факт е дека денес никој не верува во Зевс
а некад бил и тоа каква реалност во верата на тие луѓе
и за сите религии важи истото!
Ако има бог ама тој нема никаква врска со она што луѓето го измислиле за него, како да се вика, како да се моли и слично (во секоја религија различно)
тогаш од каде знаеме дека воопшто постои бог
знаеме дека постоиме ние тоа е непосредно
знаеме дека нема да постоиме кога си во бесознание, спиење без соништа, смрт
но се е продукт на човекот па и поимот бог, бидејќи религиите толку имаат обележја од поднебјето, културата и времето во кое настанале, што очигледно е дека се дел од човечката наградба.
Кога немало поделба на физички и умствен труд, немало време да се мисли за тоа бог, смисла после животот и слично, бидејќи се било гола борба да се остане во живот, и денес луѓе кои работат напорно немаат време ни сила да мислат на такви работи па ги прифаќаат здраво за готово ставовите на заедницата и културата на која и припаѓаат.
Кога се создале класни разлики и робовладетелство, слободните луѓе кои не биле робови имале време пошто за нив работеле робовите и почнале да мислат за таканаречените примордијални прашања, така се јавиле митовите, религиите, но за разлика од нив филозофијата и науката се служи со аргументи, логика, критичко мислење, методолошко сомневање, експерименти, проверки на хипотези и во таа смисла е поверодостојна од религиите кои нудат утеха не знаење (нивна цел е да тешат). е дека нема смисла вон самото живеење е јасно кога ќе остари човек ептен и не го бива да оди се сопнува паѓа, му треба помош и сфаќа дека цела смисла на животот се исцрпила и исчезнала со времетраењето на животот.
Човек на смртна постела знае дека животот нема смисла но имал смисла, бидејќи се одживеал!!!