Прашање за Христијанството III

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Не сум постел,но јас само го пренесувам толкувањето на библискиот строг пост без храна и со малку вода,според науката.Додека ова како што го прикажуваат православните свештеници за пост ,всушност не е ни најмалку пост,бидејќи воздржувањето од месо,млеко и јајца,тоа е само вегетаријанска исхрана.Доколку е така,тогаш оние што се вегетаријанци цел живот,би биле најголемите испосници.
Црквата одредила како да се пости. Ние не сме евреи туку Христијани. Досега не сум видел општи халуцинации за време на Велигденски и Божиќни пости по нашиве градови и села. Тоа што наведуваш ти не се однесува за Христијанство. Погрешна тема си избрал! Постот не е само во воздржување од храна.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Епа ако е независно, што го мешаш учењето на црквата со науката?! Што се мешаш и негираш нешто кое воопшто нема никаква врска со црквата?
Има дебела врска со Црквата, и тоа како, но Твој проблем е ако не можеш да видиш.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Tоа се вика ХАЛУЦИНАЦИЈА,постот го истоштува организмот и мозокот нема доволно храна,освен тоа како помошно средство се користи некоја халуциногена супстанција според Библијата во Стариот завет тоа најчесто се користело растението Мандрагора кое има силни дејствија.Втора работа е тоа што Христијаните според својата догматика гледале такви суштества,ангели,серафими го гледале Исус Христос и Богородица.Сигурно не гледале некои други Богови од Индискиот Пантеон,не општеле со некои други духовни суштества кои нивната наука не ги познава,па ниту некогаш им дошле на ум.
Халуццинацијата е за екстремните фантазери налик Летко!

Сигурно нема да го видат Индиските Пантеон бидејки не постоји!

Светителот се јавува на одреден достојник и со одредена цел.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако тврдиш дека постојат две логики, и дека духовната нема врска со оваа другава, зошто врз основа на таа ваша духовна логика градиш негациски став кон нешто кое е донесено по пат на заклучок кој нема врска со таа ваша духовна логика?
Или можеби непостои никаква духовна логика, туку тоа ти е изговор да се извадиш кога немаш одговор, а несмееш да прифатиш нешто кое ќе ја сруши твојата илузија?
Црквата не гради негациски став кон секое научно вистинче, туку точно посочува која научна „вистина„ е прифатлива, а посебно посочува која е тешка лага и опасна по живот.
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Ја насочуваш дискусијата во друг правец точно е тоа дека со подвигот во верата се усовршуваме.

но не одговори зошто не можеме да ги гледаме демоните што не искушуваат и ЗОШТО?

Се разбира дека Бог е творец на телото но на Адам но на нивните потомци е на природата!
Одговорив! Оние кои ќе се удостојат преку пост, молитва и општење со Бога да бидат ослободени од човечките нагони и страсти го гледаат тоа што ти веќе наброја претходно. Земи прочитај православни ѓитија на светци или старечник па ваљда ќе ти се подразјасни.
Сакаш да кажеш дека само на Адам и Ева Бог ги создал телата а не на останатите? Грешиш!!! Не си Христијанин ако ти е таков погледот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Има дебела врска со Црквата, и тоа како, но Твој проблем е ако не можеш да видиш.
Ако нешто нема допирни точки, тогаш нема ни поврзаност. Ти зависно од тоа како ти одговара, еднаш тврдиш дека одредена работа е духовна логика, и затоа изгледа апсурдно, но многу брзо тоа го забораваш, па таа духовна логика, која нема поврзаност со оваа обичнава, ја користиш за да прогласиш за лага и невистина нешто кое воопшто нема врска со "духовни логики".[DOUBLEPOST=1400793212][/DOUBLEPOST]
Црквата не гради негациски став кон секое научно вистинче, туку точно посочува која научна „вистина„ е прифатлива, а посебно посочува која е тешка лага и опасна по живот.
Тешка лага е онаа, која однапред одлучува што смее а што не смее да биде исходот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако нешто нема допирни точки, тогаш нема ни поврзаност. Ти зависно од тоа како ти одговара, еднаш тврдиш дека одредена работа е духовна логика, и затоа изгледа пасурдно, но многу брзо тоа го забораваш, па таа духовна логика, која нема поврзаност со оваа обичнава, за користиш за да прогласиш за лага и невистина нешто кое воопшто нема врска со "духовни логики".[DOUBLEPOST=1400793212][/DOUBLEPOST]
Тешка лага е онаа, која однапред одлучува што смее а што не смее да биде исходот.
Ипси,

Твојата неможност (ај да не кажам некој потежок израз...) да ги гледаш нештата и духовно и рационално, секое од нив по својата природа, навистина не е мој проблем...[DOUBLEPOST=1400793360][/DOUBLEPOST]
Тешка лага е онаа, која однапред одлучува што смее а што не смее да биде исходот.
Исходот (Судот Христов..) сеуште не е случил, така да сеуште има(ш) време, нели...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Испи,

Твојата неможност (ај да не кажам некој потежок израз...) да ги гледаш нештата и духовно и рационално, секое од нив по својата природа, навистина не е мој проблем...
Проблемот итекако е твој, бидејќи ти го користиш "духовното" како изговор да го негираш рационалното.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
А секое суштество не се состои и од енергија?
Инаку да, и понатаму мислам дека, ако постојат овие суштества (како што ги нарече) тие се само енергии.
Енергијата е одраз на суштеството според неговата природа. Затоа имаш човешка енергија, ангелска, демонска, Божја... Тоа е исто како да кажеш дека фрлањето топка у вис (човечка енергија) може да влијае на промената на демонската природа (обид за обратен пример од оној на демоните за обземање). Не е логично!
Последица а не причина. работата е човечка енергија (возење кола, тролање, трчање), додека ангелите делуваат на поинаков начин од луѓето. Енергијата сама по себе не постои без оној од кого произлегува (човек, ангел, демон, Бог).
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Исходот (Судот Христов..) сеуште не е случил, така да сеуште има(ш) време, нели...
Не на тој исход, туку на оној што не е прозвод на вашите фантазии.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Е ми, кој е тој отфантазиран исход?
Исход кој се добива по пат на научен метод, без предходни очекувања што треба да биде истиот. Објективен и достапен за секој да може да има увид, базиран на знаење а не на слепа верба.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Одговорив! Оние кои ќе се удостојат преку пост, молитва и општење со Бога да бидат ослободени од човечките нагони и страсти го гледаат тоа што ти веќе наброја претходно. Земи прочитај православни ѓитија на светци или старечник па ваљда ќе ти се подразјасни.
Сакаш да кажеш дека само на Адам и Ева Бог ги создал телата а не на останатите? Грешиш!!! Не си Христијанин ако ти е таков погледот.
Ти рече дека преку подвигот во верата ги добиваме духовните очи,во ред како и да е!
Дали тоа значи дека ние што не можеме да ги видиме не сме ослободени од човековите нагони или бадијала општиме со Бога,бидејки не можеме да се удостоиме со виденија? односно немаме духовни очи ТАКА?

Хм.А како им се појавуваат наведи барем еден пример во форма итн...?

Пред да ме обвиниш дали сум Христијанин или сум еретик и зошто грешам барем да кажеше некој факт,мислење зошто?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom