Мики, не им се лути, на ним и смета што лугето имаат колишта и авиони, затоа што Исус одел со магаре, и сега очекуваат сите ние религиозните со магаре да одиме.
Гледам Доналчо се труди да ти ја објасни разликата, ама некако слабо му оди, дрибла во место и само стативи погаѓа. А и ти си одличен голман...хе хе хе
Еве со два збора ќе ти кажам тоа што Донал се мачи, разликата мегу религија и институционана религија е во похлепноста, ненаситноста.
Религијата е Една, важи са сите религи, дали е тоа Христијанска, Ислам Буда не е битно. Врв на сето тоа е Бог.
Е сега дека е грешката , ако воопшто може да се рече дека е грешка. Секоја од нив поединечно направила Божји храмови за да ја шири својата Вистина...цркви, џамии синагоги..и секоја од нив се труди да собере што повеќе народ во храмовите.
Во сите овие храмови, направила хиерахија која со текот на годините ја заборавиле основната задача за која постојат, а тоа е ширењето на Божјиот збор. Повеќе се заинтересирана за тоа како ќе го поделат „колачот“ кој го наплаќаат на сиромашниот народ.
Е сега, по мене тоа атеистите сакаат да го нагласуваат, гледаат мравка слон прават, бидејки не ја гледаат добрата страна на Божјите храмови, кои јас ги имам напишано неколку пати.
Од друга страна, требе да ги разбереш атеистите, затоа што тие освен да тражат грешки, не знаат што друго да тражат, затоа и се загубени.