Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???


  • Вкупно гласачи
    994
Г

Господ

Гостин
Не постои разумно интелигентно суштество,творец на вселената!
Ако единствен доказ ви е "се е создадено со причина" подобро не се ни обидувајте...
Titz or gtfo!
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Не постои разумно интелигентно суштество,творец на вселената!
Ако единствен доказ ви е "се е создадено со причина" подобро не се ни обидувајте...
Titz or gtfo!
Инструкциите за тоа како да се изградат и функционираат живите клетки претставуваат огромен обем на информации (се проценува на 12 билиони бита). Информацијата е ментален, нематеријален концепт. Никогаш не може да се појави преку природен (случајно) процес и секогаш е резултат на интелигенција. Исто како што една сторија во весник го трансцендира мастилото на хартијата од која е направен весникот, живата ДНК (како и мастилото) самато по себе не е информација, таа едноставно е физичка претстава или дом на информацијата ( сторијата).Модификацијата на ДНК преку мутација никогаш не може да произведе нова генетичка информација која еволуцијата би ја водело напред, исто како и пролеаното кафе врз весникот, иако таквото кафе ќе го размачка мастилото тоа нема да ја подобри сторијата.

Неживата хемикалија не може самата од себе да заживее. Клетката е минијатурна фабрика со многу активни процеси а не просто грутче на протоплазма како што се верувало во времето на Дарвин.Удирањето на искра во некаква каллива бара никогаш нема да произведе живот.Суштината е дека и наједноставната келија има потреба од голем обем на информации како би битисувала.Според законот на Биогенезата животот единствено настанува од веќе постоечки живот.Бројните обиди да се создаде живот од нежива материја никогаш не успеаа.Можноста да се создаде живот од не-живот е еднаква на можноста за торнадото кое поминува низ некој отпад за старо железо така да ги расфрла или натрупа најразличните делови што од нив да изгради Боинг 747.


По дефиниција нешто мора да е вечно (бидејќи денес имаме "нешто" а тоа нешто не може да настане од "ништо", па од тука никогаш не постоел период кога не постоело "ништо").Или универзумот е вечен, или нешто/некој надвор од него и поголем од универзумот е вечен/но. Знаеме дека Универзумот не е вечен, тој има почеток (бидејќи е видливо од неговото ширење).Одтука "БОГ"(ставам во наводници-јас го нарекувам интелигентен извор/креатор на се што е-нешто или некој што/кој е надвор од универзумот)мора да постои и мора да го создало универзумот.Според Ајнштајн времето и просторот се релативни. Ако не постои простор, тогаш не постои ниту време.Пред да биде создаден универзумот не постоел простор па одтука ниту концепт за време. Ова е тешко да го сфатиме бидејќи ни сме време-простор креации, но тоа допушта "Креаторот" да биде вечно битие, во целост согласно законите на науката. Прашањето, кој го создал "Креаторот" одтука е несоодветно и погрешно затоа што се базира на концептот за време.

Многу параметри се токму онакви какви што треба да бидат за да постои живот на земјата.На пример, ако земјата беше само малку поблиску до сонцето, ќе беше претопло и водата од земјата ќе испареше, ако пак земјата беше малку подалеку од сонцето температурата ќе беше прениска па водата ќе замрзнеше. Брзината на ротација, наклонот на оската, присуството на месечината се само малку од многуте примери.
Постојат физички константи кои се со толкава прецизност одредени така што и најминорни промени би значеле неможност за постоење на живот (Гравитациона константа,консатанта на електромагнетна сила,Планкова константа и други.

за ова gtfo заслужи да бидеш баниран...
 
Г

Господ

Гостин
Дали невремињата се создаваат поради Богот на грмотевиците?
Дали брановите се креваат поради бесот на Посејдон?
Не!
Природните услови се причинител за ова?
Каде е интелигенцијата на топлиот и студениот воздух?

А Бог?
Тој е вечен?
Од каде дошол Бог?
Од каде се создал?
Ако се има своја "интелигентна" причина за создавање,тогаш кој и зошто го создал Бог?

Што е времето?
Дали е вистинска количина или човечка измислица за полесно да си го организира животот?

Ако животот настанува од постоечки живот дали не е возможно да е вселената вечна?
Да вселената која ја знаеме и се шири настанала по уништувањето на некоја претходна?
Јас овде не ја гледам раката на Зевс и Кришна туку на природата.
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
не постои бе!
да постоеше сеа ќе имав миљонче на сметката у Комерцијална(или Стопанска вуатева)
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Абре луге само еднаш размислете од научен аспект и ќе заклучите дека GOD ALLMIGHTY не ПОСТОИ!!!
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Дали невремињата се создаваат поради Богот на грмотевиците?
Дали брановите се креваат поради бесот на Посејдон?
Не!
Природните услови се причинител за ова?
Каде е интелигенцијата на топлиот и студениот воздух?

А Бог?
Тој е вечен?
Од каде дошол Бог?
Од каде се создал?
Ако се има своја "интелигентна" причина за создавање,тогаш кој и зошто го создал Бог?

Што е времето?
Дали е вистинска количина или човечка измислица за полесно да си го организира животот?

Ако животот настанува од постоечки живот дали не е возможно да е вселената вечна?
Да вселената која ја знаеме и се шири настанала по уништувањето на некоја претходна?
Јас овде не ја гледам раката на Зевс и Кришна туку на природата.
Ништо не разбра од она што го напишав. Контрадикторен си и самиот на себе.
Повеќе нема да губам време со ограничен како тебе.
Ти си најсилниот доказ на атеистите дека човекот и мајмунот имаат заеднички предок.
 
Г

Господ

Гостин
Повторно и повторно истото.
Ајде објасни што сакаш да кажеш во кратки црти и не заобиколувај.
Што е тоа што јас не го сфатив?!
Единствени аргументи ти е се навредите.
Објасни што е тој твој создател.


Никогаш не може да се појави преку природен (случајно) процес и секогаш е резултат на интелигенција.
На која интелигенција е резултат Бог?
На која интелигенција се резултати природните појави?

Велиш некој;не се согласувам!
Некој е личност,некој има идентитет.
Велиш нешто;нешто не може да биде личност,нешто може да биде и некој вид на енергија од која потекнало се.
Вселената не е вечна се создала од големата експлозија до која дошло при колапс на вакуумот кој веројатно постоел пред тоа.

А ако не се лажам и во книгине на Ден Браун се спомнува нешто вакво дека во вакуум при нула енергетска вредност две спротивни честици материја се одржани еден до друг.
Па претпоставувам дека тој вакуум колабрирал и по него дошло до таа експлозија.
Не можам да знам се,еве ако си неограничен појасни ми каде грешам.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Да ли бог постои или јас си замишљам дека бог постоји боље би било сварно да постоји пошо ако само си замишљам дека постоји мала фајда мислим тоа би дошло ко аутосугестиа јеби га!
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134
.......
Многу параметри се токму онакви какви што треба да бидат за да постои живот на земјата.На пример, ако земјата беше само малку поблиску до сонцето, ќе беше претопло и водата од земјата ќе испареше, ако пак земјата беше малку подалеку од сонцето температурата ќе беше прениска па водата ќе замрзнеше. Брзината на ротација, наклонот на оската, присуството на месечината се само малку од многуте примери.
Постојат физички константи кои се со толкава прецизност одредени така што и најминорни промени би значеле неможност за постоење на живот (Гравитациона константа,консатанта на електромагнетна сила,Планкова константа и други.
........
So ova bi se slozil dokolku nasiot soncev sistem bese ednistven vo Univerzumot. No zamisli samo kolku planeti postojat vo Vselenata........ sepak bi rekol deka tie parametri sto gi kazuvas i ne se tolku neverojatni ako go zemis brojot na planeti sto postojat...... (barem mislime deka tolku se lol)
 

NetworX

Кретен
Член од
9 ноември 2009
Мислења
252
Поени од реакции
19
И вонземјаните имаат свој дедо боже (или колку и да е стар) бе и тој бил опасен архитект, брејниак како нашиот, он им ги направил нивните планети... и се останато:nesvest:
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Да Бог постои, тој е Чак Норис :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 

NetworX

Кретен
Член од
9 ноември 2009
Мислења
252
Поени од реакции
19
Абе беше Исус до некое време... ама после дозна дека Чаки се роди и се уби човекот да не се мачи...:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom