Ајде малку подетално да разгледаме...
Детето штом се роди по де фолт е Божје чедо, со само тоа што му е поклонет живот.
Значи дилема не постои, самиот живот е Божји дар.
Е сега би се задржал на тоа дека детето требе да спознае многу работи, а со самото тоа да го спознае и Бог.(едини аргумент за кој можат да се држат атеистите, е дека детето не знае за тоа дека постои Бог и не може да се произнесе и да даде негово мислење)
Како тоа го решиле католиците?
Кај нив не пости само крштенка на дете, нели кај нас Христијаните се прави крштевка додека е мало, и потоа се остава детето на самото себе,само да ја спознае Вистината.
Кај католиците не е така, покрај крштевката, постојат и други ритуали, на 7 и на 14г , во мегувреме детето е обавезно да ја посетува црквата секоја сабота попладне во кои имаат разни активности, во зависност од големината на детето.Значи, како што е обавезна крштевката така се обавезни и другите ритуали на 7 и на 14г, и сето тоа претставува чест за фамилијата.