Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тука имаш и што се паднаа на овој прв колоквиум и општо прашања што се паднале од претходни испити, измешани ми се.а може некој да ги пише прашањата меѓународна од прв колоквиум ако не му е тешко?
Тука имаш и што се паднаа на овој прв колоквиум и општо прашања што се паднале од претходни испити, измешани ми се.
1. Слабости на меркантилизмот, и теорија на Дејвид Хјум.
2. По што се разликува Портеровата теорија од класичните теории?
3. Разлики и сличности помеѓу стоковен контингент и доброволна извозна квота?
4. Зошто контингентот е порестриктивен инструмент од царината?
5. Што се регионални интеграции, какви видови има, и зошто земале замав после Втора светска војна?
6. Ефекти од создавањето на регионалните интеграции?
7. Зошто извозниците прифаќаат доброволна извозна квота?
8. Кои се трите мултилатерални спогодби во СТО и по што се разликува ТРИПС од другите спогодби? Објасни ги проблемите со генерички имиња и географски области.
9. Мултифибер спогодбата.
10.Зошто е задолжително користењето на домашни компоненти?
11.Објасни ја стратешката трговска политика на развиените земји.
12.Статички и динамички ефекти од регионално интегрирање и каде се остварува нето позитивниот ефект?
13.Објасни го ефектот на домашна добивка.
14.Како се преговарало во ГАТТ 47?
15.Што го мачи новиот ГАТТ?
16.Наброј ги спогодбите на ГАТТ и објасни некои од нив.
17.Разлики помеѓу стариот и новиот ГАТТ (47-94), и врз кои принципи била заснована старата ГАТТ. (санкциите, земојделски производи)
18.Основната разлика помеѓу ГАТТ од 1947 и мултилатералните трговски спогодби склучени во периодот меѓу двете светски војни?
19.Што е глобализација и глобализација на пазарите?
20.Зошто е позната Кенедиевата рунда?
21.По што е позната Уругвајската рунда?
22.Интернационализација наспроти глобализацијата?
23.Од што зависи продуктивноста на националната економија?
24.Видови царини, ефекти од номиналната царинска заштита и ефективни царински стапки.
25.Ефекти на царините во случај на економија со голем национален пазар.
26.Ефекти на царините во случај на економија со мал национален пазар.
27.Доброволна извозна квота и САД.
28.Ефект на доход.
29.Ефект врз потрошувачката.
30.Што е царинска унија и заеднички пазар, и што недостасувало за тие да се дооформат во ЕУ?
31.Објасни ги позитивните и негативните ефекти од регионалното интегрирање. Кои од нив се чувствуваат во националните економии на долг рок?
32.Кои се карактеристиките на стратешката трговска политика на развиените земји. Што сметаат тие, кои мерки најдобро влијаат во зависност од карактеристиките на понудата и побарувачката?
33.Кои фактори влијаат на компаративните предности според Рикардо, а кои според Хекшер и Олин? Во што се состои слабоста (ограничувањата) на Хекшер-Олиновата теорија?
34.Што се субвенции, какви видови постојат, и какви ефекти предизвикуваат врз националната благосостојба?
35.Според Портеровата теорија објасни ги факторите кои одредуваат една земја да биде конкурентна на својот домашен пазар и оние кои одредуваат таа да успее на меѓународниот пазар.
36.По што е позната Кенедиевата а по што Уругвајската рунда.
Се плаќа 500 денари ,Колеги ако може да ми кажете колку се плаќа казна за потпис и на која сметка. Еден повозрасен колега ради неприсуство не доби потпис и сега ми бара информации, ама бидејќи не сум запознат реков можеби некој овде знае.
Дан имаш и ти ко мене 4 испити сега во јуни, незнам глата кај ми е.
Па очигледно дечкото не се жали за предмет. Мене на пример ми сметаат несредените скрипти на ебизнис, каде темите се измешани и дури со различен фонт, што значи крпени од повеќе книги а не ми смета што се на англиски. Ме нервираат професори што читаат од презентации, и ме нервирааат предмети што треба да учиш напамет.@AnonymousAS
Аман бе друже, си се разочарал уште од првата година. Не можеш секогаш да положуваш, само храбро и без откажување.
Кажи кој предмет те мачи, да ти дадеме некој совет![]()
Барем добро предава или залудно ќе дремеме таму?Од септември имам менаџмент кај Шуклев, слушам морало да идеш на секое предавање за потпис. Ако не зеам потпис ќе треба само казна да платам или може да прави проблеми и за полагање?