Фан клуб: Чикаго Булс!

  • Креатор на темата Паспарту
  • Време на започнување

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Значи ако Мело му речи на Никси дека сака само за Булс да потпише, тие МОРА да го прифатат договорот со Бузер, двата пика (Миротич), и Амундсон и компанија. Значи мора ова да го прифатат за да не го пуштат за ништо Мело?

Другото сценарио е значи ако го земиме Миротич сезоната, ќе платиме 5 милиони и ќе биде тешко да го купиме Мело. А што ако се направи првото сценарио? Би имале одлична надворешна линија во Роуз-Батлер-Мело, со поддршка од клупа од Хајнрих, Данливи, Снел, Агустин (btw дали ќе имаме доволно кап да ги задржиме и Хајнрих и Агустин?), ама во рекетот ќе бидеме слаби. Ќе останеме само на Ноа, Гибсон и Мохамед кој знаеме дека игра по 3-4 минути. Ајде да речиме дека некогаш и Мело ќе може да игра на 4ка кога ќе играме со ниска постава (мада Тибс ова го има правено само против Хит кога Леброн беше на 4ка и мораше Денг таму да игра), сепак не е доволно. Дали тоа значи дека ќе се зема од драфтот играч на високите позиции?
Мохамед не се враќа во чикаго за наредната година. Можат евентуално да го остават Грег Смит да се опорави и да игра бекап или пак да бараат помлада варијанта од слободоните агенти. Инаку во овој драфт нема многу центри, Нуркич и Емибид кои се лотарија се единствени од подобрите проспекти. Сите се надеваа на Вили Кали Стајн (како и да се чита неговото име) од Кентаки да се пријави на драфтот но тој остана уште една година. Тој точно паѓаше во 15-20 пик со што би можеле да го земеме. Инаку да, штом Мело им каже на никс или ќе го пуштат да си оде како слободен агент бидејки ќе искорсти ЕТО во договорот. Тие го прифаќаат договорот на бузер за платата да би имала смисла, 16.8м + тие минималците излегува околу 20м колку што и зема Мело во моментов. Исто ќе треба да се одлучи помеѓу хајнрих и агустин, пошто нема да ги потпишат двајцата.
 
C

Castiel

Гостин
The Timberwolves privately maintain they already have fielded better offers from other teams, among them the Chicago Bulls, who can offer draft picks and some combination of Jimmy Butler and Taj Gibson along with Carlos Boozer, whose bloated $16.8 million contract expires next summer and represents the kind of cap space rebuilding teams crave.

If you are Kevin Love and can choose to join a team with top dogs Derrick Rose and Joakim Noah or Rondo and Jeff Green, which way are you leaning?
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Незнам колку ќе добиеме со ваков трејд. Да, лавот е суперстар, ама дали вреди да ги загубиме Батлер, Бузер и Гибсон? Мислам дека варијантите со Мело се поверојатни, а и мислам поисплатливо засилување ќе биде не го Лавот.
 
Имаше по нетов неколку опции и варијанти за Булс да успее да ги земе И лав и Мело..интересни опции беа само што би имале ептен послаба клупа Али затоа прва Петорка Роуз-Батлер-Мело-Лав-Ноа
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Имаше по нетов неколку опции и варијанти за Булс да успее да ги земе И лав и Мело..интересни опции беа само што би имале ептен послаба клупа Али затоа прва Петорка Роуз-Батлер-Мело-Лав-Ноа
Џабе е без резерви, поарно појаки резерви, него само јака стартна 5ка
 
H

Harry Callahan

Гостин
Лошо е ова да се изгубат Батлер и Гибсон , кога би поминале само со губење на Батлер и Бузер ајде некако , бидејќи место Батлер би дошол можеби Ленс Стивенсон како слободен играч или Тарнер од Индијана , а Тони Снел нека се покаже колку може . А Гибсон е битен играч може да покрива и крилен центар и класичен центар ако треба . А инаку ова да сум на место на Лав подобро да играм во Бостон отколку во Чикаго , без никаква навреда за сите вас , но јас сум скептичен колку може Роуз да помогне на тимот и колку тој може да игра на старото високо ниво тоа е , страв ми е за Роуз . Подобро и јас мислам подобро клупа да се има отколку да има само јаки стартери , се виде од Индијана и нивните јаки стартери што значи и потребата за играчи од клупа . Штета што Чикаго нема од клупа добар тројкаш , како што се Реј Ален во Мајами и Мајк Милер во Мемфис , штета што не е Корвер во Чикаго . Нема Чикаго освен Данливи друг стабилен шутер за три поени .
 
раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Нема шанса да ги трејдуваат Батлер и Гибсон за Лав, уште сега да не се надевате. Перфектен слободен агент е и ќе остане Мело, но сепак тоа зависи од него дали ќе сака да зема 2-3м помала плата и да игра на високо ниво или да остане во Њу Јорк кој има уште 1-2 добри години пред да почне со генералка поради огромните договори, на 30 години. Се шушка дека ќе има голем трејд на драфт вечерта, интересно ќе биде, сигурно нешто наумиле Гарпакс.:)
 
Супер ќе биде ако го земеме Мело, само мене ме плаши следново: Во стартната петорка (Роуз, Мело, Батлер, Гибсон, Ноа), само Роуз и Мело се офанзивно ориентирани, и до негде Гибсон. Значи ќе МОРА да се задржат Данливи (мислам дека има уште 1 год договор?), и Агустин, за да добиеме на квалитет во офанзива, од клупата.
А за трејд драфтот за вечерва се шушка дека и ние ќе бидеме замешани во него или?
 
раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.684
Поени од реакции
1.990
Супер ќе биде ако го земеме Мело, само мене ме плаши следново: Во стартната петорка (Роуз, Мело, Батлер, Гибсон, Ноа), само Роуз и Мело се офанзивно ориентирани, и до негде Гибсон. Значи ќе МОРА да се задржат Данливи (мислам дека има уште 1 год договор?), и Агустин, за да добиеме на квалитет во офанзива, од клупата.
А за трејд драфтот за вечерва се шушка дека и ние ќе бидеме замешани во него или?
Епа пер ние веќе 3-4 години со роуз како единствена опција игравме и стасавме до конференциско финале и до втора рунда два пати( без роуз), а сега замисли со офанзивен џигернаут како мело до каде ќе стасаме. Значи може да насатане фијаско како со 12-13 лејкерс во врска со тимска хемија и слично ама едноставно премногу си одговараат потребите и недостатоците на булс со потребите и недостатоците на мело. Poised to succeed. :D
Иначи ние најверојатно ќе ја правиме трејд галамата на драфт ноќта, или ќе одиме погоре или ќе ги трејдуваме пиковите за некој топ слободен агент.
 
H

Harry Callahan

Гостин
Клупата би била солидна со Џими Фредет и Данливи кои ќе знаат да погодат по некоја тројка , Тони Снел замена за Батлер и Мело , само ќе треба да се донесе резервен центар за Ноа и да се донесе Миротич да биде резерва за Гибсон , и да се реши дали ќе се задржат Ханјрих и Агустин за плејмејкери . Со ваков тим што го замислуваме Чикаго е најголем конкурент на Мајами на слабиот исток без дилеми .
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Супер ќе биде ако го земеме Мело, само мене ме плаши следново: Во стартната петорка (Роуз, Мело, Батлер, Гибсон, Ноа), само Роуз и Мело се офанзивно ориентирани, и до негде Гибсон. Значи ќе МОРА да се задржат Данливи (мислам дека има уште 1 год договор?), и Агустин, за да добиеме на квалитет во офанзива, од клупата.
А за трејд драфтот за вечерва се шушка дека и ние ќе бидеме замешани во него или?
Незнам зошто го изоставуваш Ноа, човекот има страшен придонес во напад, на секој можен начин. Офанзивни скокови, асистенции, поени, солидно шутира слободни...Човек врз кого се базира нападот во случај кога Роуз не игра.

Поголемо прашање е во каква форма ке биде Роуз кога ќе се врати.
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Незнам зошто го изоставуваш Ноа, човекот има страшен придонес во напад, на секој можен начин. Офанзивни скокови, асистенции, поени, солидно шутира слободни...Човек врз кого се базира нападот во случај кога Роуз не игра.

Поголемо прашање е во каква форма ке биде Роуз кога ќе се врати.
Ноа нема никаков шут, во тоа е целиот проблем, со грб незнае добро да изигра, е сега има добар лев полухорок, како што кажа агресивен е под обрачите, и има одлична визија за пас.
 
C

Castiel

Гостин
Супер ќе биде ако го земеме Мело, само мене ме плаши следново: Во стартната петорка (Роуз, Мело, Батлер, Гибсон, Ноа), само Роуз и Мело се офанзивно ориентирани, и до негде Гибсон. Значи ќе МОРА да се задржат Данливи (мислам дека има уште 1 год договор?), и Агустин, за да добиеме на квалитет во офанзива, од клупата.
А за трејд драфтот за вечерва се шушка дека и ние ќе бидеме замешани во него или?
Брат со дефанзива се освојуваат титули не со офанзива ...башка да гледаме вака Роуз 25п мело 25п батлер 10п гибсон 10п ноа 10п 80 поени само од стартери и 15-20 поени од клупа плус иаме по 95-100п што се сасвим доволни кога знаеме дека тибс дефанзивно ги држи другите по просек 90тина коша по наптревар од прилика т.е колку коша прима чикаго...

Башка и булс на Џордан немаа многу офанзивни играчи нешто претерано....едино Џордан и до негде и Пипен ...Родман дефанзива, Лук ништо особено не играше и Харпер немаше нешто ептен голем удел....и од клупа само Кукоч што знаеше да распали...така да нека си дојде мело топ ќе сме и офанзивно и дефанзивно само што ќе мора малку да поработи на дефанзивата Мело пошо знаеме дека не е баш најсјаен дефанзивец...
 
Јас знам дека со дефанзива се освојуваат титули, ама годинава бевме НАЈСЛАБА офанзива екипа во лигата, дури и Јута и Милвоки беа подобри од нас. Сакам да кажам дека многу треба да се работи на тој дел од теренот. Дефанзивно сме супер, уште да видиме Мело како ќе се вклопи во играта.
 
па добро без роуз главен офанзивен играч игравме , Без Денг скоро цела сезона кој беше и он голем дел од офанзавита и разбирливо е ...рачунај наредна со здрав роуз и мело колку ќе се подобри таа офанзива...сеа нема да биде топ офанзивен тим во лигата...ама ќе бидеме во топ 15 што е сосема доволно дур продолжиме со одлична одбрана така да нека дојде мело па после ќе му се мисли за други работи...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom