Здраво.
Пред неполна година се дружевме со една девојка, 2 години помала од мене. Беше август месец, се договоривме да испаднеме на кафе. Муабетот си течеше најнормално, во супер атмосфера.. Штосот е тоа што, после тоа ја прашав дали сака да прошетаме, се согласи. Заминавме во паркот продолживме да се смееме да разговараме и се си беше океј, ми кажа дека си поминала прекрасно. Но после таа вечер девојчето олади, не беше истата како и претходно. Беше ладна спрема мене и као демек засакала некој друг.
Океј, шо е тоа е. Рече дека остануваме пријатели. На фб не пишувавме како пред тоа секојдневно, смс ова она. Се до пред некој ден, кога самата она ми пиша. Демек ме видела во град и се допаѓал мојот стајл бла бла бла.. Почна и муабети од видот, се сеќаваш ли колку убаво ни беше тогаш, навистина убави времиња кои би сакала да се повторат... Не знам што да правам сега, дали да пробам повторно или овој пат јас да оладам... Некој совет?!