Старо оружје

  • Креатор на темата Креатор на темата ТојодТаму
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.372
Локација
Скопје
Дали има јунаци кај нас што имаат или собираат старо оружје??

Пред извесно време чепкајќи низ подрумот најдов британски Стен од Втора Светска војна.

Произведен е во Велика Британија околу 1940-41 година, кога имало потреба од брзо производство на полуавтоматски пушки поради недостиг на оружје за борба против инвазијата на Германија. Производството на оваа пушка одело брзо и ефтино, а пушката била лесна за носење и ракување.

Моделот кој конкретно се наоѓа кај мене е Sten MKII кој е втора серија на производството пушки..
Слика од Черчил со МК2 серија
598px-Winston_Churchill_As_Prime_Minister_1940-45_H10688.jpg

Слика од оригиналниот изглед на оружјето
sten-310.jpg

Како оружјето стигнало во Македонија??? (се работи за моја претпоставка)

За време на Втората Светска Војна територијата на поранешна Југославија била под окупација на силите на оските и се започнувале дејствија за нејзино ослободување. Едните биле ориентирани на страната на комунистите и Советска Русија познати под името Партизани на чело со Јосип Броз Тито, а другите биле западно, националистички ориентирани под името Четници кои биле приврзници на кралот Александар Караѓорѓиевиќ. Овие две фракции имале свои дејствија меѓутоа биле во недостиг на опрема (оружје, муниција, храна, лекови итн.)

Во меѓувреме во 1943 година се одржува Техеранската конференција каде што се сретнуваат Сталин, Рузвелт и Черчил да разговараат за повеќе работи меѓу која и ситуацијата на Балканот односно Југославија. Доаѓаат до решение Черчил и Рузвелт да понудат подршка за тогашните Партизани со секаков вид на опрема и залихи. (меѓу кои и оружје Стен МК2)

Слики од мојот примерок
DSC03129.jpg

DSC03130.jpg

027.jpg

Доста беше оштетена на почетокот, но со малце труд и време ќе стигне до првобитната состојба.

Дали можеби знаете која цена се движат овие оружја и дали спаѓаат во категорија на артефакти?
Дали треба да имам дозвола за да ја поседувам? (не е во состојба за пукање, деактивирана е)

Се надевам не ви здосадив (y)
 
zavisi od cenata, ama koga bi bil na tvoe mesto ne bi ja prodal :)
 
Браво за колекцијава.. Од каде се земени/добиени ако не е тајна?
земано па даено, воглавном од франција таму имав еден приател со кој соработував на ова тема, тој е голем колекционер.
 
земано па даено, воглавном од франција таму имав еден приател со кој соработував на ова тема, тој е голем колекционер.

томпсон таков може да се набави? или ретки се, и која година е на производство?
 
томпсон таков може да се набави? или ретки се, и која година е на производство?
Томпсонот не е редок, произведуване во милиони примероци, делен е после како американска помош насекаде, го имаше доста и во ЈНа која го доби после војната а се користеше доста и во војната во бивша СФРЈ.
На сликата е М1 модел и во ваква состојба кошта(ше) околу 700 евра - цена од 2005-2007
 
Не сум многу упатен али кога гледав за делови за пушкава моја (ми треба магазин) на еден британски форум, имаше доста пушки модели на оригиналните кои се изработуваат со висок квалитет али не е тоа вистинското и тие чинеа негде од 600-1000 фунти.
 
http://aa-ok.com/magazine-32-round-new-navy.html
st061a.jpg

Kaj старите оружја иаш сочуваност и реткост. То диктира цена, томпсонот и стенот беа масовно произвеувани но и кај нив имаш некои мали ретки серии експериментални или преработени кои можат многу да чинат
 
Последно уредено:
Ај кој продава оружје било какво нека ми пише
 
браво сепак овоа е едно поскапо хоби и е за почит
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom