PIRATIC
diplomiran klozetar
- Член од
- 26 јануари 2012
- Мислења
- 7.854
- Поени од реакции
- 6.497
На овие простори ите-како одредени стереотипи не само што постојат туку дури веќе и треба се урамат ...факт е и тоа го тврдам дека особено младината не се познава меѓу себе. И мислењето едни за други им е изградено врз основа на некоја медиумска или политичка пропаганда. Од една страна на Албанците постојано им се сервира приказната за голема Албанија и тоа дека Македонците ги мразат а од друга страна пак на Македонците им се сервира дека секој Албанец е криминалец и нелојален граѓанин на државата. Тоа се работи кои треба да се надминуваат и луѓето треба повторно да се зближуваат как ошто било на овие простори пред 20 или 30 години.
Како размислува рандом Македонец ... Србите ни се брача пошто иста религија сме, со Бугарите сме иста религија ама батали ги тие се грди Татари и фашисти, Грците абе маме им .... не ни признаваат име не блокираат али убаво моренце имаат за да се истера едно одморче лете, Албанците па тие се сите до еден планинци, терористи, инцестни, племе, смрдат на лој, сечени, криминалци, шверцери, дилери ... факт е дека просечниот Македонец размислува вака ... постојат исклучоци ама просечниот Македонец размислува вака или пак воспитан е од семејството или пак од блиската околина да размислува така, а притоа непознавајќи воопшто лица Албанци !
Како размислува па просечниот рандом Албанец, Србите и Македонците се Словени дојдени од зад Карпатите овде и ни ја зедоа територијата не окупираа плус се и каури/кафири а не Муслимани мора да ги исчистиме и вратиме назад во Русија ... да на интернетов имам прочитано сигурно до сега неколку десетици коментари напишани од Албанци и тоа луѓе со име и презиме(фејсбук на пр.) кои ова отворено си го пишуваат, отселување на Србите и Македонците назад како што пишуваат во Русија ... но исто и кај нив некој во глава им ги бута овие ставови уште од мали дали родителите/семејството, наставниците, верските лица можеби, околината ...
П.С. Овие простори ќе си останат такви какви што се на ист степен се додека овие стереотипи без разлика дури и да има вистина како и невистина во нив и кај едните и кај другите не се искоренат во целост а ќе се искоренат ама после подолг временски период, во блиската иднина многу тешко да видиме такво нешто ... да се надеваме дека со развојот на науката, технологијата, електрониката, да се надеваме дека и со образованието, еманципацијата и отфрлањето на религиските догми некогаш во иднина ќе се изгубат овие стереотипи и граѓаните ќе престанат да се мразат и делат на вакви и онакви а со самото тоа ќе прекине и насилството или барем ќе се доведе на многу понизок степен !
Да бидеме малку пореални ... ниту некој(Македонската страна) може на сила да уништи или протера половина милион Албанци од Република Македонија ниту пак некој(Албанската страна) може да го изврши истото врз нешто повеќе од еден милион Македонци во оваа земја ... дури и смешни и детски се коментарите во кои се спомнуваат гасни комори и сл. методи за Ш...... како и коментарите за некакво иселување на цели народи од Балканот назад во Русија или незнам каде ... ваквите коментари и од едната и од другата страна не водат никаде !