметај што ти е поисплатливо дали секој ден барем по 2 пати возење со автобусчињата или хотел поблиску до море, но и поскап ...[DOUBLEPOST=1402310387][/DOUBLEPOST]инаку маркетот што личи на Рамстор е Рамстор само со друго име за Турција ... и цените се како овде, горе долу ...
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
Фала ви за деталните совети. Ако ми текне уште нешто, ќе знам каде да се обратам. :giggle:
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
не би рекол дека не можеш да се разбереш ... некои зборуваат и Македонски, или имаат научено некој збор, посебно покрај Лејдис бич ... од мое искуство и Англиски знаат ... кога ќе им кажеш од Македонија, ти викаат оооо комшија;) ... потврдувам дека класи се подобри од грците (црногорците не знам) ... види ја локацијата на хотелот и прсметај што ти е поисплатливо дали секој ден барем по 2 пати возење со автобусчињата или хотел поблиску до море, но и поскап ...[DOUBLEPOST=1402310387][/DOUBLEPOST]инаку маркетот што личи на Рамстор е Рамстор само со друго име за Турција ... и цените се како овде, горе долу ...
болдот, е тоа не ми текнуваше, како и дали тансаш е тоа или она другото со црвена боја.
е да, сабајлево поспан пишував и заборавив да кажам дека и они знаат по некој збор македонски. дури од што се такви “приемчиви“ не ми текнува македонски збор, во кафич седиш, келнер доаѓа, нормално ти правимуабет од кај си и сл, и когаќе слушне дека си од мкд, одма ти седнува и ти раскажува негова биографија:pos: дека имал дедо/баба кои живееле во ...... штип на пример и дека таму бил закопан и дека сакал да иде на нивните гробови и сл работи. абе супер се турците за туризам!!!
елена, сега ми текна уште една финта, а тоа е ако решите некој ден да идете во шопинг, а шопингот да добие димензија на поход, тогаш обавезно да идете рано, рано по сабајле. зошто? па си имаат они верување дека првиот што ќе им влезе НЕ смее да излезе со прази раце. во спротивно цел ден ќе им биде борч. е сега, СЕ', апсолутно СЕ' е на ценкање. но во овој случај може да се исценкате и за помала сума од она што би било во нормални услови. прост пример, ...... сакаш кожна јакна, ...... цена ко за балканци (ова ќе го дообјаснам покасно), е 120 евра стартна цена. во нормални услови би била со ценкање до 80, али рано по сабајле, ако си прва може да се случи и до 60 да ја симне. па сега ти удри математика:D
а за цената за балканци, ...... турците се големи еснафи и како такви си имаат креирано цени во 3 категории. 1 за турци, 2 за балканци и трета за од западна европа. таа јанка што ја спомнав за 120евра, за западњаците е 400+ евраo_O а вериј дека и таа цена им е преефтина на нив.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.562
Поени од реакции
29.156
еве сега ми текна, има 2-3 водени паркови (ова преку агенциите си договараш),
не е толку страшно со јазикот, се снаоѓаш. али ако знаеш по некој збор турски тоа е супер.
турција отсекогаш била ефтина/приступачна за наш џеб, само секогаш била на маргините од причина што е далеку (1250км до кушадаси).
а за брдотото, не знам што да ти кажам, секој различно ги перципира работите, па на вас може да ви биде едно големо ништо! друштво сте, па со смеа и муабет ќе го искачувате ко од шала. реков, кратко али стрмо.
ај кога веќе идам во детали, да кажам за сите утка дека во кушадаси има 3 големи и битни супермаркети(ова за јадење е важно). ги заборавив имињата али ќе ги распознаете по следново, едниот е ко наш рамстор, исти бои, другиот со црвени бои, ко веро, а третиот кој е всушност најефтин, али најмалку снабден е .....шок се вика ...... мислам и е ко наш кам:cautious: прво тука се купува, па тоа што нема се иде во другите два.
Никако преку агенции да договараш за водени паркови, ќе те изгорат, а ионака се солени цените. Еден ручек во тој парк ќе те коштаат 50 евра(сам од дома т.е. од хотел неможеш да внесеш).
Второ за јазикот немаш гајле кажи им дека си од Македонија секој втор ќе ти каже дека има дедо од Македонија чат пат знаат некој наш збор башка руски и српски цепаат некои, и англески повеќето.
Името на маркетот мислам Кач Кач се викаше не ме држи за збор и за 5 евра ќе се тркалаш до дома.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Никако преку агенции да договараш за водени паркови, ќе те изгорат, а ионака се солени цените. Еден ручек во тој парк ќе те коштаат 50 евра(сам од дома т.е. од хотел неможеш да внесеш).
Второ за јазикот немаш гајле кажи им дека си од Македонија секој втор ќе ти каже дека има дедо од Македонија чат пат знаат некој наш збор башка руски и српски цепаат некои, и англески повеќето.
Името на маркетот мислам Кач Кач се викаше не ме држи за збор и за 5 евра ќе се тркалаш до дома.
друже, така и одговорив на елена, пошто немаат превоз. не се воопшто близу парковите, нели?? затоа морав така да искоманетирам.
а за внесување, ........ најглем проблем е водата, таа никако не можеш да ја внесеш. а изгор скапа е внатре. додека 2-3 сендвичи, сокриени во крпа или сл ќе успее. бар јас така сум направил. набуташ повеќе ствари во ранецот/торбата, облека, крпа, па друга крпа, па патики, ..... знаеш, да биде полно, да фрли поглед ама ништо да не види (се мисли на храна) ....... а 3 сендвича се доволни за цел ден.
ДА, кач беше, фала што ме потсети, ...... одамна бев, 2009..... (y)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Разгледував понуди денес и има примамливи, 189 евра 10 ноќи + превоз + доручек. Е сега, прашањето ми е во просек колку буџет ви требало за нормален одмор? Значи не мислам за секојдневно журкање, пошто јас ни во Скопјево не одам по дискотеки нешто многу многу, туку онака без луксузирање, али и без стискање. Нормално нема секоја вечер во ресторан да јадам...
200 евра доста се? :) Знам дека е индивидуално прашањево, ама немам некој поблизок што бил во Кушадаси, па одприлика ме интересира.:)
200 евра во Охрид мене не ми стигаат, а каму ли за Турција. :pos::pos:
Со испод 300 евра не се трга за Турција. И тоа без сместување. Кафе во инстамбул ти е 20 евра. Па види ти колку ќе биде на сред сезона во туристичко место.
Ќе сакаш сигурно и во АкваФантази да идеш. И до таму е трошок. Влез ти е минимум 10 евра од човек. Пат до таму незнам колку е. Ќе сакаш да јадеш во градот, да си купиш нешто...
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359
200 евра во Охрид мене не ми стигаат, а каму ли за Турција. :pos::pos:
Со испод 300 евра не се трга за Турција. И тоа без сместување. Кафе во инстамбул ти е 20 евра. Па види ти колку ќе биде на сред сезона во туристичко место.
Ќе сакаш сигурно и во АкваФантази да идеш. И до таму е трошок. Влез ти е минимум 10 евра од човек. Пат до таму незнам колку е. Ќе сакаш да јадеш во градот, да си купиш нешто...
Ти си единствениот што го вика ова, така да, нема да го земам во предвид твоево мислење. :свиркам:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.562
Поени од реакции
29.156
друже, така и одговорив на елена, пошто немаат превоз. не се воопшто близу парковите, нели?? затоа морав така да искоманетирам.
а за внесување, ........ најглем проблем е водата, таа никако не можеш да ја внесеш. а изгор скапа е внатре. додека 2-3 сендвичи, сокриени во крпа или сл ќе успее. бар јас така сум направил. набуташ повеќе ствари во ранецот/торбата, облека, крпа, па друга крпа, па патики, ..... знаеш, да биде полно, да фрли поглед ама ништо да не види (се мисли на храна) ....... а 3 сендвича се доволни за цел ден.
ДА, кач беше, фала што ме потсети, ...... одамна бев, 2009..... (y)
Така така воопшто не се блиску инаку 3 се последната година 2011 мислам не сум сигурен кога бев изградија уште еден Аква Центар се вика, другите беа Адаленд и Аква Фантази. Адаленд е најголемиот во Европа мислам или така нешто беше и обавезно ако иде некој по вакви ствари овој да му е на листата. Лудило се тобоганите тука адреналински... А за водата да 4 лири беше мала или 2 евра од 0,5.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Абе да ве прашам, како е времето во Кушадаси на крајот од август (25 август до 4/5 септември), а како е негде почеток на август? Тоа ми се некои термини, со потенцирање на првиот. Сеа отприлика знам дека тогаш веќе не е толку жешко, ама онака топло си е така? И таман за бањање? Друго, како е со гужва во тој период? Овака лаички, мислам дека би требало помалце да има за идење, но повеќе за враќање.
И едно битно прашање, како стои Кушадаси со медузи? Ми кажаа нешто демек крај на сезона имало многу медузи. И да, некој да не знае некоја агенција наша, која има понуда за all-in за хотел некој? Пошто ги гледам, истите се вртат цело време хотели, Блу Си (со 4*) ми фаќа око, полупансиони се во прашање. Плус е ептен блиску до плажа, од центарот пишува некои си 3.5-4 километри.
 
Гужва има секад се фул плажите поготово Лејдис Бич. Времето е таманка преку ден топло али не неподносливо туку таман, навечер пријатно за шетање. Медузи ако идеш со кола/бус на траект коа ќе се качиш фрли поглед надоле и се ќе ти стане јасно :D За имање ги има али претежно мали и тоа брановите што ги носат. Провери дали постои Атлантик хотел на 5км е од Кушадаси имаш all-in и ултра all-in. 24/7 бесплатно јадење пиење од варено јајце до јастог и од вода до џек дениелс.
 
Повеќе мислев за гужва по пат, за чекање на граница. Знам дека е таму фул, глеав слики Лејдис Бич е фул, ама има и други плажи што ги читав.
А за медузите прашувам, пошто не сакам да не' гризнат па да ни се сјебе одморот, да мора по лекари и чуда.
Иначе на Аурора видов дека имаат понуда за Кушадаси хотели со 4 и 5* кои имаат all-in. А отприлика, колку е поскапо алл-ин од полупансион и дали се исплати?

Овој Атлантик е Atlantic Holiday Club? Со 4*? Ама ова со авион било, затоа се чудам што толку скапо. :D
 
Последно уредено:

алл ин е алл ин. така да нема тука споредби дали е поефтино или поскапо. нормално дека е поскапо, али пак затао имаш се', а и своја плажа, па за таа работа не мораш да се тормозиш по бус или сл.
немам искуство со алл ин, а богами и со агенции, секогаш сум бил во сопствена режија. ако идам годинава, би било прв пат со агенција.
понатаму, цените се поефтини како одминува август, осбоено после 15-ти, затоа што веќе замира сезоната, и сл работи.
еве сега како надоврзување на муабетов ми текна една битна, многу битна работа, НИКОГАШ да не патувате за назад меѓу 10-ти и 15-ти август. на граница е лудница, и тоа вистинска. да не идам во детали, али знам едни кои заглавија на БГ-ТР граница цели 36ч. да да 36ч не е грешка. флаша вода од 1,5л била 5 евра. причина за гужвата е гастербајтерите се враќаат накај западна европа.
ако некој сака да иде во сопствена режија, нека ми пише ПП, ќе му дадам тел од хотелот каде јас одседнував повеќе години. битно, апартмани се!!! 4 лежаи со кујна и сл.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom