Секс школо

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Мислиш на инстикт ?! Па не знам ми е страв дека ја закашкам работата.

Абе сеа не можеш ни порно ѕвезда да изиграваш од прв пут затоа ти викам, не се замарај, гледај ќејфот ти самиот на себе да си го напраеш :D :D
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Значи вака имам 18 години и сеуште сум невин. Досега имам одбиено два сексуални односи бидејќи немав презерватив при рака. Моментално сум активен член на Црвен Крст - Македонија, доволно сум запознат за незаштитениот секс и неговите послединици и од страв да не закачам некоја болест ги одбив тие два сексуални односи. Но утре излегувам на вечера со една девојка и бидејќи сум ќе бидам сам дома планирам да ја доведам кај мене дома, а таа бидејќи лудува по мене знам дека ќе прифати. Овој пат ќе работам со презерватив.:) И сега ми се потребни совети и искуства за да не се посрамотам бидејќи не сум сигурен дали и девојката е невина и неискусна. Најпрвин ме збунува оваа фотографија
бидејќи доколку работам во вагината нема никаков допир со клиторисот па се прашувам како таа ќе сврши ?! Колку време треба предигра ?! Дали треба да и го вшмукувам и да и мастурбирам на клиторисот ?! Од каде да знам дали таа мене сака да ми ја голтне течноста и дали тоа се прави со презерватив ?! Дали да работам во аналниот отвор и дали со тоа ќе и пружам задоволство ?! Дали девојките од кога ќе свршат можат да продолжат со секс ?! Колку пати машките можат да свршат при секс ?! Дали е исто свршувањето при секс и свршувањето при мастурбација ?! Знам дека на порно филмовите пенисите му се со надпросечна големина но мојот е 15,2 цм дали е мал, голем или просечен ?! Колкав пенис сакаат девојките ?! Спрема вас која е најдобра поза ?! И за на крај : Што после сексот ?!

Ај вака, колку што јас знам.

Постои клиторален и вагинален оргазам. Со други зборови, има начин таа да сврши и ако не ѝ го допираш клиторисот за време на сексот. Некои велат дека вагиналниот не постои кај секоја жена, а клиторалниот 100% пали... Јас мислам дека тоа е индивидуално. Ако жената *сака* да сврши, ќе сврши (макар и самата се почешала по клиторисот ако треба). Плус тоа, секоја жена знае дека не смее да си дозволи нејзиниот партнер да знае повеќе за нејзниото тело отколку таа самата; со други зборови, таа би требало да знае што ја возбудува.

Предигра - нема правила колку треба да трае. Оној момент кога ќе почувствувате и двајцата дека ви се сака, тоа е моментот да преминете од предигра на секс. Бидејќи ти е прв пат, може да ѝ кажеш дека сакаш да ѝ го истражиш малку телото со по можност нежни допири (и можеби бакнувања и лижења). Таа потоа нека го истражува твоето тело (може и прво таа тебе па ти неа, сеедно). Тоа би било добра предигра.

Ако мислиш дека вшмукувањето и мастурбирањето на нејзиниот клиторис ќе помогне, направи го тоа. Тоа би спаѓало исто така во предигра. Кај некои девојки тоа може да биде премногу интензивно, па можеби ќе треба да олабавиш на тоа, но тоа не е правило. Во принцип, ако знаеш да си играш со нејзиниот клиторис, тоа би требало многу да ја напали.

Ако користиш презерватив, целата твоја течност ќе заврши во него. Презервативот е направен за да *не* се шири твојата течност наоколу, така што тешко веројатно дека ќе ти ја голтне течноста со него. Ако баш сака да ти ја голтне, треба да ѝ свршиш во уста, ама тоа се прави без презерватив и на начин при кој треба да ѝ се поставиш таму непосредно пред моментот на свршување. Тоа може да го правите кога сте спремни да имате бебе, бидејќи секогаш без презерватив тоа е можно да се случи. Дали на 18-19 години си спремен да бидеш татко е твоја одлука, а веројатно ќе треба и неа да ја прашаш, дали е спремна да раѓа, во однос на тоа колку години има.

Постои анален оргазам, ама повторно не кај сите девојки. Пак сметам дека е индивидуално. Ако работиш со аналниот отвор, прво и основно таа мора да е свежо измиена, за да не работиш со фекалии. На сите места се збори дека сè што е поврзано со анална работа се работи со презерватив и исклучиво со согласност на девојката. Со други зборови, треба неа да ја прашаш дали сака да ја анал-изираш.

Жените во принцип може да имаат повеќе оргазми отколку мажите. Можат и мажите, но кај нив тоа се прави со посебен тренинг; целта е да го имаат оргазмот, а да не ејакулираат. Бидејќи жените во принцип не ејакулираат (постои т.н. сквиртање, т.е. женска ејакулација на течност, но тоа е ретко), не се трошат толку многу при сексот и можат повеќе да издржат од мажите. Бидејќи имаш 18 години и си во полна сила (претпоставувам и таа е некаде толку возрасна), би рекол дека колку што тебе ти се сака, таа ќе може да поднесе. Значи, нема никакви ограничувања.

За мажите, сум читал дека при една *сеанса* од секс, може да оргазмираат до 7 пати, пред да ејакулираат. Но тоа го можат само врвните мајстори. Целта е да се задржи ејакулацијата за време на оргазмот, за да се зголеми интензитетот на следниот оргазам. Ова се прави со тренинг и може за ова да прочиташ повеќе на Интернет или по книги.
Традиционално, сеансата завршува кога мажот ќе ејакулира и тогаш е потребна пауза од околу половина час, додека мажот повторно собере сила (бидејќи кога мажот ејакулира, ја предава својата суштина, своето семе, својата ДНК - со други зборови, се дава себеси, а тоа му ја зема енергијата). Потоа може да продолжите во следната сеанса. Колку пати ќе можете во една вечер е само ваша индивидуална работа и нема никакви правила. Ако умееш повеќе пати да оргазмираш во една сеанса, уште подобро.

За мажите нема некоја разлика во свршувањето при секс и при мастурбација. При сексот е веројатно попријатно зашто пенисот ти се наоѓа на топло и влажно место, што возбудува повеќе. Дополлнително, возбдува и погледот на партнерката, како и нејзе ѝ е пријатно. Да не зборуваме и за тоа дека сексот ќе ве зближи повеќе. Со други зборови, сексот е секогаш подобра опција отколку мастурбацијата, но повеќе психолошки и емотивно, додека физички нема некоја разлика.
За разликите кај жените мислам дека е подобро да се изјаснат жените.

Женската вагина ќе се прилагоди на секој пенис што ќе ѝ влезе. Со други зборови, единствено што треба да те интересира е дали воопшто девојката ќе сака да те прими; ако сака, секоја должина ќе ѝ биде прифатлива, а ако не сака, 100 cm ќе ѝ бидат малку. Со трети зборови, размислувањето околу должината на твојот пенис е залудно потрошено време.

Најдобра поза е онаа којашто на двајцата ви се допаѓа. Истражувајте, менувајте пози во текот на сексот. Тоа ќе ве зближи повеќе и ќе дознаете што сакате. Нема ограничувања, нема правила.

После сексот е најдобро да лежите гушнати и да си зборувате. Веројатно е добро да се одбегнува прашањето „Како беше?“. Подобро е да се збори за нешто конкретно, на пример „Многу ми се допадна кога ________. А тебе?“, зашто на тој начин ќе може да научите еден за друг што сакате, а што не. И тоа уште повеќе ќе ве зближи.
Нема некое правило, но јас сметам дека еден секс е запознавање, два секса (во различни денови/локации/итн) се веќе врска. Со други зборови, ако сакаш да ја видиш повторно девојката после сексот (и таа тебе) и сакате тоа да го повторите, ти веќе ќе влезеш во врска со неа (тоа подразбира и дискусии, можеби кавги, заеднички излегувања во кино/театар/итн, вечери, подароци, годишнини...). Затоа, биди спремен на тоа. Со други зборови, ако после сексот со неа сакаш да имаш секс и со друга девојка, знај дека тоа ќе треба да ѝ го кажеш во лице - заслужила толку почит од тебе. Макар и ако еден секс не претставува врска, претставува меѓучовечки однос и комуникација и треба да биде отворен и директен.

Поздрав и со лесно.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
За мажите, сум читал дека при една *сеанса* од секс, може да оргазмираат до 7 пати, пред да ејакулираат. Но тоа го можат само врвните мајстори. Целта е да се задржи ејакулацијата за време на оргазмот, за да се зголеми интензитетот на следниот оргазам. Ова се прави со тренинг и може за ова да прочиташ повеќе на Интернет или по книги.
.
Не можам да разберам како може да имаш оргазам, а да не ејакулираш?
Дај фрли некоја референца за ова да прочитаме какви тренинзи треба да има.
Можам да се воздржам пред оргазам и продолжам сексуалниот чин, ама оргазам без ејакулација кај мажи не сум разбрал.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Не можам да разберам како може да имаш оргазам, а да не ејакулираш?
Дај фрли некоја референца за ова да прочитаме какви тренинзи треба да има.
Можам да се воздржам пред оргазам и продолжам сексуалниот чин, ама оргазам без ејакулација кај мажи не сум разбрал.

Еве три:

http://www.shedoesthecity.com/how_to_orgasm_without_ejaculating

http://health.howstuffworks.com/sexual-health/sexuality/tantric-sex-dictionary5.htm

http://endlessman.com/have-orgasms-stop-ejaculation/
 
Член од
27 декември 2013
Мислења
14
Поени од реакции
5
пред некој ден со еден другар кој правеше годишнина од врската ми раскажуваше за поминатата ноќ со девојка му и сакале да имаат секс ( и двајцата се невини ) според неговите кажувања, но другарчево пред да и го стави му спаѓал пенисот ... и беше загрижен за тоа дека нема да може да има секс ... па ваши мислења зошто тоа така му се случило
 
Стрес. Мисли дека „мора“ да ѝ го стави и тоа го пренасочило дотокот на крвта од пенисот и отишол во мозокот (т.е. многу мислел).

Никаков проблем нема, само треба да се опуштат повеќе. Никој не ги гледа, никој не ги суди, не го прават тоа за никого друг освен за нив самите.
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
пред некој ден со еден другар кој правеше годишнина од врската ми раскажуваше за поминатата ноќ со девојка му и сакале да имаат секс ( и двајцата се невини ) според неговите кажувања, но другарчево пред да и го стави му спаѓал пенисот ... и беше загрижен за тоа дека нема да може да има секс ... па ваши мислења зошто тоа така му се случило
Една година одат и се немаат истресено??Тешко на тоа девојче.тешко кур да види додека со овој оди..
 
Член од
27 декември 2013
Мислења
14
Поени од реакции
5
Една година одат и се немаат истресено??Тешко на тоа девојче.тешко кур да види додека со овој оди..
Поточно не е година туку повеќе од една година ама дали таа не му даваше или како незнам важно таман да започнат со односите му се случи тоа што го наведов
 
Член од
5 ноември 2013
Мислења
4
Поени од реакции
1
Ќе ве замолам за малце помош.
Кога имам односи, често ми се случува да ми испадни кондомот поради тоа што пенисот ми е малце
потесен во обем од стандардната ширина на кондомите.
Барав во многу аптеки потесни кондоми, но нема нигде. Чаре???
 
Член од
14 декември 2011
Мислења
96
Поени од реакции
115

Во аптеките има само кондоми со стандардна односно само со една големина. Би требало да бараш во секс-шоп (може и на нивните интернет страници). Ако најдеш нешто кажи :) Малку е тешко кај нас да се најдат ама... надеж.
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Дечки, ми треба помош. Со дечкото идеме околку 6 месеци и сеуште сме немале односи... јас имам некоја фобија, имаме и предигра и се ама кога ќе дојде до главново се повлекувам мислам дека мускулите ми се грчат и стегаат од страв....кога ќе подвлези чувствувам болка а кога ќе ми стави прст или два не , влегуваат слободно. Е сега предходно велеше дека имало некое тесно дупче, а сега дека го немало повеќе. Дали тоа значи дека сум скината и нема да ме боли или..?
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Дали и на некој друг му се дешава кондомиве да не му го "збираат" цел,односно да стига некаде до пола,или нешто повеќе од пола и надоле едноставно нејќе..? порано од страв,со прсти ширев па некако идеше до доле,ама ме стегаа ептен и мислам дека не ми течеше крв од тоа цврстото ластиче :D али и прочитав дека така е лошо да се прави,пошто влагало воздух внатре и можело да дојде до пукање на кондомот у сред секс...сега го оставам така,некаде после пола,ваљда нема нешто лошо ?

сум ги пробал класик,џинс,розевите,овошните...и со сите сум имал исто проблеми,а најдобро од сите ми било со розевите но сепак имав проблем..
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.063
Поени од реакции
36.661

Па имаш разни големини на кондоми , зимај поголеми. Машала машала , треба да се радуваш што не го збира. :icon_mrgr:
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Па имаш разни големини на кондоми , зимај поголеми. Машала машала , треба да се радуваш што не го збира. :icon_mrgr:
Нигде неам видено дека пишува за големина...обично зимам во продавница,тобако,маркет,бензинска..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom