Не, не постои.
Марихуаната Бог ја посадил на Земјата. И сакаш да кажиш дека настанокот на човекот според Библијата е поверодстоен од онај на Дарвин?
Ohhhhh! God's gift to Humanity!
Па знаеш, ете како луѓето можат да видат дека Бог постои. Свиткај цели два/три џоинта и ќе го видиш Бог
tête-à-tête .
Имам свој концепт за создавањето на Човештвото кој е комбинација од сите теории предложени до сега. Некои повеќе од останатите:
* Креационизам/Митолошки Теории
* Теорија на Еволуција
* Интелигентен Дизајн
* Панспермија/Егзогенеза
* Воден Мајмун Теорија
* Ненамалена Комплексност
* Специфицирана Коплексност
* Морфогенеза/Теорија на Морфогени Полиња
* Антички Астронаути Теорија
* Биолошка Трансмутација
* Квантна Еволуција
* Интегрирана Теорија на Интелигенција
* Теорија на Колективна Холограмска Матрица (Оваа е најзабегана! )
Ова е што се однесува до настанувањето на Човештвото, а за настанокот на Универзумот има уште полуди теории.
Не постои материја, Кузманоски, туку само енергија. ...и малку вибрации.
Хехе, и вибрациите се енергија.
Материја постои. Цела вселена е создадена од материја и антиматерија, кои се создадени од енергија.
А не мислев дека материјата верски е докажана туку мислев на тоа дека и научниците кажуваат дека енергијата преминува од еден вид во друг, и верниците веруваат дека после смрта преминуваат во друг живот задгробен и тако даље. Али ако толку сакаш да знаеш материјата е еднаква на Бог, бидеќи е насекаде околу нас исто како и Бог. semple as that :smir:
Материјата е згусната форма на енергија. Кога неутроните, протоните и електроните ќе се поделат, имаш честици наречени кваркови, кои пак се направени од преони и аскелерони, и личат на чворови од квантна енергија. Кога чворот ќе се "одврзеЌ се добива конец или string, што е основата за string теоријата. Тој 'конец' постои како збир од 12 нивоа на вибрација, познато и како космичка вибрација. Научниците признаваат 11, но има и 12 димензија (космички континуум) на вибрација. Вибрацијата е енергија. Се се сведува на енергија :wink:.
gospoda go sozdade covekot za vecnost i go napravi slika na svoeto vecno bitie, spored svojot obraz,
Што значи Човекот го наследил злото од Господ. Нели, сепак е направен според неговиот лик нели?
Ако е невозможно да се родат здрави деца од нив тогаш кажими како настанале другите луѓе и зошто мислиш дека тоа е невозможно,пиши нешто повеќе за тој медицински аспект??
Збори за брат у сестра, што Адам и Ева наводно биле. Инцестот произведува мутации после генерација/две.
И двајца не можат да населат цел свет. Извини, невозможно е.
Ти кажав и пак ќе ти повторам дека тие самите си се криви што си создавале свои богови,но сепак тоа е нормална појава за човекот кој е со ограничено знаење кој и покрај својата немоќ и ограниченост и покрај тоа што е зависен од Креаторот на овој свет кој не е случајно создаден има смелост да каже дека не верува во Бог.
Кога Бог не е присутен, очекуваш некој да верува?
За тоа што не можеме денес да го објаснеме, кога ќе ни стане јасно,тогаш ќе треба да провериш дека го имало во Божјите книги уште пред нас да ни стане јасно што треба да ти биде доволен доказ дека тоа не е човечко дело,него дело на Оној кој знае се.
Ако знае се, ќе нашол начин да го докаже своето постоење на куп примитивни неверници. Или е немоќен, или не сака. Ако не сака, па тогаш, не сме баш ние криви нели? Инаетот како божествена особина.
Бог е Оној кој знае се,Супериорниот Владетел и Створител на се што постои,нема ништо слично на Него што постои на планетата земја,на Нему ништо не му е рамно.
Ако знае се, што чека? Омнипотентно битие како него ќе го знае исходот на било каква можна ситуација однапред. Зошто дозволува тоа да се случи? За да може после да казнува. Прашањето е зошто тоа би го правел? Да не е Бог садист?
Верници или луѓе кои прават добри дела има повеќе него ли неверници,кога би било обратно како што викаш ти тогаш тоа би биле моментите пред крајот на светот.
Кои бе добри дела? Дневното рецитирање Библиски стихови на "загубени души"? Мислиш дека со тоа помагаш?
Познавам многу атеисти, агностици, па и сатанист, кои имаат направено поголем придонес кон општеството него твојата библиска поезија која ендоставно не гледам како помага на било кој освен истите како тебе.
Ти ако не веруваш во Бог не можеш да тврдиш дека некј друг тоа го праи ради потреба на виша сила или некој да го сослуша,верниците веруваат затоа што се сигурни во Неговото постоење и ја чекаат средбата со Него.
Верување ≠ Сигурност;
Верување ≠ Знаење;
Знаење = Сигурност.
Можеби треба посликовито да ти прикажам? Со дијаграм? Или можеби, онака, како на првоодделенец, со множество и унија?
После се навредуваат кога некој ќе им спомне дека неверниците имале поголем IQ .... Па што сакате? Еве и на еден интернет форум се манифестира.
Не е ранливоста тоа што човекот го прави верник туку слушањето на вистината,срцето е склоно кон вистината,против тоа никој не може,кој го осетил знае.
Вистината има многу лица, и исто како наводната вистина опишана во Библијата, е склона кон лична интерпретација и толкување. Секој има различни погледи кон тоа што е вистина. Да тврдиш дека ти имаш авторитет на вистината е абсурдно и смешно.
Нормално е да се плашиш од својот резултат кај Бог дали ќе биде рај или пекол но она што повеќе треба да те убеди да веруваш во Бог е тоа што си зависен од Него и не можеш без Него,во спротивно човекот кој верува само заради тоа што се плаши од пеколот би ми бил сумлив.
А што ако нема Рај и Пекол? Кај ќе одат сите? Си размислувал за тоа?
Јас не се плаѓам од смрт, нити каде ќе завршам .... наводно.
Пак не можеш да кажеш дали Бог помага или не затоа што не знаеш.
Знам, затоа што живеам во заебан свет.
Он ги дал тие книги за ние да ги читаме и да ги спроведеме во нашиот живот,
Им ги дал во рака на луѓето?
не сакам да се повторувам но пак ќе речам ние имаме слободна волја и од нас зависи како ќе ги искористиме,
Со други зборови,
немаме слободна волја. Бог само создал илузија на слободен избор. Ако пеколот навистина постои, тогаш нема избор. Кој со здрав памет би сакал да заврши таму? Но за да не завршиш таму, мораме да глумиме послушни овци.
Бог нема што да ти се меша тука.
Се меша, според Библијата се меша, и тоа како.
Ајде сега Он ќе ги попраи и ние само ќе седиме,е па не може така,работата е ние да напраиме нешто.
Па колку што памтам , верниците беа тие кои чекаат благослов да падне од небо. Бог да им помогне. Божја интервенција. А атеистите, агностиците и сатанистите сами се извлекуваат од дадени ситуации и секако, бидејќи успеале, заслугата ќе си ја препишат себе.
Малце си ми контрадикторен знаеш,еднаш викаш дека не постои а од друга страна викаш дека Бог не заборавил:raz:
Да ги набројам контрадикторностите во Библијата? Please ...?
Pleeeeease?
само едно нешто сакам да кажам. Ако сакаш нешто да докажиш, треба да веруваш дека постои.
Докажуваш нешто кое
знаеш дека постои.
Неможи некој што не верува во Бог, да докажи дека постои или дека не постои. Мора да ја "простудира" таа тема.
Moже
. Се викаат агностици.
Одделувавме што е жива а што нежива природа, и едно девојче прашува "а Господ каде спаѓа?" и тогашната стереотипна учителка, постара жена, прашува "а верувате ли вие во Господ?". Пола одделение ќути, не знае како да одговори, и ја станав на сред час да и реплицирам на прашањето со тоа дека прво, не е во ред на место каде што има двојазична паралелка и многу ученици од албанска вероисповест да проповеда христијанство и второ
Како со едно прашање од љубопитност се проповеда христијанство? Малку претеруваш. Всушност малку повеќе.
Едно е да му го поставиш тоа прашање на возрасен човек, а друго е на дете. И неможе на дете на шест годишна возраст кога уште се оформува како личност да му збориш за нешто спротивно од она што го учат дома.
Истото можеше да го кажеш и за теоријата на еволуција. Која ја учат сите деца во Македонија, за време на училиште, а дома или во црква се жртви на религиозна индоктринација која патем прикажува сосем друга верзија на настанокот на универзумот и Човештвото. На детето ќе му пукне глава од збунетост.
Сигурно родителите му ја имаат наметнато нивната религија и тоа дете е муслиман. Што има некој да му збори за христијанство на место кај што треба да учи и да добие воспитување?!
Поупатеност? Дека Исус Христос не е бог.
За да му даде слобода на избор. Може ќе смени религија
. Патем, се работи за обично прашање, аман, љубопитни се малите деца.
Исус не бил Бог, туку човек.
Не го користам тоа така за да речам само ете Бог така сакал као демек лесно е така да се одговори,него стварно по мое верување Бог нема нешто на кое не може да влијае,се зависи од Него така што тука автоматски се става и науката а и све друго што постои.Он може да измени што сака и кога сака затоа што Он е створителот на тие работи.
Може да ме промени од хомосескусалец во хетеросексуалец? Ќе биде Божјо Чудо for sure. Плус и така е негова вина дека сум хомосексуалец.
Монотеизмот постоел од почеток и ќе постои до крај за разлика од политеизмот,а тоа е така затоа што вистината се наоѓа во него,мислам во монотеизмот.Вербата во Еден Бог.
За жал, не. Политеизмот постои од дамнешни времиња, уште пред паганизмот. Имаш убави пештерски цртежи кои одат во некои убави детали.
Он ја слуша сечија молитва но дали ќе ја прифати е тоа е друго.Молитвата е единствено нешто кое што може даја смени судбината на човекот.Ако чекаш да го видиш Бог на овој свет тогаш ќе ти речам само дека можеш да се изначекаш.
Зошто да чекам кога можам да си го живеам животот?
Не е вреден да го чекам.
Докази имаш насекаде а за да ги видиш не мора ни да стануваш од столчето пред твојот компјутер,погледни на пример во себе си, во човечкото тело,во твоето тело,колку сложен систем е тоа но сепак се си работи како што треба,секој орган си ја врши својата работа без претерување,секоја ќелија,крвоток и др.сеа да не набројувам.Зарем мислиш дека совршенството на работа на твоето тело е случајно?
Треба човекот да се смета себе си за Бог за сите работи што ги создал, а се далеку од едноставни?
Провери подобро кој се поголеми научници верниците или неверниците а исто провери и за Исак Њутон па после ќе праиме муабет.
Тогаш тоа било норма. Зошто сигурен сум дека збориш за тогашните научници. Исто ако одиме поназад во времето, норма било да бидеш бисексуалец/хомосексуалец
. Станува збор за општествени стеги произведени од тогашното општество. Луѓе пред неколку века биле бесени и/или горени живи на плоштад за многу помалце од тоа.