Значи ако Мело му речи на Никси дека сака само за Булс да потпише, тие МОРА да го прифатат договорот со Бузер, двата пика (Миротич), и Амундсон и компанија. Значи мора ова да го прифатат за да не го пуштат за ништо Мело?
Другото сценарио е значи ако го земиме Миротич сезоната, ќе платиме 5 милиони и ќе биде тешко да го купиме Мело. А што ако се направи првото сценарио? Би имале одлична надворешна линија во Роуз-Батлер-Мело, со поддршка од клупа од Хајнрих, Данливи, Снел, Агустин (btw дали ќе имаме доволно кап да ги задржиме и Хајнрих и Агустин?), ама во рекетот ќе бидеме слаби. Ќе останеме само на Ноа, Гибсон и Мохамед кој знаеме дека игра по 3-4 минути. Ајде да речиме дека некогаш и Мело ќе може да игра на 4ка кога ќе играме со ниска постава (мада Тибс ова го има правено само против Хит кога Леброн беше на 4ка и мораше Денг таму да игра), сепак не е доволно. Дали тоа значи дека ќе се зема од драфтот играч на високите позиции?