Заработка на интернет (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата HaRdToGeT
  • Време на започнување Време на започнување
Ако си добар веб девелопер не треба да чекаш 4-5 месеци туку уште првиот месец можеш да за работиш нето 1000 усд, а ако имаш и организациски способности можеш повеќе од 1000 долари месечно да заработуваш.
Погрешна претстава ти праат децава на темава што се палат на пирамидални шеми.
Не си ја видел другата страна од паричката, не си свесен колкав е бројот на луѓе што ги праат тие 1000 усд со 2-3 саати работа на ден, ко од шала. Не зборам само за светот туку и во МКД.
Пасивна заработка. Идејата е да направиш нешто што во иднина со 0 часови работа ќе ти носи пари. Невозможно? За кого како.
 
Твоето мислење повеке ме насмеа, научи да програмираш и ќе бидеш обичен ИТ работник за интересирте на другите и вредноста на твојата работа ќе биде минимална поради индијците кои би направиле се за $1. Научи правилен Affiliate Marketing и да видиш што се сериозни пари, а тоа се учи баш со форуми како BHW, од SEO до PPV маркетинг и бесплатен CPA маркетинг за почетници.

Нормално немаш работено на проект од $150,000 па тресеш глупости за AM, CPA и слично. Квалитетен програмер е платен едно 50 пати повеќе од оние што се бават со интернет маркетинг, факт.
 
Погрешна претстава ти праат децава на темава што се палат на пирамидални шеми.
Не си ја видел другата страна од паричката, не си свесен колкав е бројот на луѓе што ги праат тие 1000 усд со 2-3 саати работа на ден, ко од шала. Не зборам само за светот туку и во МКД.
Пасивна заработка. Идејата е да направиш нешто што во иднина со 0 часови работа ќе ти носи пари. Невозможно? За кого како.
Ова е точно, има многу Македонци кои заработуваат по 100-1000$/day, лично знам неколку од нив.
А вие што серете со тие пирамидални шеми и со PPC сајтови што ќе се отепате од кликање со години за помочани $$$, гледајте со PPD/CPA луѓе по колку пари прават
bIqB6Yc.png

GzJaTzG.png

4Yeezle.jpg
 
Последно уредено:
Нормално немаш работено на проект од $150,000 па тресеш глупости за AM, CPA и слично. Квалитетен програмер е платен едно 50 пати повеќе од оние што се бават со интернет маркетинг, факт.
Ти имаш работено на таков проект?

Ѕвер е Митпат.
 
Ти имаш работено на таков проект?

Да, мада не знам што сакаш да постигнеш со прашањето. Ако имаш да изнесеш валидна поента зошто не се согласуваш со било кој дел од моето мислење, би ми било драго да дискутираме. Во спротивно да не губиме време млатејќи празна слама.
 
Ова е точно, има многу Македонци кои заработуваат по 100-1000$/day, лично знам неколку од нив.
А вие што серете со тие пирамидални шеми и со PPC сајтови што ќе се отепате од кликање со години за помочани $$$, гледајте со PPD/CPA луѓе по колку пари прават
bIqB6Yc.png

GzJaTzG.png

4Yeezle.jpg

ме интересира ти дали толку заработваш??
 
Нормално немаш работено на проект од $150,000 па тресеш глупости за AM, CPA и слично. Квалитетен програмер е платен едно 50 пати повеќе од оние што се бават со интернет маркетинг, факт.
Не е битно кој на колкав проект има работено (освен ако си ги мерите) битно е колкава паричка е извадено со одредена работа.
А математиката погоре које е поплатено еве ја од моја гледна точка:
Квалитетен програмер е платен ( зависно од неговиот квалитет) едно 50 пати ??? повеќе од оние што се бават со интернет маркетинг ( не мора да значи ( тоа ти е исто ако квалитетно испрограмираш без добар маркетинг е залудно) А за обратно ?
Слабо испрограмирано нешто добар маркетинг исто така носи добра пара.
Еве лично јас не сум никаков програмер ( мака мачам нешто кога треба да сменам или да креирам изглед на страна) па заработувам солидно ( варира секој месец различно али не е лошо, ама може да биде секогаш и повеќе) ама за тоа е услов претходно наведените работи колку попрофесионално толку подобро и повеќе пари.
И престанете да си ги мерите , воглавно овде темава е за размена на идеи и искуства. Оти од размена на искуства сите би имале корист. А кога би се здружиле и заедно би работеле би биле најјаки = најмногу пари за сите :)
А буквално од се се заработува преку интернет доколку правилно се работи.
А од мое лично искуство ако времето го бодуваш во сооднос со пари тогаш најисплатливо е маркетинг (Affiliate маркетинг ) преку своја страна свој домејн.
 
Нормално немаш работено на проект од $150,000 па тресеш глупости за AM, CPA и слично. Квалитетен програмер е платен едно 50 пати повеќе од оние што се бават со интернет маркетинг, факт.
Не тресам глупости, туку работам со Affiliate Marketing 3 год. И тој успех што сум го стигнал, со програмирање за 3 год нема никогаш да го стигнеш.
Affiliate Marketing си сам свој газда, можеш да заработуваш колку сакаш и колку работиш шансите да заработиш ти се големи ако се занимаваш со години. Тоа е цел бизнис.

А програмер прво ѓи има милиони и ќе бараш работа многу долго. И кога ќе најдеш во МК ќе зимаш месечна плата од 15,000. Мизерни пари. А знаеш кои ти се шансите на некој да му речеш учи програмирање ќе праиш 150к$. Можеби ти си влегол и работиш во нив но за другите да влезат во тие "големните проекти". Ако беше во америка можеби ќе ти беа 1%. Вака во МК ти се 0%. Повеќе шанси имаш да фатиш 7мица лото него да влезеш во тие големи проекти.
 
Ајде намалете со споредби и тресење глупости. Од двете работи се прават пари ако имаш знаење и правилно го насочиш. Гледам Бил Гејтс, Возниак, Елисон сите тие од маркетинг пари направија од тоа што биле добри програмери ништо. Така да немој да тресеш зелени дека од програмирање не се прават пари. Имај револуционерна идеа и пласирај ја напазарот (ама и направи добар маркетинг за да привлечеш луѓе и ти ќе бидеш на ваква листа).
Е сеа да не се збуниш и да мислиш дека сум против афилиате маркетинг, напротив во последно време многу читам за него зашто реално за да работам на страниве за трошки несакам, има индијци кој прават растур за мн помала плата од онаа што ние ја бараме.
Еве јас за мене ќе ви споделам, одкако работам на интернет од 2008. Многу повеќе пари сум направил од некаков вид на маркетинг (не афилиеит), одколку од тоа што сум работел програмирање.
НАЈВАЖНО ви е какви знаења имате, е кога ќе расчистите со знаењата битно е и како можете нив да ги искористите. Џабе ми се циско сертификати коа за тоа нема работа од дома.
 
Не тресам глупости, туку работам со Affiliate Marketing 3 год. И тој успех што сум го стигнал, со програмирање за 3 год нема никогаш да го стигнеш.
Affiliate Marketing си сам свој газда, можеш да заработуваш колку сакаш и колку работиш шансите да заработиш ти се големи ако се занимаваш со години. Тоа е цел бизнис.

А програмер прво ѓи има милиони и ќе бараш работа многу долго. И кога ќе најдеш во МК ќе зимаш месечна плата од 15,000. Мизерни пари. А знаеш кои ти се шансите на некој да му речеш учи програмирање ќе праиш 150к$. Можеби ти си влегол и работиш во нив но за другите да влезат во тие "големните проекти". Ако беше во америка можеби ќе ти беа 1%. Вака во МК ти се 0%. Повеќе шанси имаш да фатиш 7мица лото него да влезеш во тие големи проекти.
Изгледаш дека не ти се познати работите баш, добар програмер не работи за македоски фирми за 15 000 ден., туку преку некој филенс сервис за странски клиенти (најчесто),
Се сложувам дека со интернет маркетинг се заработуваат многу пари, но не може секој да заработи многу пари. Знаеме дека google заработуваат милијони долари од тоа ама мобичен смртник утра сабајле ќе заработи толку пари. Гледам погоре 9000 долари дневно, 1000 долари дневно, не си правете бајрам на паметот.
 
Што е тоа битно ?
Онака дали од искуство кажваш или од слики на други луѓе?

За со слики можиш да најдиш и некој со Neobox шо заработва огромна сума на пари па то не докажва ништо дали е нешто подобро или не.

Секој си има најдено различен начин на заработка и то е то важно да се врти парата :D
 
Се согласувам за тоа битно е да се врти парата, ама муабетот ми е зошто некој да се мачи да клика за смешни суми, а не се потруди за тоа време да разлиста да прочита некој форуми и да си најди свој метод, иначе не сум заработувал олку ова е огромна сума ама знам други Македонци што заработуваат со СЕО...
 
Изгледа не се разбирате меѓусебно како што треба. Значи, од програмирање се прават пари, од програмирање во фирма (како обичен програмер) не се прават пари! Факт. И толку.

Еве пример како заработуваат вистинските програмери, прочитајте ја статијата. Сигурно не работејќи за некој шутрак во некоја фирма, на проекти од по $150 000, од кои $145 000 идат за газдата, останатите се делат на 10те вработени, за плати:
http://it.com.mk/prekrasnata-monument-valley-sega-e-dostapna-i-za-android/

Да, мада не знам што сакаш да постигнеш со прашањето. Ако имаш да изнесеш валидна поента зошто не се согласуваш со било кој дел од моето мислење, би ми било драго да дискутираме. Во спротивно да не губиме време млатејќи празна слама.
Онака, ме интересира. Друго нешто што ме интересира е дали тебе лично ти исплатија $150 000 т.е сам го сработи проектот или работеше на него заедно со други програмери? Колку време работеше (или работевте) на проектот?
Обично такви проекти не се наоѓаат од индивидуалци/freelancer-и, и тоа Македонци, туку претежно цели фирми работат на таков проект. Значи едно е да работиш на проект од $150 000, друго е да сработиш, сам, таков проект. Ако си успеал сам да најдеш таков проект и да го сработиш, секоја чест.

Нормално немаш работено на проект од $150,000 па тресеш глупости за AM, CPA и слично. Квалитетен програмер е платен едно 50 пати повеќе од оние што се бават со интернет маркетинг, факт.
Релативно е тоа "платен едно 50 пати повеќе", кажи суми.
 
Релативно е тоа "платен едно 50 пати повеќе", кажи суми.

Најголема саатнина што сум ја фатил како програмер ми е $15, додека со маркетинг да работам за друг не за себе најголема саатнина што сум фатил е $40.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom