Воени злосторства на терористите од УЧК

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
На денешен ден пред точно 13 години (03.05.2001), откако со транспортер влегоа во селото Ваксинце, во заседа загинуваат две припадници на единицата „Шкорпони“:

– *ВЛАТКО ПЕТРОВ (†24) од с. Чардаклија, Штипско. Влатко беше храбро момче, кое се определи да му служи на својот народ и земја. Веруваше дека на тој начин ќе ја изврши патриотската задача. Завекостана на браникот на Татковината.

– *ДИМИТАР ДВОЈАКОВСКИ (†29) од Нова Горица, Словенија. Роден во Словенија, но по потекло е од Штип. Димитар беше како и Влатко Петров во „Шкорпионите“. Беше силно момче. Како и татко му Јане, кој беше висок офицер на АРМ, така и он бил многу верен на армијата и единицата. За тоа колку и бил верен на армијата и единицата говори и податокот што сам сакал да оди на позиција на 2 Мај. И ако му следеше одмор, можел, со мирна совест да го мине празникот во касарната во Куманово и наредниот ден да си замине за Штип, кај своите. Можел, но не го сторил тоа. Него му беше одбраната на Македонија по важна него одморот. Зад себе ги остави едногодишниот син Јане и сопругата Емилија.

Во врска со нападот на транспортерот во Ваксинце интересен е и податокот дека во него учествувале 60-тина терористи од селото на чело со сопственикот на колонијалната продавница и уште 30-тина терористи од Косово. Практично врз седуммината се пукало од сите страни. Кога ја минале барикадата, навлегувајќи во селото, веднаш влегле осило од терористи. Се нашле сардисани од сите страни и немале можност за борба, бидејќи се враќале од позиции и биле во возилото. Настанот укажува и на карактерот на терористите. Ако веќе претпочитаат борба, тогаш зошто не се бореле додека момчињата биле на позиција, туку ги чекале кришум, во заседа.



ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ МАКЕДОНСКИ!
 
Последно уредено:

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Командантот на КФОР, германскиот генерал Клаус Рајнхарт рече дека кога КФОР ќе уапсел некој УЧК-а што се борел во Македонија, наредниот ден Американците му наредувале да ги ослободи. Во Холандија со леснотија го прифатија моето одбивање да сведочам за настаните во Македонија, бидејќи доколку им ги дадев документите, тие ќе ја ставеа мојата земја во непожелна позиција против САД



Тој публикуваше сторија, повикувајќи се на разузнавачки документи, со која тврдеше дека борците на ОНА биле обучувани и тренирани од американски и од британски инструктори. Во интервју за „Нова Македонија“, по точно единаесет години, Јасперс ги доловува деталите на истражувачката приказна и говори како е да се работи како новинар во оваа проблематична и ризична област.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
- Првпат дознав дека терористите на ОНА или УЧК се тренирани од земји-членки на НАТО преку строго доверливи документи.
За да ја поткрепам приказната во тоа време направив интервју со командантот на КФОР, германскиот генерал со четири ѕвезди Клаус Рајнхарт, кој служеше во Косово. Во разговорот, тој изнесе тврдења дека знаел оти некои терористи на УЧК во Косово заминале да се борат на страната на ОНА во Македонија.
Рајнхарт велеше дека НАТО-командантот на Европа му давал наредби да апси вакви луѓе, а кога ќе ги уапсел, речиси истовремено по испраќањето на документите за акциите стигнувале нови наредби, но од највисоко рангираниот американски офицер за Европа, да ги ослободи приведените терористи на УЧК.
Следуваа многубројни интервјуа, како на пример, со сега покојниот поранешен министер за надворешни работи на Холандија, Макс ван дер Штул, како и многумина европски новинари очевидци на дел од тие настани, кои, за среќа, и ми ги дадоа потребните фотографии и видеоснимки за да ги докажам моите тврдења. Ако се сеќавате на нив тоа е фотографијата како борците на УЧК се качуваат во автобус, а се спроведувани од неколку војници што имаа ознаки на американската армија.
ХУБ ЈАСПЕРС, ХОЛАНДСКИ НОВИНАР-ИСТРАЖУВАЧ


Ќе ги помтиме главните крвопии - УЧКО - ОНАнисти[DOUBLEPOST=1399912468][/DOUBLEPOST]УЧК во срцето на вицепремиерот

На статусот при промената на фотографијата на најпопуларната Интернет социјална мрежа Адеми напишал: "Слава за паднатите борци"
Амблемот на УЧК (ОНА) во саботата осамна на Фејсбук профилот на потпретседателот на македонската Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор Абдулаким Адеми. Вицепремиерот Адеми ја сменил фотографијата еден ден по акцијата на Министерството за внатрешни работи кое во петокот откри голем арсенал на нелегално оружје.
Во неделата, таканаречената Ослободителна народна армија (ОНА) се огласи со соопштение со кое ја презема одговорноста за престрелката кај Блаце на македонско-косовската граница. На статусот при промената на фотографијата на најпопуларната Интернет социјална мрежа Адеми напишал: "Слава за паднатите борци".

Има филм ,,Вампири су меѓу нама,, . Треба некому да му текне да сними филм ,,Крвниците се меѓу нас,,.

Каква иронија ... терористите агресори балисти да се нарекуваат ,,БОРЦИ,,. Со тоа им се дава можност да се поигруваат и ги исмејуваат бранителите. Најстрашно им плукаат во очи на родителите на загинатите и ранети бранители.

БРУКА
[DOUBLEPOST=1399921261][/DOUBLEPOST]

Lešok Monastery by the UCK Terrorists.- Лешок. Уништен Манастир од терористите
И манастирите и црквите немат божји мир од балистичката стока.


Мртвото тело на Борис Mагденовски 1 јули 2001 година, тој беше еден од жртвите на етничко чистење во селото Брезно, Шар Планина. Магденовски бил на помош кај пријатели кои граделе куќа во селото. Кога терористите наредиле на селаните да напуштат, Магденовски не разбрал што се случува. ОНАнистите се развикале, а кога тој не одговорил, бил убиен од страна на терористите на УЧК.
 
Последно уредено:

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
На денешен ден пред точно 13 години (31.05.2001), носејќи вода и храна на Бранителите на караулата Билјак, на кукавички начин од подметната мина загинува капетанот од Берово ЗОРАН БУБЕВСКИ († 33).

БИОГРАФИЈА

Да бидеш капетан во Македонската армија е големо признание и потврда за вредноста и потенцијалите на младиот старешина. Науката и учењето го исполнуваа, а воениот позив го чинеше среќен што ја извршува големата и одговорната задача да ја брани родната земја и нејзината независност и интегритет.

Родителите Славка и Борис неможеа да му се израдуваат при секое доаѓање од учење и служба во родното Берово. Имаше големи амбиции и нескриени желби да напредува во војничката кариера, но и да го израдува семејството со повеќе наследници.

На 25 мај 2001 во реонот на Блаце згасна животот и сите планови на Зоран, рожбата на Македонското семејство Бубевски, чиј син е уште една невина жртва за Македонија.

ПОЧИВАЈ ВО МИР КАПЕТАНЕ, ВЕЧНА ТИ СЛАВА!

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.828
Поени од реакции
82.917
Aaaaa ne. Nikako izrazuvanje vo mnozina so sugestija za kolektivna odgovornost. Ima konkretnko koj, kako, zosto:
OK
И народот како ги казни овие?
Едниот, веднаш по ова, го ставија на власт. И тоа, баш тој кој највеќе се противеше на давањето отпор. Казна е тоа, или награда?

Така е и сега, власта неколку години безсрамно затвора очи пред сето она што ни го праат Албанците, дури и пратениците дигнаа рака за амнестирање на докажани воени злосторства, врз сопствениот народ. А истиот народ упорно ги бира. Дигаат споменици, а на 500 метра од Воинот на Коњ, не смееш со македонски обележја да се прошеташ, зашто ќе јадеш ќутек.

Народот го залужува сето она кое му се дешава.
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
Еве нешто за кукавичката тактика на терористите.

13 години подоцна - Македонија не смее да заборави!!! (мал извадок од биографијата за генерал Ангелов: ВОИН ЗА МАКЕДОНИЈА)

Драги пријатели: Ова е една од најжестоките пешадиски битки во воената 2001 година. Битката кај село Лисец, 22 мај 2001 година. Единствен случај во кој припадниците на безбедносните сили влегоа во заседа и останаа живи. Полицајците беа предводени од командантот Стојанче Ангелов. Воин што застана рамо до рамо со нив. Генерал Ангелов не командуваше од канцеларија. Не ги остави неговите полицајци, неговите соборци. Со лично влијание и директно учество покажа и докажа како се брани Македонија, како се брани секоја педа македонска земја. Ова е бестрашен воин, исполнет со ентузијазам за одбрана на татковината.

– ЗАСЕДА ЛИСЕЦ –

22 мај 2001 година околу 19,45 часот, во близина на полицискиот пункт„Лисец“ кај месноста Сидол, во текот на истиот ден за кратко време од страна на албанска терористичка група со минофрлачи повторно беше извршен напад врз македонските безбедносни сили и целосно уништено моторно возило џип „Чироки“, оштетено теренско возило „Хермелин“ и полесно повредени осум припадници на полицијата.

Генерал Ангелов: Бев на чело на колоната заедно со мојот возач Горан во џип „Чироки“, а позади нас се движеше теренско возило „хермелин“ и возило „лада нива“. Бевме 16 луѓе. Владееше тишина. После престелките на Шапка, за миг помислив дека денот заврши... Возевме претпазливо, со поголемо растојание меѓу возилата. Ако едно возило влезе во заседа, другите да можеа да помогнат. Ја поминавме кривината, каде што претходно беа нападнати двајца резервисти. Во истиот миг видов силуета во црна униформа, како поднаведната претрчува под патот. Наредив да закочи и веднаш скокнавме од џипот. Пушката ми беше откочена, со расклопен кундак ...Се фрлив на десната страна од патот. Отворив оган. По конфигурацијата на теренот и насоката во која побегна терористот знаев дека сме влегле во заседа. Точно проценив каде им се позициите. Ова ни ги спаси животите. Ние први отворивме огин. Не им влеговме во линијата на заседата. Добивме психолошка предност пред терористите. Сето ова се случуваше за неколку секунди. Настана жестока престрелка. Фрчеа куршуми на сите страни...

Додека пукав размислував на досегашните искуства со терористите. Кога ќе им возвратевме, тие панично бегаа. Напаѓаа само во заседа. Арно ама, овие, се погодија некои други „учки“. Се прераспоредија и продолжија....Дадов команда сите мои полицајци да се престројат во една линија и да се префрлат на едната страна од патот. Заборавив да споменам, штом влеговме во заседата со РПГ ми го погодија џипот. Почна да гори... а со џипот ми изгореја и касетите од Канго...

Целата битка траеше неколку часа. До денеска никој не знае колку навистина се пукаше. Полицајците ја немаа мојата визија за местоположбата на терористите. Моравме да ги неутрализираме..Се исправив на асфалтот и во познатиот Рамбо стил експлодирав и почнав силно да викам: .... сега ќе видите што ќе ви направат македонските лавови. Муницијата ни се намалуваше, а терористите добиваја помош од свежа жива сила. Паѓаа гранати. Додека пукав постојано известував по радио врска дека сме во заседа... Не очекуваа дека ќе пружиме жесток отпор. Воопшто не земале во предвид дека јас сум таму. Сите полицајци под мојата команда дејствуваа како часовник. Пукаа како да се на тренинг. Сите до еден покажаа како храбро се војува, водени од мислата за доброто на нашата татковина Македонија. Сеуште незнаев дали се работи за поголема операција на терористите.. Кога почна да се стемнува, една сцена длабока ми се врежа во психата. Невообичаено паѓаа премногу гранати,а десно од мене паѓаа и проектили од автоматско оружје... Пак се исправив на коленици и почнав да пукам од колк. Пред мене се најдоа двајца полицајци... Одеднаш почнаа да претаат...

Гледав кон нив и срцето ми застана. Ова ми е еден од најсилните стресови од 2001-та. Буквално пукав над нив. Ја фрлив пушката и како лав скокнав. Заборавив на пукањето и на се што се случуваше. Ги фатив за грб и ги завртев. Полицајците ми прозбореа: Команданте добро сме! На цел глас викнав: Па што чекате, ајде да пукаме!!!.......









Текстот е превземан од Фејсбук страната Македонски Бранители.
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
- Првпат дознав дека терористите на ОНА или УЧК се тренирани од земји-членки на НАТО преку строго доверливи документи.
За да ја поткрепам приказната во тоа време направив интервју со командантот на КФОР, германскиот генерал со четири ѕвезди Клаус Рајнхарт, кој служеше во Косово. Во разговорот, тој изнесе тврдења дека знаел оти некои терористи на УЧК во Косово заминале да се борат на страната на ОНА во Македонија.
Рајнхарт велеше дека НАТО-командантот на Европа му давал наредби да апси вакви луѓе, а кога ќе ги уапсел, речиси истовремено по испраќањето на документите за акциите стигнувале нови наредби, но од највисоко рангираниот американски офицер за Европа, да ги ослободи приведените терористи на УЧК.
Следуваа многубројни интервјуа, како на пример, со сега покојниот поранешен министер за надворешни работи на Холандија, Макс ван дер Штул, како и многумина европски новинари очевидци на дел од тие настани, кои, за среќа, и ми ги дадоа потребните фотографии и видеоснимки за да ги докажам моите тврдења. Ако се сеќавате на нив тоа е фотографијата како борците на УЧК се качуваат во автобус, а се спроведувани од неколку војници што имаа ознаки на американската армија.
ХУБ ЈАСПЕРС, ХОЛАНДСКИ НОВИНАР-ИСТРАЖУВАЧ
Бев сведок на нападт на Арачиново го следевме од базата во Петровец и да Рамковните беа пренесени со автобуси на KBR кои ги возеа Американци цивили кои работеа исто за KBR нашите шофери сите до еден одбија да ги возат.
Првичен план им беше да ги доведат во кампот дури се припремаа шатори, жица за ограда итн. Подоцна сигурно планот им се променил бидејќи сите Македонци искажуваа револт заради таа одлука.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Napadot od nasa strana tecese dobro,ili kako sto vikaat deka stignale samo do prvata kuka ili sredseloto taka nesto..?

Koja bila pricinata poradi koja ne go osvoile za 48 casa ili 24 kako bese ?
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
Napadot od nasa strana tecese dobro,ili kako sto vikaat deka stignale samo do prvata kuka ili sredseloto taka nesto..?

Koja bila pricinata poradi koja ne go osvoile za 48 casa ili 24 kako bese ?
Причина се оние кои и ги извлекоа со автобусите...
Нападот беше страотен ги гледавме хеликоптерите у живо исто и артилерискиот напад е сега не знам како рамковните беа вкопани но со таков жесток напад 100% ќе истакнеа бела застава иако сигурно и на наша страна ќе имаше загуби бидејќи се влегува во урбана средина каде што буквално од секој двор или прозор некој може да запука.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Причина се оние кои и ги извлекоа со автобусите...
Нападот беше страотен ги гледавме хеликоптерите у живо исто и артилерискиот напад е сега не знам како рамковните беа вкопани но со таков жесток напад 100% ќе истакнеа бела застава иако сигурно и на наша страна ќе имаше загуби бидејќи се влегува во урбана средина каде што буквално од секој двор или прозор некој може да запука.
Ти што си бил во тој период ако не е тајна ?

Викаат дека и голем проблем било и тоа што немало координација меѓу МВР и АРМ...би требало да го исчистеле,доколку се употребила полна снага на сите хеликоптери,тогаш беа сите оперативни,и на авионите су-25(не знам дали тогаш имаше забрана,баш во тој период)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom