Сталкерот
Резидентен космонаут
- Член од
- 5 јуни 2012
- Мислења
- 5.762
- Поени од реакции
- 7.594
Во право си за дефинициите. Затоа и ти ја пишав онаа за атеизам.Кратка, јасна и прецизна.Во различни временски периоди и општествени околности, има и различни дефиниции за термините. Не знам колку на човека треба да му е досадно за да измислува топла вода во непродуктивни дискусии за дефиниција на термини и основи на филозофијата, за со цел на крај да извлече некој аха момент со слаба дедукција.
Гледам поназад сте дискутирале дали некој на кој не му е предизвикано неговото отсуство на став или верба, на пример кај децата, се смета за атеизам. Без да навлегувам во тоа, не ја гледам целта, само ќе повторам што кажав погоре: Атеизмот е отсуство на став, ете нека биде и верба или знаење за постоње на богови.
Од другата страна имаме постоње на верба за постоење на еден или два или повеќе богови, кое се дефинира како теизам. Ако некој потоа сака и понатаму да си го дефинира присуството на став, било да е потивен или негативен, колку му е силно или слабо, може да воведува и други термини, гностицизам, агностицизам, апатеизам и слично.
Јас колку што знам вербата е еден од можните ставови кои може да се завземат. Тоа ја прави вербата еден од елементите на множеството ставови. Повеќе од јасно е дека не е исто.