Големо невреме во Скопје!

  • Креатор на темата Креатор на темата HoLfElDeR
  • Време на започнување Време на започнување
Покрај се останато уште ова ни требаше ... гледам слики на нетов од автомобили кои пливаат во вода кај стоковна куќа Мост како кајчиња а и што било тоа во Ново Лисиче коли пропаднати во земја ??
 
Кој не ако не твитер...Враќај чамците! :pos:
 
Daj go ke svrsi rabota :D za veslo ke zemam taa packata za ajvar praenje :D

Sent from my Vodafone Smart II using Tapatalk 2
Ќе ти го пратам по Глобко или Карго Експрес :D Импровизирај со мешалката за ајвар како весло.
 
Од пола саат врнење.

Од
пола
саат.

Не правете драми ко преј фор Скопје :pos: и не припаѓајте во несвест за „поплавава“ ниту е како Србија ниту е како Босна, туку е фактот што канализацииве ни се од турско и не се ни отпушени ни прочистени ама тоа е кога актери и налик нив ти се кандидираат за градски татковци. Во нормален град ова вечерва немаше ни вирче да направи.

Земјотресов беше страшно и е едино што ме плаши од ситуацијава, почна малце па засили, е тоа ако не удри како што сме трусно подрачје е тек тогаш ќе биде збирајте се селани.

....па и во турско канализацијата функционирала подобро, скопскава канализација не функционира во нормални услови, а не пак при пороен дожд....битно Амди Бајрам го ожени внук му
 
Мене ме градот ме затекна на улица
Ударите во глава од градот се болни... Едноставно не знаев што да правам и трчав накај дома. Можеби требеше да чекам да преврне
 
Де бре луѓе, вие како да сакате поплави и земјотрес да има..... на сета мака во Скопје вие си се зезате......


Моето Скопје... :(
 
Мал дожд, одма полавени улици :pos: Па уште прават слики PrayforSkopje :tapp: Да си функционира канализацијата ќе немаме гајле :)
Не е така, не може такво невреме а да не остаи поплави по улиците, џабе имаш канализации кога нема каде водата :)
 
spored toa sto go vidov na vestite losa e rabotata,ne e malku voda
 
добро е на никој паметен не му текна да каже дека следи уште еден посилен земјотрес ... обично тренд е тоа на паничарите !!!!
 
За пензионериве ќе имало орагнизиран турнир кајак на диви води, учество бесплатно награда за најдобриот стан на 7ми кат:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom