Прашања до Сатанистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Aleksandar Nevski
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сметате дека Окултизмот е еден вид Сатанизам?

  • Да

    Гласови: 23 35,9%
  • Не

    Гласови: 26 40,6%
  • Незнам

    Гласови: 16 25,0%

  • Вкупно гласачи
    64
И сега, пак прашај ме зашто сум ги споменувал проетстантите толку често...:icon_lol:

А како да не ги споменувам, кога често ја користиш онаа нивна проверено-погрешна финта на спојување два неспоиви стихови и извлекување „мудри„ заклучоци од истите.

Еве едем мој предлог: земи ги наведените стихови и исте спог ги и преспој ги со сите библиски стихови, во кои е наведен изразот „ѕвезда„ и види што вистина ќе испадне од таквата неверојатна комбинаторика...
Не е било која звезда, туку утринската звезда - звездата деница! И во двата стиха се зборува токму за неа! За планетата венера.
 
Луци не бил прв ангел створен од Бога, туку бил прв до Него, по чин... најблизок. Затоа сакал да биде како Него, па кренал бунт против Бога, за на крај да си го "попије" и да биде изгонет од присутството Божје.[DOUBLEPOST=1402000360][/DOUBLEPOST]
Не е било која звезда, туку утринската звезда - звездата деница! И во двата стиха се зборува токму за неа! За планетата венера.
ПЛАНЕТА или ЅВЕЗДА? Да не се збуни нешто?
 
Не е било која звезда, туку утринската звезда - звездата деница! И во двата стиха се зборува токму за неа! За планетата венера.

Велиш?...

Како „скопча„ дека се работи за Венера?
Како може планетата Венера да биде исто што и одредено живо и разумно битие?
Како можат две разумни и крајно спротивставени битија, и Христос и лукавиот, да бидат симболизирани со ист предмет/симбол?

И конечно, зашто Христос вели дека Он и лукавиот немаат ништо заедничко?
Види во Јован, 14.30.
 
Дали со тоа што Христијанството е јавно губи поени? Што е тоа што е општо во Христијанството? Дали тоа што другите се кријат и ги избираат членовите се во право? Незнам како да ги средам мислите ама треба да наведеш кој е критериумот за да кажеш кој има повеќе право!!!? Според кое мерило ЈАВНОТО Христијанство е подолно од ТАЈНИОТ окултизам?
Не, не губи поени што е јавно, губело поени во времето на своето диктаторско владеење, а сеа губи само верници т.е. бројот на верниците опаѓа.
Второто прашање не го разбирам, и ќе преминам на третото.
Моите мерила нормално. Прво и основно, зошто се кријат? Ако сметаат дека тоа што го прават е во ред тогаш тоа можат да го прават меѓу народот со цел да привлечат повеќе верници (нели, такви биле и никулците на Христијанството). Второ- дуализмот кои го објаснив, трето- Шкорпион наведе 2 вида сатанисти. Јас мислев цело време за оние вторине т.е. на оние кои се срам за сите други сатанисти. Што директно значи раздор (го има и во Христијанството, но ова е веќе нешто друго). Има уште, но ова се поважните точки.
 
ПЛАНЕТА или ЅВЕЗДА? Да не се збуни нешто?
За тогашните луѓе била ѕвезда, сега знаеме дека е планета...барем оние кои не сметаат дека науката е измислица на окултисти.[DOUBLEPOST=1402000758][/DOUBLEPOST]
Велиш?...

Како „скопча„ дека се работи за Венера?
Како може планетата Венера да биде исто што и одредено живо и разумно битие?
Како можат две разумни и крајно спротивставени битија, и Христос и лукавиот, да бидат симболизирани со ист предмет/симбол?

И конечно, зашто Христос вели дека Он и лукавиот немаат ништо заедничко?
Види во Јован, 14.30.
Види, јас не толкувам, како што пишува така читам. Тие умствени вратоломии со кои некој стих го толкувате се додека не ви одговара, се ваша експертиза.
 
Последно уредено:
Види, јас не толкувам како што пишува така читам. .

Ова го вели секој протестант (леле, пак протестанти...), кој си комбиниса стихови по желба и кој си клепа свои вистини и толкуњава од тоа комбинирање.

Прашањата кои Ти ги поставив, ја разбиваат илузијата на „точно„ повикување на произволно одбрани стихови.
 
Ова го вели секој протестант (леле, пак протестанти...), кој си комбиниса стихови по желба и кој си клепа свои вистини и толкуњава од тоа комбинирање.
Викам јас ти кошмари имаш од протестантиве.....
Јас не толкувам бре Мики!! Каде виде толкување? Ти ги постирав како што стојат во библијата!
И двата стиха се однесуваат на утринска ѕвезда. Колку утрински ѕвезди има? Пет? Три? Осум?
 
Еве уште едно разбивачко прашање: како го направи оној временски скок од Исаија до Јована?
 
Да генерализираш поим САТАНИЗАМ и да говориш за истиот воопшто не е баш мудро, нели?

А што е мудро според тебе Аце? Објаснив дека убиствата се убиства, и секогаш има глупави причини позади нив зошто се направени. Во име на сатанизмот се едни од најидиотските што постојат, бидејќи немаат блага врска со изворниот сатанизам туку со нечии изопачени сфаќања за светот. Што менува дали некој убил некого за да го задоволи Белиал или убил затоа што жртвата била проститутка, или затоа што била што знам, со црвена коса? Која е разликата? Луѓе умреле. Ради глупости.

Станувањето рисјанин не е автоматски настан, но тоа не е дел од темава.

Остај ги жртвите од секојдневите убиства, овде прајме муабет за рутиални жртви и убиства.

Слушај, искрено почнуваш да нервираш. Или дискутирај како што треба или ич не ме цитирај. Ако јас можам да одговорам на секое твое прашање, можеш и ти. Ако сум го поставил, има врска со темата, не е оф топик (на крај краева има модератори кои се грижат за оф топик мислења).

Ако станувањето христијанин не е автоматско не е ни сатанист така лесно да се стане. Пак имаш такви кои преку ноќе си се пронашле како такви. Поентата ми е, мене таа Библија и одењето редовно во црква и глумење дека се молам и палам свеќи не ме прави повеќе христијанин од Докинс, океј? Така да само затоа што некој се нарекува сатанист, се облака во црно, шара очи со eyeliner и убива луѓе во име на демони не го прави "прав" сатанист. Го прави глупав идиот, како што реков и претходно, и ќе си ги сноси последиците од своите постапки. По таа оценка, сите убијци се глупи идиоти (освен ако убиството е во самоодбрана), без разлика. Дали биле непланирани импулсивни убиства, планирани ритуални убиства, или планирани неритуални убиства, не е важно.
 
Со родословот на спирота.

Еве уште едно, за секој случај: Исаија зборува за падот од ангелот Деница од Небесата, а Христос зборува за самиот Себе, како сјајна ѕвезда.

Нели е појќе од очигледно дека се работи за два субјекти?
 
Еве уште едно, за секој случај: Исаија зборува за падот од ангелот Деница од Небесата, а Христос зборува за самиот Себе, како сјајна ѕвезда.

Нели е појќе од очигледно дека се работи за два субјекти?
Не зборува за себе како за "сјајна ѕвезда", туку - сјајната утринска ѕвезда:
Откровение 22:
16. Јас, Исус, го испратив својот ангел да им го посведочи ова на собранијата. Јас сум коренот+ и потомокот Давидов,+ и сјајната утринска ѕвезда
 
Не зборува за себе како за "сјајна ѕвезда", туку - сјајната утринска ѕвезда:

И што се промени во очигледната разлика помеѓу ангелот Деница и Христос, како сјајна ѕвезда?...
 
И што се промени во очигледната разлика помеѓу ангелот Деница и Христос, како сјајна ѕвезда?...
Веќе ти реков, немам потреба ни намера да тумачам. И двата стиха се однесуваат на утринската "ѕвезда". Едниот ја споредува со паднат ангел(Иако евреите имаат сосема поинакво објаснување за тој стих и според нив не се однесува на ангел, туку на човек - кралот Набуканезер), другиот ја асоцира со Исус.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom