Прашања до Атеистите II

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Со баба рога и 17те џуџиња. Таман се навикнав на диференцијалниве равенки, донесете нов бушман.
Па не можеш ти да прифатиш еден прост факт...тоа е нормално. Си се декларирал како атеист, си си дал и што е најинтересно такво име на форумов. Нема сила што би те натерала да го поврзеш тоа што е очигледно во случајов, а тоа е атеизмот со материализмот. Тоа е "самоубиство" а егото во основа е реакционо....не се дава за жива глава. :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Гледам јас уште бушмани ќе ми требаат.
Каде бе дете со тој памет? Со глава ѕид не се урива. Уште 1457,7 и пол страници да напишам тебе пак нема да ти биде јасно. Најди една fuckin' дефиниција каде атеизмот има врска со материјализмот. 2793 пати кажано што е атеизам и со што има врска, ама не, не сакаш да прифатиш. Ти си имаш некоја твоја дефиниција за атеизам. Не заради друго, туку за да не прифатиш дека и ти спаѓаш таму. Не бе друже...... не оди така. Прочитај барем нешто што сум пишувал по форумов, не биди толку себевозљубен, та само себе си да се читаш. Читај ги малку, не малку, малку повеќе соговорниците.
 
Тие страници се тука затоа што била моја воља да се тука, и ако некој подгревал ситуација по секоја цена тоа сум бил јас....врати филм малку и види. И нормално од старт прво и основно прашање е потеклото на свеста.....а се друго е булшит, така да не се секирај за мене. Имам јас своја агенда и се си оди како треба :)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Тие страници се тука затоа што била моја воља да се тука, и ако некој подгревал ситуација по секоја цена тоа сум бил јас....врати филм малку и види. И нормално од старт прво и основно прашање е потеклото на свеста.....а се друго е булшит, така да не се секирај за мене. Имам јас своја агенда и се си оди како треба :)
Тешко да си свесен кои одговори ти биле дадени и зошто ти биле така дадени. Повторно таа твоја себевозљубеност. Мисли си како сакаш. Самите одговори за свеста ти се доказ дека не си во право, ама ти не читаш. Се надевам дека е мрза во прашање а не не нешто друго. Добро е што имам респект кон тебе да не употреба некој друг збор.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Тешко да си свесен кои одговори ти биле дадени и зошто ти биле така дадени. Повторно таа твоја себевозљубеност. Мисли си како сакаш. Самите одговори за свеста ти се доказ дека не си во право, ама ти не читаш. Се надевам дека е мрза во прашање а не не нешто друго. Добро е што имам респект кон тебе да не употреба некој друг збор.
Ја не сум тука за да разберам дали сум во право или не....исто така не сум тука за да му докажувам на некого било што. Кажи го себевозљубеност и како сакаш, нема сила што може да ме разубеди затоа што не е ствар на убедување.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ја не сум тука за да разберам дали сум во право или не....исто така не сум тука за да му докажувам на некого било што. Кажи го себевозљубеност и како сакаш, нема сила што може да ме разубеди затоа што не е ствар на убедување.
За што си тука, ниту знам ниту пак ме интересира. Ни живи ни мртви сили тебе не можат да те убедат дека си во право, поради тоа ти и само ти на планетава (и чат пат уште по некој) не сака или не поднесува атеисти па си дава некои си свои дефиниции. Твој проблем, со кој јас немам ништо. Нема да го смени фактот дека не си во право. Терај даље.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
to so bebeto dali e teist ili ateist kako sto gledam vsusnost e trik prasanje:P[DOUBLEPOST=1401176074][/DOUBLEPOST]
Ја не сум тука за да разберам дали сум во право или не....исто така не сум тука за да му докажувам на некого било што. Кажи го себевозљубеност и како сакаш, нема сила што може да ме разубеди затоа што не е ствар на убедување.
se falis deka si narcis:unsure:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog

Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
to so bebeto dali e teist ili ateist kako sto gledam vsusnost e trik prasanje:P
Хе хе...

Ами не го знаат одговорот, на дека ги дувне ветерот, натаму маат.

Еден вака, друг онака, трет трето....
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Хе хе...

Ами не го знаат одговорот, на дека ги дувне ветерот, натаму маат.

Еден вака, друг онака, трет трето....
gurdji odgovor dadoa :P

odgovorija strogo ateisticki deka deteto e po avtomatizam ateist oti seuste nema spoznanie za mnogu drugi raboti.

isto kako sto sprotivniot odgovor se temeli na toa deka stom bebeto se rodi biva poseteno od svetiot duh i avtomatski e bozje cedo.

dva disjunktni koncepta.

nevozmozno da se oceni tocnosta.

zavisi od tockata na glediste.
 
Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
odgovorija strogo ateisticki deka deteto e po avtomatizam ateist oti seuste nema spoznanie za mnogu drugi raboti.

isto kako sto sprotivniot odgovor se temeli na toa deka stom bebeto se rodi biva poseteno od svetiot duh i avtomatski e bozje cedo.

dva disjunktni koncepta.

nevozmozno da se oceni tocnosta.

zavisi od tockata na glediste.
Ајде малку подетално да разгледаме...
Детето штом се роди по де фолт е Божје чедо, со само тоа што му е поклонет живот.
Значи дилема не постои, самиот живот е Божји дар.

Е сега би се задржал на тоа дека детето требе да спознае многу работи, а со самото тоа да го спознае и Бог.(едини аргумент за кој можат да се држат атеистите, е дека детето не знае за тоа дека постои Бог и не може да се произнесе и да даде негово мислење)
Како тоа го решиле католиците?
Кај нив не пости само крштенка на дете, нели кај нас Христијаните се прави крштевка додека е мало, и потоа се остава детето на самото себе,само да ја спознае Вистината.
Кај католиците не е така, покрај крштевката, постојат и други ритуали, на 7 и на 14г , во мегувреме детето е обавезно да ја посетува црквата секоја сабота попладне во кои имаат разни активности, во зависност од големината на детето.Значи, како што е обавезна крштевката така се обавезни и другите ритуали на 7 и на 14г, и сето тоа претставува чест за фамилијата.
 
Гурџи вака. Според мене бебето сигурно не е атеист. Тоа е мое субјективно мислење, како и многуте различни субјективни мислења на атеистите нели.

Бебето откако ќе дојде на овој свет веќе има душа.

Но таа е “чиста”, неизвалкана, и понатаму зависи како ќе се “гради” истата, за да дојде до спасение како што велат Христијаните (рај), или подалеку (пеколот како што вели Христијанството какво што денес го знаеме).

Или како што ти велиш да се искачува скалила нагоре да стигне до Бога, или да се лизне надоле и пепел да се стори.

Значи според мене, се раѓаш со чиста душа, а потоа зависи од тебе (слободна волја) кој пат ќе го фатиш, да се движиш кон Бог, или идеш јабана.

Но, бидејќи ова што јас го кажувам не е целосно согласно строгите правила и закони на црквата (пред се православната), која треба да ја претставува теистичката страна, не можам да кажам дека бебето е таков теист согласно нивните правила и дефиниции.

Односно, бебето е теист, но не во рамките на дефиницијата која е понудена за теизам, уште помалку пак во рамките на дефиницијата за Бог, која е општо прифатена (а тоа е буквалниот опис од светите книги).
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594

Теист во поширока форма е дефинирано како некој што верува дека постои (барем еден) бог.
Кога би имал можност како би го редефинирал теизмот?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Односно, бебето е теист, но не во рамките на дефиницијата која е понудена за теизам, уште помалку пак во рамките на дефиницијата за Бог, која е општо прифатена (а тоа е буквалниот опис од светите книги).
Во кои рамки на теизам? Ај да видиме што е теизам, според тебе за да видиме за што зборуваме.

П.С. Сигурно мислеше на џенем а не јабана, јабана е нешто друго, неколку пати и тоа на подолго си бил ти јабана. :) Еве и другарти Ѓурџи е уште јабана.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Ајде малку подетално да разгледаме...
Детето штом се роди по де фолт е Божје чедо, со само тоа што му е поклонет живот.
Значи дилема не постои, самиот живот е Божји дар.
Дилемата е дали постои бог.
Ако постои бог, ова може да ти држи вода, зависи каков е богот. Ако не постои не ти држи.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Теист во поширока форма е дефинирано како некој што верува дека постои (барем еден) бог.
Кога би имал можност како би го редефинирал теизмот?
Во кои рамки на теизам? Ај да видиме што е теизам, според тебе за да видиме за што зборуваме.

П.С. Сигурно мислеше на џенем а не јабана, јабана е нешто друго, неколку пати и тоа на подолго си бил ти јабана. :) Еве и другарти Ѓурџи е уште јабана.
Сталкерот сам си го даваш до некаде одговорот со следново
Дилемата е дали постои бог.
Ако постои бог, ова може да ти држи вода, зависи каков е богот. Ако не постои не ти држи.
Само треба да се корегира твоево дека всушност нема дефиниција за Бог. Твоево е напишано поаѓајќи од фактот дека не постои Бог, па наметнуваш дилема за неговата постоење како поблаг облик на дискусија.

Бидејќи ова е философско прашање кое го опфаќа теизмот како егзистенција на Бог, мораш да тргнеш од фактот дека постои Бог, во спротивно бесмислено е прашањето, како што наведов погоре. И се после тоа е бесмислено.

Всушност проблемот е дефиниција за Бог.

Ако го симнеме сето ова, ниво подоле, односно тргнеме настрана дефиниција на Бог, и го поврземе теизмот единствено со егзистенција на душа, во чеовекот, имаш одговор дека бебето е теист.

Ова би било слично на муабетот со теорија на еволуција. Не ме интересира како настанало прво множество праклетки (нек аму ја мисли абиогенезата), ама знам дека од тогаш наваму еволуција има.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom