- Член од
- 22 декември 2011
- Мислења
- 353
- Поени од реакции
- 210
Мое мислење е дека буквално се потекнува од власта, односно мувливе од коалициони партнери. Сеат омраза и поделби затоа што националистички пораки се дел од политиката на популизам, и ете до кое дереџе дојдовме поради нив. Таков им е дискурсот - Кичево е наше, Струга е нивна... сакаме 62 пратеника едните, сакаме консензуален претседател другите... Мизерии. Воопшто не ме ни чудат фашистичките гадости што ги изначитав овде кога ќе се создаде таква атмосфера. На сето тоа придонесува и селективниот пристап на полицијата која го толерира албанскиот криминал и насилство низ земјава за да не го налути партнерот. После нема доверба во системот, па нема бе батка, има незадоволство само, и луѓето на крај ќе ја земат правдата во свои раце и ќе казнат невини луѓе, ко што се случи во Ѓорче. Потоа тие невини луѓе кои биле обични чесни и лојални граѓани, на кои им било згрешено ќе застанат на екстремната страна од кај нив, и ќе казнат нови невини луѓе од нашата. И така до недоглед во круг... Власта и само власта е виновна за ова. Наместо да се постави како власт на сите граѓани и да вложи напор на интегрирање на албанциве во општеството и декриминализирање, на нив повеќе им одговара да ги гетоизираат и да ги пуштат да ги прават нивните срања, затоа што затуцаното гласачко тело нели нема многу да му се допадне искрен позитивен пристап и пружање рака кон племето. Е ама тука лежи зајакот, сегашната власт не работи на долги патеки, а за да се сменат работите потребен е долгорочен план, и искрена политика и кампања за етничко помирување. Они гледаат како да ги добијат следните избори, и ништо повеќе. Се додека Груевски и Ахмети ќе ја држат власта во оваа држава, ќе се случува ова, а нив тоа им одговара.