Што претставува крстот и зашто Христијаните го обожаваат?

  • Креатор на темата Креатор на темата kralot
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Договрено: а Ти, за возврат, ќе ми кажеш каде е запишан библискиот рецепт за сарма од свинско месо, завиткано во лозов лист...
Јас повеќе сакам сарма со листови од кисела зелка.
Ако може и за нив да најдат.
 
Класично тролање. Сармата нема врска со христијанството, толкувањето на библијата има.
Покажи ми каде ви е дозволено да толкувате.

Евреите ги имаа фарисеите, закониците и книжниците за толкувачи: види во Лука, 11.52, Лука 11.43 и Лука, 24.45.

Црквата ги има Апостолите за толкувачи: види во Лука 24.45.[DOUBLEPOST=1401365729][/DOUBLEPOST]
Јас повеќе сакам сарма со листови од кисела зелка.
Ако може и за нив да најдат.

Ќе најдат...:icon_lol:
 
Последно уредено:
Евреите ги имаа фарисеите, закониците и книжниците за толкувачи: види во Лука, 11.52, Лука 11.43 и Лука, 11.53.

Црквата ги има Апостолите за толкувачи: види во Лука 24.45.
Лука 11
52. Тешко вам, учители на верскиот Закон, зашто вие го зедовте клучот што ја отвора вратата на знаењето, но вие не влегувате, а оние што би сакале да влезат - ги спречувате!


Негледам ништо кое навестува или одобрува да се толкува писмото. Ајде да видиме другите!

Лука 11
43.Тешко вам, фарисеи, кои сакате да седите на почесни места по синагогите и да ви искажуваат почит по плоштадите!


Ни овде не гледам дозвола да се толкува, само укор на она што православните попови го практикуваат.
Одиме понатаму

Лука 11
53. Додека Исус си заминуваше оттаму, вероучителите и фарисеите започнаа жестоко да Го критикуваат и да Му поставуваат секакви нападни прашања.


Каде е доволата да се толкуваат зборовите на Исус?
 
Научив, ако стихот не му одговара на верникот, тогаш несмее да се интерпретира како што пишува, туку мора да се бара некое значење кое ќе му биде по мерак на верникот.
Дефинитивно ништо не си научил,а без учење нема духовен напредок.
 
Црквата ги има Апостолите за толкувачи: види во Лука 24.45.
Јас прашувам каде е дозволата да се толкуваат зборовите на апостолите?[DOUBLEPOST=1401366398][/DOUBLEPOST]
види во Лука 24.45.
Лука 24
45. Тогаш им ги просветли умовите за да им стане јасно Светото Писмо.

Негледам во случајов никакво навестување или одобрување за да се толкуваат неговите зборови.
 
Каде е доволата да се толкуваат зборовите на Исус?

Прво, научи кои биле фарисеите, закониците и книжниците и све самото ќе Ти се каже...[DOUBLEPOST=1401366515][/DOUBLEPOST]
25. Тогаш Исус им рече: „Ах, колку тешко сфаќате и колку ви е тешко да верувате во сето она што го говореа пророците!

Негледам во случајов никакво навестување или одобрување за толкување.

Лука, 24.45. не 24.25.
 
Прво, научи кои биле фарисеите, закониците и книжниците и све самото ќе Ти се каже...
Знам кои биле. Каква врска имаат тие со моето прашање - Каде е дозволата за вие да ги толкувате неговите зборови?![DOUBLEPOST=1401366777][/DOUBLEPOST]
Лука, 24.45. не 24.25.
Лука 24
45. Тогаш им ги просветли умовите за да им стане јасно Светото Писмо.

Негледам во случајов никакво навестување или одобрување за да се толкуваат неговите зборови.
 
Дефинитивно ништо не си научил,а без учење нема духовен напредок.
Како не, научив дека ако некој поп пее молитва и има кандило со него а пред него случајно се нашла полица со калашњикови, тоа не е благословување на истите.[DOUBLEPOST=1401366907][/DOUBLEPOST]
Кои биле и што правеле?
Еврејски свештеници, кои ја проповедале тората - еврејскиот закон. Каква врска имаат тие со тоа што те прашав? Каде е дозволата да толкувате? Посочи ја.
 
Каде е дозволата за вие да ги толкувате неговите зборови?!

Сам Христос го толкува своите зборови, а Писмото, особено Новиот Завет, е пообемен од самите Христови зборови.[DOUBLEPOST=1401367022][/DOUBLEPOST]
Еврејски свештеници, кои ја проповедале тората - еврејскиот закон..

Книжниците биле свештеници?...
Закониците биле свештеници?...
Свештениците биле свештеници?...
 
Сам Христос го толкува своите зборови, а Писмото, особено Новиот Завет, е пообемен од самите Христови зборови.
Тогаш зошто велиш дека е потребно дополнително толкување?
 
Тогаш зошто велиш дека е потребно дополнително толкување?

Затоа што зборовите Христови се само мал дел од новозавентите списи, а се во контекст од истите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom