Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
на админи и модератори уствари им е работа да ги читаат темите за кои се поставени и да санкционираат неправилности
вајда нема да се кодошиме за секој офтопик пост, дај мавни бан на тие шо шерифуваат, мавни ми и мене еден бан ама барем дискусијава нека биде квалитетна, а не тука некој ќе се фали со големината на половиот орган па и ќе си ги мериме згора на тоа
Знаеш колку теми има само во овој подфорум? И колку нови мислења се пишуваат секој ден? Па и ние сме луѓе со приватен живот и не можеме 24/7 да бидеме достапни на форум. Затоа постои пријави, за да можеме поефикасно да си ја работиме работата. А ти како совесен член, ако нешто не е во склоп на правилата на форумот, можеш да пријавиш!!!

Ти ќе ми кажуваш шо ми е на мене работата.
Честито казнени за изигравање шериф!
 
Знаеш колку теми има само во овој подфорум? И колку нови мислења се пишуваат секој ден? Па и ние сме луѓе со приватен живот и не можеме 24/7 да бидеме достапни на форум. Затоа постои пријави, за да можеме поефикасно да си ја работиме работата. А ти како совесен член, ако нешто не е во склоп на правилата на форумот, можеш да пријавиш!!!

Ти ќе ми кажуваш шо ми е на мене работата.
Честито казнени за изигравање шериф!
немој бе он ни крив ни дужен си го окрка...хаха :P
 
Ме мрзи да читам што сте пишувале последниве 10 страни..

Една слика само набрзинка. Лабаво по фармерчиња и маички/
1925228_326632790824144_4693118326769154644_n.jpg
 
Што е со ПЕП,со беливе шлемови ко моторџии се ? и тоа лимените панцири..?

добри беа со црните шлемови и тие другите панцири...:D
 
не се сите типци од пеп многу од овие овде се обични чандари
 
Утре (05.06.) со почеток во 11 часот во Центарот за обука во Идризово ќе биде промовирана новата Единица за јавен ред и мир и интервенции, како организациона единица во склоп на организациските единици за општа безбедност и полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје. По тој повод свое пригодно обраќање пред присутните гости и високи функционери на МВР ќе има министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска.
 
ФОТО: Нова единица на СВР Скопје - овие спремни момци ќе воведуваат ред и мир






Во Центарот за обука во Идризово денеска беше промовирана новата Единица за јавен ред и мир и интервенции, како единица во рамки на организациските единици за општа безбедност и полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје.

Функцијата на единицата, во чиј состав се 207 лица, е да се грижи за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем со цел заштита на животот и имотот на граѓаните односно ќе се грижи околу одржување на јавниот ред и мир на јавни собири, спортски и културни манифестации, најавени и ненајавени собири на граѓани - митинзи, штрајкови, но и други форми на незадоволства на граѓани искажани преку организирани или неорганизирани јавни собирања.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска истакна дека од единицата се очекува да биде ударна сила од униформираниот дел во СВР-Скопје, која ќе може да се справи со сите безбедносни предизвици со кои МВР се соочува во извршување на секојденвните работни задачи.

- Единицата, покрај вонредни, редовни, посебни обезбедувања, асистенции и спроводи, ќе има задача да врши и редовни полициски работи на територијален принцип со покривање на рурални подрачја на Полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, како и во урбаните средини со мотопатролни служби и пешачки патроли, појасни Јанкулоска. Таа објасни дека новата единица треба да делува и во спречување кривични дела со елементи на насилство и приведување опасни деликвенти.

Министерката Јанкулоска истакна дека дека во првото тримесечие од 2014 година регистрирани се вкупно 325 прекршоци од областа на јавниот ред и мир за разлика од истиот период лани, кога беа регистрирани 830 прекршоци. За 308 прекршоци веќе се поднесени барања за поведување прекршочна постапка против 415 лица, а лани, подвлече Јанкулоска, бројот на пријавени лица во првиот квартал изнесуваше 1.029. Најголем број од регистрираните прекршоци се физички напади и тоа 166 или тројно помалку од минатогодишните 485, како и учество во тепачка, 30 прекршоци, за разлика од ланските 92.

Министерката им посака што е можно помалку да има потреба од нивна интервенција и што е можно поефикасно постапување тогаш кога ќе биде неопходен нивниот ангажман.

Единицата за јавен ред и мир и интервенции пред присутните изведе показни вежби за работа со томфа и самоодбрана, апсење на опасно лице во бегство и воспоставување нарушен јавен ред и мир од поголем обем, контрола над толпата и контрола на просторот.
http://press24.mk/node/93810
 
Зошто тогаш ја носат униформата на ПЕП ?
Другар тоа не е униформа на пеп на пеп црната униформа шо ја носат е тегет.Ова е обичната униформа на обичен полицаец црното палто и панталоните.Нема тука што да се чудиш.Исто така погледни им го амблемот друг доказ дека не се од пеп.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom