Манџукич или Џеко сеедно е.
Имиња, имиња, имиња ...... Секој ден сѐ нови и нови.
Но, едно е сигурно, а тоа е дека сериозно имаме загризано за Итурбе. Според мене тој би бил подобра опција од Черчи.
Добро започнавме на трансфер пазарот со тоа што место Тадеи го доведовме Кеита, сепак се работи за поквалитетен фудбалер. Можеби Тадеи играше со срце за Рома, што секој навивач го цени, но во последно време многу технички грешки правеше и трчаше на теренот како мува без глава.

Учан е 99% играч на Рома, часови се во прашање за неговиот потпис.

Голем талент на турскиот фудбал, се надевам ќе се снајде кај нас и ќе биде достојна замена за Пјанка.
За имињата кои што се споменуваат за во Рома ќе постирам од вестите на ФБ страната на нашиот фан клуб (иако знам дека 100% од вас го читаат), при што ќе наведам свое мислење за истите.
1.Corriere dello Sport - „Рома нуди 8 милиони евра за Сантон, Њукасл бара 10. Можно е двата клуба да постигнат договор негде на средина од овие две суми.“
Сантон е супер играч и сигурно дека би ни бил големо засилување и тоа за позициите кои ни се најтенки (најпроблематични). Се работи за делумно млад фудбалер со големо искуство, што не е честа работа. Не е скап и може да се донесе како одлично засилување.
Знам дека голем број клубови се заинтересирани за него, но сепак потајно се надевам дека Саба ќе успее во намерата (ако ја има се разбира) да го доведе.
2.Еден од напаѓачите кои ги следи Сабатини:
Манџукич: "Си заминувам од Баерн, не сум компатибилен во играта на Гвардиола."
Шта реци и не погрешити. Врв. Играч светска класа. Мислам дека и најк беше заинтересиран како спонзор да се доведе играч од врвна класа за да се продаваат дресови како алва.
3. 23-годишниот Бразилец со португалски пасош, Даглас Коста од Шахтјор Донетск, е најновото име кое се поврзува со Рома.
За Даглас не верувам, освен ако не го продаваме Љајо, па тој да игра на негова позиција. Сепак имаме неколку опции за таа позиција. Иако е млад и одличен играч.
4. Чести се разговорите помеѓу спортските директори на Рома и Верона, Сабатини и Сољиано. Рома е спремна да потроши 30 милиони евра за Итурбе и Ромуло, а ќе понуди и некој од младите играчи. За да испрати официјална понуда, Рома мора да почека Верона да го откупи Ромуло од Фиорентина.
Ова може да се иствари во наредниве денови, со тоа што во спротивен правец би заминале и еден или двајца од младите играчи. За Итурбе ми се прави ќејв, но Ромули би бил само замена на позиција десен бек.
5.Десниот бек на Леверкузен, Италијанецот Џулио Донати: "Ми се допаѓа Рома. Би сакал да напредувам покрај Мајкон."
Повторно десен бек. Можеби за ова разгоараа Сабатини со Фелер, покрај позајмицата на Једвај во Леверкузен. Ефтина и солидна опција за резерва.
6.Мавуба: "Кога еден тим како Рома ќе те побара, тоа може само да ти причинува задоволство, но за сега нема понуда. Ако Руди ме сака во Рома, со задоволство ќе дојдам, него не би можел никогаш да му кажам 'не'."
Мавуба сам си се шпекулира
